јас до сега сум бил кај туран точно 3 пати. на нозе ме има враќано инстант... пошто работам физичка работа (кревање радијатори, солари и клими е релативно тешка работа)и како таква знае да ми зезне кичма-грб и тоа инстант да паднеш да неможеш да станеш, а камо ли да одиш.. за работење ни муабет да не правиме. рвиот пат нормално отидов по болници, ме маткаа на снимања дрн дрн дрн, ме издупеа со инекции и апчиња и по 5-6 дена абер да се немало да се исправам макар, врзан за кревет и еден бастун што го имам од дедоми... по препорака отидов кај туран и тоа тогаш работеше двократно. од 9 до 13 и од 15 до 19ч. прво легнување на маса, ми рече: ЌЕ ВИКАШ И КЕ СЕ ДЕРЕШ АМА АКО, ЗАТОА ИМАШ УСТА И ГЛАС... кога ме фати некако, кога сум се раздрал мислам дека стаклата му испукаа... да не дужам.. првиот ден точно 75 минути лежев на креветот... има 3 кревети внатре. јас бев на тој до прозорот. на секои 6-7 минути влагаше и на различни места стискаше.. после 1 саат ме натера да ги кренам рацете, нозете и главата наназад за да види нешто. пак ми искрцка и истегна нешто, ме остави и на крај дојде и пак нешто стискаше со лактови и со палци... после 75 минути лежење ми вика ај стани, ја за бастумот се фатив а он ми го шутна... И ВОАЛААААА.. не дека не ме болеше ама можев да трчам... ни на сон не сум верувал дека такво нешто може да се сулчи...
5 јебени денови неможев да дишам, влечејки се по државна а нашиве лекари ми поставуваа разно разни дијагнози меѓу кои имаше и еден кој муабетот го почна со “ќе те сецнеме тука од десната страна“...
после вкупно 9 идења (понеделник-среда-петок) ни болка ни бутур... и тогаш и ми рече, ова ке ти биде проблем зашто како дете веке си ја ебал кичмата... и точно е, како дете ја ебав кичмата... не кревај премногу тешко... е ај не кревај, кога тоа ти е работа... и нормално по некое време пак ми се деси... на 4 лазејки од објект право у комбе и правец кај него, на оправање...
а да.. одоколу-одоколу ке те испраша и што работиш. знам за многу луге што им помогнал и на терапија ги средувал, и денар не им земал... значи и со усул е... не е човек што по секоја цена сака пари да ти земе... инаку да, учен човек е, анатомија на тело ја владе, во турција има учено и медицински факултет има завршено, а и по белиов свет ебавал сојки работејки го истово... има направено и измислено крема за сунчање со ПХ фактор 100, значи тотална блокада и на сите зраци од целата гама на топлотни зраци... и не ја дава пошто зашто форумулата... рече он тогаш... 1 милион им ја понудив на џонсонс и на бекутан... нека размислат имам ја време за чекање, не ми е нож на грло... луд човек, одлепен до даска, ама има знаење огромно...