Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1606874 пати)

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6001
Некој шо е у Грција?
Капки едни од аптека да земи,ги нема во МК.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3868
Aj nazdravje 😬

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Ауч. Со лесно!

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Aj nazdravje 😬
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Едно ќе ти кажам како форумски совет - кога ќе ти го извадат гипсот, немој да одиш кај слепци масери на физикална терапија. Обавезно оди на лекар за да не останеш со ограничени движења цел живот.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Ти ја исправија, истргаа?
Кај мене беше обратно свиткана и радиусот скршен, кај тебе е улната?

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3868
Ja namestija, vo ohrid vo kostozglobna bev, racunam si ja znaat rabotata bi trebalo da sredat kako sto treba.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Не знам да читам снимки најдобро, ама без гајле ќе имаш цело движење на зглобот, на физикална ќе се среди, кај мене можи полошо беше, мала работа сум ограничен, во смисла шампион во гимнастика тешко, ама се друго е нормално.

И не, пак не можам да го предвидам времето.   ;D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Со помин Роци!

Јас сум цел деформиран кога истргав на 3-4 пати лигаменти. Место да ми ги наместат, директ во гипс. Сакат сум 25 години.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5315
  • Пиши лаже
Вака, малку подолг пост можда ама ме интересираат искуства...

Пишав погоре за татко ми што имаше болки и првен му најдоа на ехо камен, па кила и слични глупости. Беше 3 пати на ехо од кои 2 пати на приватно во Велес кај Панче Арсов (на кој не му се работи последниве 5,6 години) и кај некој проф. др. Климе од Кисела Вода, на приватно секако. Двајцата не ги бивало за свинска, па да ги посочам да си знае некој ако има проблем, да си знае.

Болките станаа многу големи па закажав преглед во Систина. Го ставија на ехо и само што почна со ехото, докторот го остави и му рече "Ти не си за ехо, ти си за хоспитализација". Така и бидна, Петок беше тоа, му пуштаа инфузии за да контролираат болки. Направен КТМ и резултатите, тумор на дебело црево. Пау, гром од ведро небо.
Бидна операцијата во најдобар ред, се одстрани делот, го пуштија пред 4 недели и сега е добар татко ми, јаде, пие, шета, вози и сл.

Чекавме резултати од парчето, се потврди канцер, но фала му на Бога што било на почеток најдено и успешно одстрането и исчистено. Така рече докторот денес на втората контрола.
Потребно е да се примат 5,6 хемотерапии на онкологија, со нив ке почне веќе од наредна недела здравје.

Во меѓувреме се читаше, распрашуваше по луѓе и слично, па дојдов до некои природни и вештачки работи кои помагале за таа работа, па ме интересира дали имал некој искуства со истите.

Прво, се работи за "козлец", лек што го прават во манастирот Хиландар Света Гора. Контактирав со отецот, ми потврди дека го користат за тоа и дека го прават сеуште.
Друго, замрзнат сок од пченица - спелта. Најдов дека го прават во Србија со лиценци некои, но најдов и овде во Виница.
Трето, ми рекоа треба да го зајача организамот  за да ги издржи полесно терапиите.

Дали некој имал искуство со оваа подмолна работа или? Секое инфо би ми било значајно.

Благодарам, поздрав.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Климе не го бива? Климе е еден од најдобрите за ехо во Македонија.

Со помин да е.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1862
Вака, малку подолг пост можда ама ме интересираат искуства...

Пишав погоре за татко ми што имаше болки и првен му најдоа на ехо камен, па кила и слични глупости. Беше 3 пати на ехо од кои 2 пати на приватно во Велес кај Панче Арсов (на кој не му се работи последниве 5,6 години) и кај некој проф. др. Климе од Кисела Вода, на приватно секако. Двајцата не ги бивало за свинска, па да ги посочам да си знае некој ако има проблем, да си знае.

Болките станаа многу големи па закажав преглед во Систина. Го ставија на ехо и само што почна со ехото, докторот го остави и му рече "Ти не си за ехо, ти си за хоспитализација". Така и бидна, Петок беше тоа, му пуштаа инфузии за да контролираат болки. Направен КТМ и резултатите, тумор на дебело црево. Пау, гром од ведро небо.
Бидна операцијата во најдобар ред, се одстрани делот, го пуштија пред 4 недели и сега е добар татко ми, јаде, пие, шета, вози и сл.

Чекавме резултати од парчето, се потврди канцер, но фала му на Бога што било на почеток најдено и успешно одстрането и исчистено. Така рече докторот денес на втората контрола.
Потребно е да се примат 5,6 хемотерапии на онкологија, со нив ке почне веќе од наредна недела здравје.

Во меѓувреме се читаше, распрашуваше по луѓе и слично, па дојдов до некои природни и вештачки работи кои помагале за таа работа, па ме интересира дали имал некој искуства со истите.

Прво, се работи за "козлец", лек што го прават во манастирот Хиландар Света Гора. Контактирав со отецот, ми потврди дека го користат за тоа и дека го прават сеуште.
Друго, замрзнат сок од пченица - спелта. Најдов дека го прават во Србија со лиценци некои, но најдов и овде во Виница.
Трето, ми рекоа треба да го зајача организамот  за да ги издржи полесно терапиите.

Дали некој имал искуство со оваа подмолна работа или? Секое инфо би ми било значајно.

Благодарам, поздрав.
Боше, прво нека мине со лесно, животов страшни работи ни носи...

Во последно време гледам многу се носат работите во насока на испостување (фастинг) на организмот, и тоа 24, 48, некогаш и 72 часовен. Немам никакво искуство, ниту мислење, само како дополнителна насока за размислување од алтернативните методи. Посакувам лесно закрепнување, верувам дека навистина било на почеток фатено, приватна болница не би пуштила така лесно пациент без дополнително да го истроши, освен ако стварно нема потреба. Верувам дека тоа е случајот!

Sent from my SM-S928B using Tapatalk

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Со помин нека е!
За козлецот можам да ти потврдам и да пробам да донесам ако имаш потреба.

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
На онколошки заболувања храна им е шеќерот, затоа најдобро е да се почне со промена на исхрана, кето, палео или слична ниско јаглехидратна. Брзи јаглехидрати никако, џанк фуд, кондиторија, се она кое што кога му го читаш составот не разбираш што пишува. Тешко е но тоа е единствен начин да се купат плус денови на живот.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3950
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Вака, малку подолг пост можда ама ме интересираат искуства...

Пишав погоре за татко ми што имаше болки и првен му најдоа на ехо камен, па кила и слични глупости. Беше 3 пати на ехо од кои 2 пати на приватно во Велес кај Панче Арсов (на кој не му се работи последниве 5,6 години) и кај некој проф. др. Климе од Кисела Вода, на приватно секако. Двајцата не ги бивало за свинска, па да ги посочам да си знае некој ако има проблем, да си знае.

Болките станаа многу големи па закажав преглед во Систина. Го ставија на ехо и само што почна со ехото, докторот го остави и му рече "Ти не си за ехо, ти си за хоспитализација". Така и бидна, Петок беше тоа, му пуштаа инфузии за да контролираат болки. Направен КТМ и резултатите, тумор на дебело црево. Пау, гром од ведро небо.
Бидна операцијата во најдобар ред, се одстрани делот, го пуштија пред 4 недели и сега е добар татко ми, јаде, пие, шета, вози и сл.

Чекавме резултати од парчето, се потврди канцер, но фала му на Бога што било на почеток најдено и успешно одстрането и исчистено. Така рече докторот денес на втората контрола.
Потребно е да се примат 5,6 хемотерапии на онкологија, со нив ке почне веќе од наредна недела здравје.

Во меѓувреме се читаше, распрашуваше по луѓе и слично, па дојдов до некои природни и вештачки работи кои помагале за таа работа, па ме интересира дали имал некој искуства со истите.

Прво, се работи за "козлец", лек што го прават во манастирот Хиландар Света Гора. Контактирав со отецот, ми потврди дека го користат за тоа и дека го прават сеуште.
Друго, замрзнат сок од пченица - спелта. Најдов дека го прават во Србија со лиценци некои, но најдов и овде во Виница.
Трето, ми рекоа треба да го зајача организамот  за да ги издржи полесно терапиите.

Дали некој имал искуство со оваа подмолна работа или? Секое инфо би ми било значајно.

Благодарам, поздрав.

Нека е со помин само, и дај боже да не се враќа.

Лани во април, јас бев операиран од карцином на дебело црево, 2А стадиум. Примав 8 циклуси на таблетарна хемотерапија, и од тогаш само редовни контроли. За време на примањето на терапијата, не пиев ништо повеќе од тоа што морав, битно е само да му е јак имунитетот.

Првите 3 месеци по операција е битно да пази на исхрана. Мора да ограничи, ако сакаш ќе пробам да ја побарам и целата листа на исхрана мене што ми ја дадоа (знам дека не треба манџи, особено не со запршки. без риба. без жолчка од јајце. без полномасно сирење, да избегава тесто и леб итн итн).

После третиот месец полека - полека може да си се враќа на нормална исхрана, постепено да воведува една по една работа, и да обрне внимание дали некои од тие работи сега му сметаат (киселини, грчеви во стомак и слично).

Хемотерапијата е макотрпен процес. Обично е еден циклус на 21 ден. Таблетарната е малку полесна, ама подолго се прима. Ако оди со венска терапија, пократко трае, ама е потешка за поднесување. По мое искуство, првиот и вториот циклус ми беа најтешки (таблетарна). Нон стоп вртоглавици, нон стоп гадење, брзо заморување и слично. После втората у принцип организмот се навикнува, и се понормално и понормално се функционира.

За време на терапијата битно е имунитетот да ти е на највисоко ниво, витамини и слично. Ако добро поднесува, не мора да се мачи со ништо алтернативно.

Ако го праќаат на ПЕТ скен, ќе треба со време врски да фаќаш, зошто листата на чекање знае да е долга и до 6 месеци - година. А у Систина е соленко.

Кај кој доктор е на Онкологија? Генерално сите се добри, самиот процес со чекање и малтретирање таму е мачен, ама мора да помине.

Нека запазува контроли редовни на време, тоа е најбитно. Посебно првите 3 години.

Нека е со лесно само и нека поминува.

Ако можам било како да помогнам или посоветувам, стојам на располагање.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Интересен документарец за Sodium Nitrate (Е250) и поврзаноста со дебелото црево, па секој нека си оформи свое мислење.
Втората половина е многу на политика можи да се поттера, во првата половина е побитното.