Докторите се уназад со години незадоволни од работата на овој систем. Убаво си кажа не пратиш.
Знаеш колку обиди за штрајк се успешно угушени со уцени и инсталирање на неписмени партиски идиоти,минимум по 1-2 годишно.
-Има персонал на кој со години уназад не им се исплаќани придонесите и платите во целост без никакво образложение,како во државниот така и во приватниот сектор(а после 5год немаш право да си ги бараш).
-Мала ли фама се крена кога поставија по двајца директори на клиника,иако докторите предупредуваа дека никаде во светот не постои такво нешто?
-Мала ли фама се крена кога докторите зборувааа дека клиниките неможе да функционираат секоја за себе посебно,глупости а?
-Малку ли пати излегуваа докторите од Охридската болница да се жалат дека немаат услови, и на крај се сруши болницата па одат да се лечат у Струга,во 21век незнам колку години немаат основни одделениа
-Не си фатил на ТВ камери како снимааат покиснати тавани,разрушени и мувлосани ѕидови,знаеш шо значи да работиш во такви услови,недај боже да си дежурен,не не му е потешко на болниот тој ќе излезе за некоја недела и ќе заборави се.
-Знаеш колку современи и исправни ренген апарати има низ државата,за компјутери да не ни спомнувам?
-Кога излегоа да прашаат каде одат странските донации во вид на апаратура и сл,некој се запраша?
-Знаеш дека некој што нема појма од лекови(економист,вториот директор) треба да одлучува кои лекови ќе се користат,цената на лекот е побитна од здравјето.
-Ако препишеш друг лек одма се обвинува докторот дека соработува со некој,иако и самиот пациент признава дека само тоа му помогнало
-Мина времето кога за дијагноза беше доволно стетоскоп и огледалце,си сака опрема и материјали,дополнителни обуки,семинари,курсеви итн...
До утре сабајле можам да ти ги редам,какви примери сакаш-такви.
А за приодот оцени сам според примерот што ти го поставив погоре... Преку 800анализи месечно,и плус заглавување секој ден до 5-6 па дури има испади кога може и до 8-9, дали на предавања,испити,колоквиуми,вежби,управни состаноци и така натаму... И НА КРАЈ -20% од плата,многу инспирирачки делува нели.
Докторите многу прашања поставуваа,ама нема кој да одговори, уствари Латас го кажува решението и тука завршува цела приказна.