Почитуван докторе, @Ordevski
Се надевам дека сте добро и дека ви поминува денот мирно и пријатно. Доколку не ве пречам, би сакал да ве прашам нешто поврзано со вашата пракса.
Имено, ме интересира: дали стоматолозите се должни да ги истакнат цените на своите услуги јавно, во ординацијата или друг видлив простор? Дали постои некаква законска обврска или регулатива што го наложува тоа?
Ви благодарам однапред за одговорот и за вашето внимание.
Почитуван Џимни.
Да, постои законска обврска за истакнување на минимални цени кај докторите што имаат договор со фондот. Тие цени ги опфаќаат само предните заби од 3 до 3, за бочни заби фондовски се покриени само амалгамски пломби. Ако те интересира нешто повеќе, слободно прашај 
Убав ден и тебе, и ако боли некој заб, стави повеќе ракија 
Sent from my SM-S928B using Tapatalk
Ти благодарам на одговорот, што правиме со тоа, ако некој од докторите нема истакнато дали при пријава мора да го стори, и дали ќе сноси последици; и ако ДА под кои потпаѓа?
Која е процедурата за отворање стоматолошка ординација? Дали може човек, кој не е стоматолог (доктор), да отвори ординација при тоа да вработи стоматолог и сестра? Дали постојат права како при отворање фирма, или со стоматологијата е посебно?
Да чукнам во дрво се ратисав од заби и болки, нема последни 20 години, буквално само отидам да видам деколтето и како се држи докторката и два три реда муабет да си направиме, и нормално она што што ме следува — ГРАТИС, како преглед кај избран стоматолог си зима пари за тоа имам право и обврска да си искористам, друго применувам стари методи за одржување на заби, кои покажале дека се многу поефикасни и поздрави, со оглед на напредната медицина.
Треба да се провери во министерство за здравство за управителот, но мора да има тим од доктор и сестра. Има правила што секоја стоматолошка ординација да ги исполнува, квадратура, опрема итн. која ја проверува комисија од МЗ, па издава дозвола за работа.
Дали е во ред три пати годишно да се проверуваат џебовите на забите? Не знам како стручо се нарекува, но мислам на она 'џебно буричкање'. Исто така, на кој начин може да се избегне болката при таква џебна проверка на жлебовите?
Зависи од состојбата на непцата, индивидуално е, се проценува спрема пациент, животни навики, хигиена... Грубо, препорака е еднаш до 2 пати годишно.
За болката, некој ја трпи, некој не го боли, некој е екстра осетлив. Но, колку поздрави непца, толку помалку болка.
Sent from my SM-S928B using Tapatalk