Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1403820 пати)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2191
Или кето, да.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2333
Мајка ми со години мака мачи, ниедна крема не помага.
Проблем за појава се стресот и исхраната,
Последна препорака е да направи детално испитување за интолеранција на храна и така да го реши проблемот. Нешто примети и сама дека и смета кога јаде па почна да трга од исхрана.
Ако не е проблем инфо каде испитувавте интолеранција на храна. Сопругата пак мака мачи со уртикарија, во минатото се појавуваше и си одеше, сега упорно ја мачи скоро 4 месеци.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5287
  • VW Golf MK3 1.9 TDI

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Луге имал некој проблем со попуштени вени (проширени вени)на кој начин е најдобро да се интервенира?

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен kokos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 190
јас пред 7 год. направив операција на класичен начин во болницата диагонално од собрание, до ден денес никакви нус појави за понатаму здравје ќе видиме,
препорака од мене би ти било да си отидеш на лекар и ако треба да се прави операција да не одлагаш затоа што со ништо назад не се враќаат само изгубени пари и време,
друго ова ти е идеално време затоа што може да треба да носиш еластични чорапи постоперативно, а во лето не се баш пријатни за носење

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Ми се појави може пред 2 години,користев некои масти но само ја ублажнуват вената на некој час.
Летово бев на лекар и ми напиша баш да ги носам тие чорапи,нормално не го земав ко ги видов,нема шанси тоа лето да се носи..😁.
Ми спомна 4 начина 1.Со горење 2.Ласерски 3.Полнење со силикон 4.Веројатно физичко одстранување 
Ти веројатно со последната опција си бил,има болки?😅

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10425
Preventivno neshto ne mojme da naprajme ?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20648
Компресиони чорапи.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2163
Пред 13 години јас на десната нога во Ремедика, кај Андреа Арсовски ласерски vnus closure е процедурата. Ни болка осетив ни ништо. После операција станав и за пола саат си заминав.
Тогаш 1150 евра кошташе со сите прегледи. Носев на лето компресионен после зафатот.
Другиот метод со извлекување значеше и 2 недели лежење на болница.
Мора прво детални испитувања на состојбата на длабоките вени тие ја превземаат функцијата.
Моја препорака е оваа процедура, брза, ефикасна и безболна.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Де бре, чичин, и ти ли си во клубот?
Другар оперираше во Филип II, ама го заборавив името на хирургот.

@riki_staff Провери прво ова од Томасо, Филип II верувам дека ќе направи разлика во цена, драстично.

НО, за преглед - би отишол - секако треба прво да се прегледа, нели. :)
Ако сакаш, да го барам другаров да даде име од докторов... ќе ми треба и на мене кај и да е :) ))


П.С. Кога ќе размислам од втора, без закачуење... Ќе одам и на двете места за преглед - секандо пињан си е секадно пињан...
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Присутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2163
Јас сам себе убијал....
За 6 месеци кладов 50кг и попуштија.
Млад и глуп бев тогаш, работев на брод.
Јадев пиев глупости, работа со стоење вместо и гравитацијата си ко напрај своето ...

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5160
  • Пиши лаже
Дали има некој искуство со апаративе за притисок? Ми треба нешто со пристојна цена, да не е прескапо.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 418
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Дали има некој искуство со апаративе за притисок? Ми треба нешто со пристојна цена, да не е прескапо.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Немам осет дали се поскапи/поефтини од други модели, ама во потесна фамилија имам позитивни искуства со Auron, ги имаш во Алфалаб. Моментално гледам два модели, еден од 3,255 денари и еден од 4,515.

https://alfalab.mk/kategorija/auron/

Отсутен kokos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 190
Луге имал некој проблем со попуштени вени (проширени вени)на кој начин е најдобро да се интервенира?

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk



ова ми излезе на facebook вика има уште десетина слободни места за вебинарот па ако некој има потреба

https://webinar.zmc.mk/register-webinar?fbclid=IwZXh0bgNhZW0BMABhZGlkAasWV1P_q3cBHW3EL8BkP9bfeA5u3i5lUc7R1hgX1bcAj0e9XSS9zsjJKkIamI-jKxuOgQ_aem_Cp660wqCaKcz0lPt7wRMRQ&utm_medium=paid&utm_source=fb&utm_id=120214379260530439&utm_content=120214379260550439&utm_term=120214379260540439&utm_campaign=120214379260530439

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20648
Дали има некој искуство со апаративе за притисок? Ми треба нешто со пристојна цена, да не е прескапо.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Јас на времето имав земено некој од Зегин, нешто Сенсо/Менсо појма неам, му беше името. Супер си работеше години и години, додека јас несакајќи не му ибаф мамата на цревото :)

Од пред некое време имам земено од тие автоматските што ги има по Лидл/Алди, си врши работа.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.