@Ordevski Да, вадев умник горе десно, докторката во уредот ми рече малецок заб мн. Мал и чиста рана нема потреба ни од антибиотици ни конци,само плакнење хигиена.. ме натера да дувам немаше ништо.
По два три дена заминав Грција на одмор, таму на своја рака почнав да земам амоксиклав,чисто превентивно пошо настрана од дома да нњ се задеси нешто. Како што врвеа деновите пример до пола време земање на антибиотикот бев океј, втората половина почнав да кивам неконтролирано и да ми течи вода од носот цело време.
Ај реков што и да е ќе покријат антибиотиците секако ги пијам, со тек на време престана кивањето. По некоја недела поча тука да ме фаќа болка одма десно од носот и зад умникот, ми беше шубе да не не е затворен отворот, отидов на болница на максило, докторот исто ме натееа са дувам и гледаше со џамче, рече дека нема ништо и ме препрати на уво нос и грло.
Таму докторката ме виде само и ми рече малце си потечен, оди снимка направи и врати се, кога се враќљв со снимката заминуваше на операција го прочита само резултатот и ми рече терај немаш гајле,пиј серапептазе.
Неколку пати се враќав на контрола ама беше на оперљција докторот цело време, потоа и мене ми смири и реков јеби га поминало.
Ама не, од минатата недела по неколку испиени пива и цигари наредното утро неможев да гледам од болка зад окото и тука десно на носот, смири по два дена, отидов да прошетам на планина и таму не можев назад да се вратам од непријатно во носот.
Извадив упут итен, не се погоди првичната докторка, се погоди некој трет доктор што дошол од Охридска болница, само ме виде од далњку со тоа ко клешра пола секунда ми рече црвено е внатре и ми ја даде терапијата.
Не дека сум коркач за бол,апчиња/антибиотици, меѓутоа овде прочитав еден куп нус ефекти од кој голем дел се долготрајни и иреверзибилни. Голем дел во врска со мускули и нервни завршетоци, а сум лечел долго време кичма, долго време врат, сум примал некои такви лекарства, сум имал тендонитиси и сл. Повеќе од тие причини ми е што во делот кај што пиши да не се земаат ако, или да се консултира лекар пред, се пронаоѓам во некои од работите, а никиј ништо не ме прљша за ова.
