Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1614871 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34295
  • Таков е животот... јебига
Затоа викам, општо да се подигне се на повисоко ниво...Па макар на ниво од екс бившите ЈУ простори!!!

Хмм... добро звучи, ама никој повеќе не дава неограничено кредити на 100 години со мачкање очи и невраќање на истите. Иначе на косово стандардот е скоро дупло бољи. Цените се исти како кај нас а јас не познавам никој со плата под 500 евра. таму јавната администрација зема просек од 300 евра плата и секој ја избегнува. Затоа во Косово има дупло повеќе фирми отколку во Макдонија кои функционираат..... што во голема мера се должи на тоа што никој не плаќа даноци ниту ебава држава. Секој се снаоѓа како може и плодовите од истото си ги задржува за себе. А кај нас треба да се осмелиш и да те натегнат на колец.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Доктор треба да зема плата по излечен пациент.


****************************************


Пр. за докторите:
На колега татко му воедно и тој колега изгоре целосно, мн. мали беа шансите да преживее, но за среќа преживеа.
Преку син му докторите нарачуваа сакаме торта од канела 40парчиња, кока кола, нес кафиња.
Другиот ден му викаат на детето, абе тортава немаше 40 парчиња. Ае пак нарачувај торта и ред др. работи да не наведувам.
Цело семејство под стрес, потресени, незнаат дали ќе преживее... Не се запрашуваат дали тие луѓе имаат пари да плаќаат лекување а камо ли да прават нарачки како ќе им текне сакам ова сакам тоа.

Кога слушнав муабетот за тортата, сакав јас да им нарачам три торти и отров за глувци да има ставам  па нека лапаат нека се ситат.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Дечки како прво,ДОКТОРИТЕ НЕ СЕ БУНАТ ПРОТИВ НАПЛАТА ПО СРАБОТЕНО,во светот има 3 такви системи кои функционираат и немаат ништо против да биде исто и кај нас,било кој од тие системи. И тоа е кажано пред цела јавност.
Проблемот е што кај нас повторно се бута криминално решение.На некои доктори со 500 интервенции во една општина му се крати од плата,а на некој во друга општина со 250-300 им се додава на плата. Во неретко зависност од политичката определеност на лекарот,и во зависност од тоа кој ја има локалната власт.

Како второ,не си прајте филмови дека докторите зимаат големи плати(Фаланга далеку си од реални цифри).
Доктор штотуку вработен не зима повеќе од 18-20000,а оние со стаж од 15-20год зимаат преку сила 24-28000.А професорите (помалце од 0,1% од целиот медицински персонал во земјава) можат да стигнат до повисоки бројки,повторно недоволни за целата одговорност што ја носат.

Како трето,дали знаете дека според закон мора да посетуваат семинари,курсеви,предавања итн, кои носат бодови со цел да им се продолжи лиценцата,да не останат без диплома. Тоа знае да кошта подоста.

Driver-r -- Тоа што преживеал велиш чиста среќа,а? Епа немој да си пошол на лекар никогаш,ако имаш среќа арно,ако не....

Рибата смрди од главата
Почнавме да не ги почитуваме учителите и наставниците на нашите деца, да не ги почитуваме службениците во државни установи, да не ги почитуваме докторите, да не ги почитуваме луѓето општо. И што е најлошо, нивните претпоставени (министри, заменици, државници) го поттикнуваат истото со некои безвезни потези. За жал, деградацијата на општествените вредности е прогресивна работа и тешко се спречува. Мора да се промени начинот на размислување, уште од самиот вров на пирамидата.





Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Присутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Има гооолема разлика од "доктори" до ДОКТОРИ.
Факт е дека државата ни ја водат погрешни луѓе. Дали овие биле или биле старите, тоа ќе си остане така, се додека не дојде кадар кој знае што да прави. Не може економист да министер за здравство. Не може тип што е едвај 3та година на фак. да биде министер. Не може истиот тој тип да му држи предавања на човек кој има 5 пати повеќе искуство на тоа поле, а и му е професор на факултет.
Не може доктор штотуку вработен, гинеколог, да работи како невролог.
Не може секоја болница и амбуланта во државава да се распаѓа.

Ама затоа може да се дадат 10 000 евра за златни гаќи и за бронзени муда на коњот на А.Македонски.

Не вреди да се прави муабет. Некои работи треба да се сменат од корен. Само се прашувам кога овој народ ќе се свести и ќе се крене да се прекине ова... Претпоставувам никогаш.

Присутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Јас да те исправам дека за нив 20 000 е смешна плата. Ова од прва рака ти кажувам бидејќи добар дел од мојата фамилија работи во здравствотото. Вујна ми, вујко ми, брат ми и можам да кажам дека вујна ми е најслаба со плата од нив тројцата а зима 26 000 со тоа што сега ќе магистрира и ќе зима сигурно уште 3000. А не е ни докторка па сега ти рачунај.  

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
cuoresportivo166
Не ме разбра.
Да не биле парите, частењата да се обрне повеќе внимание кон пациентот.....

Присутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Има гооолема разлика од "доктори" до ДОКТОРИ.
Факт е дека државата ни ја водат погрешни луѓе. Дали овие биле или биле старите, тоа ќе си остане така, се додека не дојде кадар кој знае што да прави. Не може економист да министер за здравство. Не може тип што е едвај 3та година на фак. да биде министер. Не може истиот тој тип да му држи предавања на човек кој има 5 пати повеќе искуство на тоа поле, а и му е професор на факултет.
Не може доктор штотуку вработен, гинеколог, да работи како невролог.
Не може секоја болница и амбуланта во државава да се распаѓа.

Ама затоа може да се дадат 10 000 евра за златни гаќи и за бронзени муда на коњот на А.Македонски.

Не вреди да се прави муабет. Некои работи треба да се сменат од корен. Само се прашувам кога овој народ ќе се свести и ќе се крене да се прекине ова... Претпоставувам никогаш.

А кој треба да биде министер? Доктор? Да како да не!
Моментално тодоров е најдобриот министер кој здравството некогаш го имало.

Присутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Здравството никогаш немало добар министер, ниту пак ќе има во блиска иднина. Он може е најдобар до сега, ама е далеку од добар. Испод мира, триста вира.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Би сакал Кими да ги појасни феномените од светски размери кои ги предизвикува најдобриов министер,бидејќи никаде во светот нема вака (КАТАСТРОФАЛНО) организирано здравство. И ако не е тајна кажи колку год имаш?
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Доктор треба да зема плата по излечен пациент.

Многу погрешно...
Ако почнат овака, има сите да одат на квантитет, и има и тоа малку што е останато квалитетно да го снема...

За другото си у право..
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Пардон, моја грешка, Тодоров е правник мислам.

Присутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Резултатите што ги постигнува со тековните ресурси и капацитети останатите може само да ги сонуваат. Не велам дека состојбата во здравството не е очајна но ќе беше далеку полоша да се продолжеше со истото темпо.

И тодоров е правник но многу повеќе човекот е менаџер а тоа е работата на еден министер.
Инаку имам 20 години но тоа и не е така важно. Важно е дека знам што и како се работи во кабинет на министер многу подобро од сите вас. И верувајте така да се работело и порано состојбата денес немаше да биде ваква.
Што ако директорката на штипската болница исто ја знам ама за неа можам да кажам дека е нула како директор и затоа веројатно ќе биде скоро и сменета.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
А кој треба да биде министер? Доктор? Да како да не!
Моментално тодоров е најдобриот министер кој здравството некогаш го имало.

се согласувам.. но не е она што треба да биде, ама сепак, до сега е нај добар... меѓутоа и по редот на правилата, тодоров треба да си ги изигра своите адути, да го направи она што тој пред него неможел а ни тој после него не би можел... значи низа една, како ланец со алки...  едно без друго не иде, а заедно прават целина.. здравството требаше и мораше од поодамна да истрпи сериозни промени, а тоа во моментов и се случува иако со преголемо брзање... а мора да се брза, зашто се касни со промените... а пак кога се брза, се прават грешки нели? е сега, биди човек, имај доблест и корегирај ги истите брзо...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Ако Тодоров е добар министер за здравство, барем една амбуланта, БАРЕМ ЕДНА ке личеше на амбуланта...
Ова е распадотина...Гад да ти е да влезеш во клинички центар...Уште мајка тереза го прекрстија од Клинички...Требаше можда Мајка Македонија да го крстат или Здружени Клиники на Александар и Филип Македонски...
Дај бе не тролајте...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Абе едноставно човекот за се го бива, и за образование ,и за здравство,и за правосудство.

ЕДИТ: НИКОГАШ порано немало толку високи давачки за здравствено осигурување.Значи моментално и здравството и државата имаат многу,многу поголеми буџети од било кога досега.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson