Во изминативе две недели можам да потврдам дека во 100% од нашето искуство, новиот систем (на закажување на прегледи од кај матичниот лекар до "наводните специјалисти"), НЕ ФУНКЦИОНИРА и НИКОЈ НЕ ГО ПОЧИТУВА!!!
Прво јас бев пратен на ехо преглед во Неготино кај "Др" дрн дрн јариња. Закажаниот преглед требаше да се случи во 13,00, докторот не беше на неговото работно место, не се појави до 13,30 и немаше намера да се појави. Јас изреагирав кај сестрата дека треба од 14,00 да одам на работа, на што сестрата зачудено ме праша - И, што да направиме сега? Па да се јавите на докторот да дојде да ме прегледа како што е закажано... Патем, за преглед патував 15км во еден правец, што нормално ме кошта пари и време!
Второ, моментално мојата сопруга се наоѓа во Скопје на претходно закажан преглед на кожниот доктор во 11,00 часот. Таму и рекле дека докторот кој е наведен во упатот бил претходниот ден дежурен, другиот доктор кој требало да дојде на замена исто не бил тука, не знаат зошто... трет доктор требало да дојде во 14,00 но немало никакви шанси да ја прими од причина што бил на одделение... лудница!!!
И било кажано на сопругата да дојде во Четврток... како да е толку лесно...
Сопругата загуби ден од работа - загуби дневница + загуби надомест за редовност од причина што не е денес на работа + дневен трошок од 1000 денари... кој ќе ни ги врати парите што ги загубивме денес???!!!
Зошто се зема приватен телефон и се вметнува на упатот??? Зошто не се јави некој да откаже???
Која е таа самоволност и дрскост од неспособните ретарди кои се нарекуваат доктори???
Какво е ова безредие???
Нема потреба да го менуваме името, нит да чуваме идентитет.
Дајте нека не поделат и сите директ у ментална институција, не сме за на друго место...