Вака, малку подолг пост можда ама ме интересираат искуства...
Пишав погоре за татко ми што имаше болки и првен му најдоа на ехо камен, па кила и слични глупости. Беше 3 пати на ехо од кои 2 пати на приватно во Велес кај Панче Арсов (на кој не му се работи последниве 5,6 години) и кај некој проф. др. Климе од Кисела Вода, на приватно секако. Двајцата не ги бивало за свинска, па да ги посочам да си знае некој ако има проблем, да си знае.
Болките станаа многу големи па закажав преглед во Систина. Го ставија на ехо и само што почна со ехото, докторот го остави и му рече "Ти не си за ехо, ти си за хоспитализација". Така и бидна, Петок беше тоа, му пуштаа инфузии за да контролираат болки. Направен КТМ и резултатите, тумор на дебело црево. Пау, гром од ведро небо.
Бидна операцијата во најдобар ред, се одстрани делот, го пуштија пред 4 недели и сега е добар татко ми, јаде, пие, шета, вози и сл.
Чекавме резултати од парчето, се потврди канцер, но фала му на Бога што било на почеток најдено и успешно одстрането и исчистено. Така рече докторот денес на втората контрола.
Потребно е да се примат 5,6 хемотерапии на онкологија, со нив ке почне веќе од наредна недела здравје.
Во меѓувреме се читаше, распрашуваше по луѓе и слично, па дојдов до некои природни и вештачки работи кои помагале за таа работа, па ме интересира дали имал некој искуства со истите.
Прво, се работи за "козлец", лек што го прават во манастирот Хиландар Света Гора. Контактирав со отецот, ми потврди дека го користат за тоа и дека го прават сеуште.
Друго, замрзнат сок од пченица - спелта. Најдов дека го прават во Србија со лиценци некои, но најдов и овде во Виница.
Трето, ми рекоа треба да го зајача организамот за да ги издржи полесно терапиите.
Дали некој имал искуство со оваа подмолна работа или? Секое инфо би ми било значајно.
Благодарам, поздрав.
Нека е со помин само, и дај боже да не се враќа.
Лани во април, јас бев операиран од карцином на дебело црево, 2А стадиум. Примав 8 циклуси на таблетарна хемотерапија, и од тогаш само редовни контроли. За време на примањето на терапијата, не пиев ништо повеќе од тоа што морав, битно е само да му е јак имунитетот.
Првите 3 месеци по операција е битно да пази на исхрана. Мора да ограничи, ако сакаш ќе пробам да ја побарам и целата листа на исхрана мене што ми ја дадоа (знам дека не треба манџи, особено не со запршки. без риба. без жолчка од јајце. без полномасно сирење, да избегава тесто и леб итн итн).
После третиот месец полека - полека може да си се враќа на нормална исхрана, постепено да воведува една по една работа, и да обрне внимание дали некои од тие работи сега му сметаат (киселини, грчеви во стомак и слично).
Хемотерапијата е макотрпен процес. Обично е еден циклус на 21 ден. Таблетарната е малку полесна, ама подолго се прима. Ако оди со венска терапија, пократко трае, ама е потешка за поднесување. По мое искуство, првиот и вториот циклус ми беа најтешки (таблетарна). Нон стоп вртоглавици, нон стоп гадење, брзо заморување и слично. После втората у принцип организмот се навикнува, и се понормално и понормално се функционира.
За време на терапијата битно е имунитетот да ти е на највисоко ниво, витамини и слично. Ако добро поднесува, не мора да се мачи со ништо алтернативно.
Ако го праќаат на ПЕТ скен, ќе треба со време врски да фаќаш, зошто листата на чекање знае да е долга и до 6 месеци - година. А у Систина е соленко.
Кај кој доктор е на Онкологија? Генерално сите се добри, самиот процес со чекање и малтретирање таму е мачен, ама мора да помине.
Нека запазува контроли редовни на време, тоа е најбитно. Посебно првите 3 години.
Нека е со лесно само и нека поминува.
Ако можам било како да помогнам или посоветувам, стојам на располагање.