Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1615052 пати)

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Се се тоа манипулации бе... какви резултати. Донесе демек апарати за дијализа, се направи врева , најдобар си браво...
Скришно ги вратија, мораа парите за златни гаќи да одат.

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7514
Абе ми се иде да се самозапалам на плоштад.

Немој :) Ако веќе  дојде то такво решение...

http://en.wikipedia.org/wiki/Zvezdan_Jovanovi%C4%87

Пукај на кој стигнеш... шо ги ебеш, сечи ги од корен ;D;D;D   :D :D :D

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Резултатите што ги постигнува со тековните ресурси и капацитети останатите може само да ги сонуваат. Не велам дека состојбата во здравството не е очајна но ќе беше далеку полоша да се продолжеше со истото темпо.

И тодоров е правник но многу повеќе човекот е менаџер а тоа е работата на еден министер.
Инаку имам 20 години но тоа и не е така важно. Важно е дека знам што и како се работи во кабинет на министер многу подобро од сите вас. И верувајте така да се работело и порано состојбата денес немаше да биде ваква.
Што ако директорката на штипската болница исто ја знам ама за неа можам да кажам дека е нула како директор и затоа веројатно ќе биде скоро и сменета.


А да ти препишам некои прашања од неколку страни уназад па да се дрзнеш да ги одговориш тука пред сите, така како стручно лице што работело во кабинет на министер?

EDIT: Уствари сега видов дека си 20год(незнам како испуштив), а веќе си работел во министерски кабинет, и после ние тука дискутираме за состојби вакви-такви, ваму-таму.

ГОСПОД НЕКА НИ Е НАПОМОШ!
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Абе едноставно човекот за се го бива, и за образование ,и за здравство,и за правосудство.

ЕДИТ: НИКОГАШ порано немало толку високи давачки за здравствено осигурување.Значи моментално и здравството и државата имаат многу,многу поголеми буџети од било кога досега.

Да не заборавиме кој во образованието ги воведе државната матура, бесплатните учебници и задолжителното средно образовение и проверка на реалноста на оцените. Тоа се 3 огромни промени кои тодоров ги имплементираше за кратко време.

Сега ми текна на уште една новина а тоа е електронскиот систем на МОН за стипендии и сместување во студентски домови каде рангирањата се вршат компјутерски. Ее и уште една новина претходниот министер плаќал 5000 евра на приватна фирма за одржување на веб страната работа која двајцата ит специјалисти на мон ја извршуваат без проблем кога тодоров беше министер.

Јас не работам во кабинет на министер лошо си ме разбрал. А за да одговорам ќе треба прво да прашам освен ако се работи за некое глупо прашање.

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
Него кога сме на темата за способноста на докторите, што правиме ако некој даде погрешна дијагноза? На пример каже дека пациентот има рак и толку му е од животот и нема лек... Да се помират со тоа.

И после операција во една приватна клиника кај нас, еден доктор успее да отстрани се како што треба, го спаси човекот и успат констатира дека ракот, односно туморот бил бенигнен??

Зависи со која метода утврдил првиот доктор дека станува збор за малиген тумор. Патохистолошки или ... ? Значи само на тој начин може да се утврди со сигурност дали туморот е малиген или бениген. А вториот пат дали од оперативен материјал е откриено дека туморот е бениген??? И како се нафатил вториот лекар и покрај тврдењето дека е иноперабилен туморот, да го отвори пациентот и да му го отстрани туморот??? :D


Зини да ти кажу.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Back on topic.

Да те тераат да работиш со закани, и за безпари,и тоа да дежураш???
http://a1on.mk/wordpress/archives/67006

EDIT: Кими кога ќе имаш нешто друго да кажеш освен да ги препрочитуваш рекламите од МТВ,слободно. По самото твое размислување дека правник од 30-тина години треба да управува здравствен систем ми стана јасно со кој си имам работа.
« Последно менување: 30 Ноември 2012, 01:02:45 am cuoresportivo166 »
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Абе едноставно човекот за се го бива, и за образование ,и за здравство,и за правосудство.

ЕДИТ: НИКОГАШ порано немало толку високи давачки за здравствено осигурување.Значи моментално и здравството и државата имаат многу,многу поголеми буџети од било кога досега.

Да не заборавиме кој во образованието ги воведе државната матура, бесплатните учебници и задолжителното средно образовение и проверка на реалноста на оцените. Тоа се 3 огромни промени кои тодоров ги имплементираше за кратко време.

Сега ми текна на уште една новина а тоа е електронскиот систем на МОН за стипендии и сместување во студентски домови каде рангирањата се вршат компјутерски. Ее и уште една новина претходниот министер плаќал 5000 евра на приватна фирма за одржување на веб страната работа која двајцата ит специјалисти на мон ја извршуваат без проблем кога тодоров беше министер.

Јас не работам во кабинет на министер лошо си ме разбрал. А за да одговорам ќе треба прво да прашам освен ако се работи за некое глупо прашање.

Немој не ме радуј! Не е убаво кога се кажуваат работите како што се напишани на хартија. Оди прошетај во Гоце и види колку од сместените се студенти :)
Државната матура е еден огромен неуспех не само за Тодоров туку за сите вклучени. Субјективна е пристрасна и крајно не фер спроведена. Пластично кажано важат двојни стандарди.
Не сакам никој да ме етикетира политички заради тоа што не сум поврзан со партија, меѓутоа полошо државно управување сме немале дооолго време. Срамота е министер да има 30 години што видел тој од проблематиката? Како напредувал професионално од факултетска клупа дирекно во кабинет?
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Back on topic.

EDIT: Кими кога ќе имаш нешто друго да кажеш освен да ги препрочитуваш рекламите од МТВ,слободно. По самото твое размислување дека правник од 30-тина години треба да управува здравствен систем ми стана јасно со кој си имам работа.
Тоа... обрати внимание во развиените европски држави, какви луѓе ја водат државвата. Сите политичари се магистри, доктори, интелектуалци над 50 години кои имаат искуство.
Факт е дека за да успееш во државава моментално, треба да имаш книшка, а како се води државава и тоа ти е малку...

А тоа за учебниците... ги пишуваат роднини на министри, неписмени, буквално неписмени...

Btw. Ми текна на предлог до владата, а ништо чудно тоа и да се случи некогаш- Да се укине буквата Р од азбуката, зашто и така пола влада не може да ја изговори. :)

Отсутен dragan87k

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
Тодоров ако бил толку добро образуван и способен ке бил министер за правда или некоја друга висока позиција која е поврзана со правото.Не може правник да ги разбира проблемите и во образование и здравство а не пак да ги "средува".Со тоа што дал ит"специјалисти" од МОН да ги средуваат сместувањата и стипендиите тоа е за тој да има контрола над списоците,односно неговата партија.Тоа пак што половина од вработените во МОН не знаат македонски е исто негов успех.А инаку во гоце до пред две години имаше многу вработени од државна администрација кои не се од скопје.Оваа година се многу малку а и они имат запишано некој факултет за да добиват места.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
И додека повеќете од населението не се задоволни со плати од 20 000 денари шо ќе рече еден доктор кој зима незначително повеќе.

Wohoooo!!!! Error Bluescreen!!!

Доктор зема во просек 31.000 денари. А повеќето од населението зема во просек пола од тоа. Па сега ти види.


Според мене минимална плата на доктор треба да биде иста како на судија во основен суд, односно 42 000 денари.




Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4398
^ малце погоре,околу возраста на министерот.ви текнува на некој саглам постар министер со 50-тина години во изминативе 20 години,па да земеме дека не треба некој со 30+ да биде министер?

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Ајде малку да се убацам и јас во темава, со моето скромно искуство со Македонскиот здравствен систем.

Повеќето знаете, ама еве ќе објавам јавно - јас сум дијабетичар, зависен од неколку дневни дози инсулин. Дијагнозата ја добив брзо и ефикасно на клиниката за Ендокринологија и благодарение на докторката Крстевска, многу брзо ми го донесоа шеќерот под контрола. Јеј!

Меѓутоа, бирократскиот хаос кој се случува е обесхрабрувачки. За јас да направам тромесечна контрола, треба да одам кај матичен лекар да земам упат (изгубен еден ден), па да одам на клиника да чекам на ред (во неверојатна гужва) за да ми го заверат тој документ, да платам некоја ситна партиципација и да чекам пак за да ми земат крв (изгубен уште еден ден), па да одам пак по една недела, за да си ги земам резултатите, и да се консултирам со докторката (која можеби е, можеби не е во амбуланта тој ден, или да ја барам на клиника - изгубен уште најмалку еден ден). Значи, јас губам три дена за да направам нешто кое можам да го направам во Систина за 15 минути (проверено) и 1500 денари.

Екстремно сум благодарен за поедноставувањето на процедурата за земање инсулин. Од Декември, не треба да одам по рецепт за инсулин секој месец. Да се потсетиме - дијабетесот е хронична и неизлечува болест. Нема логика да одам по рецепт секој месец за некоја работа која без разлика на се, ќе ми треба до крајот на животот. Сега ќе треба да одам на контрола во центарот за дијабетес еднаш годишно, и да си завршам работа за целата година - екстремно полесно и попрактично. Благодарам и за бесплатниот инсулин - сигурно ќе кошташе многу пари да морав да го платам!

Од друга страна, мора да се поработи на основната култура на докторите и медицинскиот персонал. Сум се изнаслушал мал милион пцовки и некултура, сум се изнагледал арогантно однесување и поставување на докторите кои се однесуваат како да се богови. Со сета почит до докторите (која ја имам енормно многу, спасувате животи побогу!), но едноставно мора малку покултурни да бидете со вашите пациенти, и да имате малку повеќе трпение. Јас разбирам дека сте преоптоварени со работа и дека не ви е до лепо понашање, ама никој од тие луѓе што дошол кај вас не дошол заради тоа што сака да дојде, туку заради тоа што мора да дојде, и расположението им е веќе никакво. Малку треба за да му го разубавите денот на човек со проблем. Едноставно, не може 18-20-годишна медицинска сестричка (намерно пишав „сестричка) на мојот 68-годишен татко да му се обраќа со „ти“, а да не праиме муабет за полошите работи.

За стручноста на докторите нема да коментирам. Сум бил сведок и на стручни, и на нестручни доктори. Стручноста се стекнува со искуство, а за жал искусните доктори веќе ги има се помалку и помалку. Од друга страна, не ни сакам да помислам каков е притисокот да може потенцијално да се спаси човечки живот, и каква е одоговорноста и какви се последиците кога нема да успеат да спасат живот и ќе изгубат пациент.

И едните и другите се криви. Рибата смрди од главата, се слагам со тоа, но според мене - СИТЕ треба да поработат малку, за на сите да ни биде МНОГУ полесно и поубаво.

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 378
  • ? ? ?
За јас да направам тромесечна контрола, треба да одам кај матичен лекар да земам упат (изгубен еден ден), ...

Не разбирам зошто да губиш ден кај матичен лекар  ??? Мојот матичен лекар е дел од приватна здравствена установа, каде никого не познавам. Кога ми треба нешто, му се јавувам, му кажувам спреми ми упат за таму и таму, после работа ќе поминам да го земам. И толку, ни ден, ни бутур...

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Јебига, матичниот ми е срање, ама ми одговара пошто е во иста зграда со диспанзерот за инсулин. :)

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 378
  • ? ? ?
Секое зошто има и затоа  :)