Луѓе.
Полека, не се расправајте и не се инатете.
Постојат неколку работи кои треба да се разјаснат, па потоа да се дискутира.
Значи конкретно, дискус хернија е дијагноза. Под дијагноза се подразбира здравствен проблем. Просто дискус хернијата претставува пукнат диск помеѓу пршлените кој притиска на нервите и ствара болка. Значи треба да си ВУДУ за да успееш да го спречиш тоа или да го излечиш.
Едноставно тоа може да се одстрани со хируршка интервенција која е многу опасна и комплицирана, а потоа треба долго време за опоравување.
Оваа дијагноза не се лечи едноставно, но затоа со помош на физикална терапија може да се стопира, и да се намалат болките.
Шинка, Туран, Али, Благоја од Прилеп итн итн се луѓе кои работат, но работат со изместени пршлени, штипнати нерви, бла бла бла итн итн.
Многу опасно е некој да ве третира од нешто, а да не погледне РТГ снимка. Тоа може да биде фатално.
Затоа не си играјте со здравјето!
Јас сум бил кај Благоја, три пати, да, користи медоди со кои ке ти намести кичма, ке те раздрма со струја (онаа истата и на физикална која ти ја пуштаат), ке те премачка со масти и ке добиеш масажа.
Сепак после третиот пат, повторно имав болки...
Ме оправи, не викам не, но сепак решив да одам на физикална терапија.
Одев 15 дена, и искрено 70% по терапијата бев подобар...
Терапијата е препорачливо да се прави на пролет и есен, кога ишијалгијата е најосетлива заради временските промени.
Значи одете било каде, но сепак претходно направете барем една РТГ снимка...
Без тоа немојте да ризикувате.
Ова е моја препорака.
Вие како сакате.