Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1398431 пати)

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 500
@зоки-златен со првото дете имавме проблеми со егзема. Кај кој не доктори бевме, приватни, државно, клиники... имаше доктори од типот одма кортико што препишуваа и доктори од типот на други креми... Неколку години теравме со креми, кортико ги скокнавме,  не се осмеливме тогаш со кремата од Скендер... Како што порасна и се стабилизира и исчезна егземата.
Кортико не лечи, кортико само маскира времено... плус штетен на долг рок...

Со второто дете, ни се исфрли и тоа, уште бебе од 1 месец... овој пат ги скокнавме сите тие доктори/патеки со претходното дете што ги поминавме и директ се јавив на бројот подолу и бев во Чаир да си ја земам кремата (стан во зграда). Веќе утрото имаше подобрување, за 2 дена повеќе од пола исчезна, наредни денови 100% помина... Сега си ја чуваме во фрижидер и на најмал знак на егзема, со едно мачкање поминува...

За Скендер кремата, според кажувања, демек ја испитале, немало никакво кортико во неа... таен рецепт, од некој цвет што го имало краток период во годината... Незнам што е... ама тоа чудо лечи ептен егзема...

Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5009
  • The Spartan General
@зоки-златен Ne znam sto rabotis i sto fakjas na rabota. Najcestite priciniteli se stres (postojan denonokjen) i fakjanje so goli race razlicni metali ili metalni soedinenija na Kobalt i Nikel (metalna prasina, itn).

Na mene ponekogas mi izleguvaat na racete ama znam deka e od prodolzena izlozenost na nervozi i stres. Ne gi cesaj i posle edna dve nedeli sami pomnuvaat. I znam otprilika koga izleguvaat/koga da gi ocekuvam. Kaj mene se vo mnogu blaga forma i na pocetokot se cudev sto e.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10405
од тегојне ?
онда ако се концентрични кругови е габа, на поголемата така и излезе. Бледо розев раствор на хиперманган доста и ги смируват воспаленијата.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7055
  • хаУс мајстор
Отиди види што ќе ти каже докторот. Јас со малиот мака мачевме 3 години со некои исфрлања на телото. Као викаа од млекото е, па после не е од млекото од прашакот е па од купката за тело било па ваква крема таква крема за на крај проблемот да го решиме кај старова. Ни напиша рецеп не прати во една аптека некаде околу соборна мислам беше аптеката и по рецептот направија крема и кошташе 500-600 денари. За 7 дена се помина и еве веќе 3 години се нема појавено ништо такво по телото.(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Добив препорака за докторов. Ќе го исконтактирам, ама ми рекоа сега ако се јавиш, очекувај термин за 2 до 3 месеци.

@зоки-златен со првото дете имавме проблеми со егзема. Кај кој не доктори бевме, приватни, државно, клиники... имаше доктори од типот одма кортико што препишуваа и доктори од типот на други креми... Неколку години теравме со креми, кортико ги скокнавме,  не се осмеливме тогаш со кремата од Скендер... Како што порасна и се стабилизира и исчезна егземата.
Кортико не лечи, кортико само маскира времено... плус штетен на долг рок...

Со второто дете, ни се исфрли и тоа, уште бебе од 1 месец... овој пат ги скокнавме сите тие доктори/патеки со претходното дете што ги поминавме и директ се јавив на бројот подолу и бев во Чаир да си ја земам кремата (стан во зграда). Веќе утрото имаше подобрување, за 2 дена повеќе од пола исчезна, наредни денови 100% помина... Сега си ја чуваме во фрижидер и на најмал знак на егзема, со едно мачкање поминува...

За Скендер кремата, според кажувања, демек ја испитале, немало никакво кортико во неа... таен рецепт, од некој цвет што го имало краток период во годината... Незнам што е... ама тоа чудо лечи ептен егзема...

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Ќе го зачувам и ова како совет, бев сега на преглед, утре ќе правам некои испитувања со примероци од кожата, ќе го истерам ова прво, да не биде правам 2 работи одеднаш.
Фала ти!

@зоки-златен Ne znam sto rabotis i sto fakjas na rabota. Najcestite priciniteli se stres (postojan denonokjen) i fakjanje so goli race razlicni metali ili metalni soedinenija na Kobalt i Nikel (metalna prasina, itn).

Na mene ponekogas mi izleguvaat na racete ama znam deka e od prodolzena izlozenost na nervozi i stres. Ne gi cesaj i posle edna dve nedeli sami pomnuvaat. I znam otprilika koga izleguvaat/koga da gi ocekuvam. Kaj mene se vo mnogu blaga forma i na pocetokot se cudev sto e.
Стресот е секогаш причинител или потпомагач на болестите. Можно да е и од тоа, не го исклучувам како фактор. Вака кога ќе размислам, бидејќи како што пишав го имав, па го снема 2 години (тоа беше баш периодот кога почнав да вежбам) па сега повторно да се појави, можно е да е на нервна база, бидејќи се исто правам, допирам. Во моментов не вежбам, поради раните. Пробав во ваква состојба со глава низ ѕид да вежбам, направив инфекција. Летово додека бев на море знам дека ми се исчистија целосно рацете, без креми и третмани, само што се вратив, се влоши состојбата.
Еве и слика како се прават
Ова е некоја фаза по пукањето на точките

Ова е во најлошата фаза, каде корупки од кожата се прават и при виткање на прстите пука долниот слој на кожата и се отвараат рани


Ова е во фаза веќе во заздравување

Заздравувањето трае 2 недели, без разлика дали користам нешто или воопшто ништо на рацете. 2 недели додека не поминат рацете се швицарско сирење. Повторувањето после заздравувањето е различно, некогаш се враќа за недела две, некогаш за неколку дена.



Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Bevme i nie kaj Starova i kremata po recept pomogna. Od istiot doktor ni bese kazano da kremata od Skender pomaga, NO istata e proverena i sodrzi mn. jaki koritko.

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5009
  • The Spartan General
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7055
  • хаУс мајстор
Ќе се оправиме, како викаат, лекот некогаш е пет пари, само треба да го најдеш 😀

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6375
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Јас имав дисхидроза, имав пишано и порано само не ставив слики.

Лек:
Ако не пиеш за нешто друго, отфрли ги антибиотиците, и купи си пробиотици на еден ден шо се пијат пример.
Не јади шекери, благи, сокови.

Не ти требаат креми со кортико-стероиди освен ако сакаш да го забрзаш процесот на заздравување,
инаку за 2-3 дена ќе осетиш подобување од овие работи само, за една/две недели чист ќе бидиш.

Нема врска металите, или тоа што фаќаш, освен ете кај тебе да е специфично, ама не ми се верува, внатрешен е проблемот со балансот на габите и добрите бактерии во цревата.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2185
И јас ќе го потврдам тоа од Луки, мислам дека ти е од стрес (ако не фаќаш нешто баш специфично што би ја предизвикало).

Мене ми се појавувааат во доста поблага форма и помалку на број од она на имењакот.
Баш дисхидроза.

Годинава во мај и јуни се измачив, прво се алергиите сезонски (се исфрлав рандом по телото и многу ме нервираше), па потоа продолжи со рефлукс и кила на желудник (за ова сумњам дека се појави/пак ми се активира од нервозата за алергиите).
Во тој период ми се појави и дисхидрозата на одредени прсти на рацете, претежно на показалец и палец.

Ја снема после 1-2 недели, сама од себе, како што и дојде.

Откако заврши сезонската алергија - ми остана килата и рефлуксот за решавање (правев пак гастроскопија во јули, сега е ОК после терапија) и продолжи со некоја анксиозност (исто како тогаш после операцијата на слепо црево пред 3 години) со повремени панични напади (тахикардија, потење на дланки/под мишки, трпнење на раци/нозе), која уште ме држи.
Нешто успеав да средам со психолог, во одредени ситуации повторно ме држи/ми се појавуваат напади во поблага форма.
« Последно менување: 16 Октомври 2024, 14:52:33 pm balanar »

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7794
  • Плинаш!!!
Па ние успеавме некако да најдеме термин за 2-3 дена, ама така се погоди. Е сеа проблем е кога старова не е тука, оди во турција и знае таму да е и по месец дена. Пробај си ја среќата.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6375
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Eве @зоки-златен како беше кај мене првично, не беше баш дисхидроза туку некој вид помфоликс:



После 2 рунди со антибиотици, вибрамицин и доксицилин уште полошо стана, и доби име дисхидроза заради поткожните меури кои беа меѓу прстите и  општо на цели раце, срам ми беше на работа ко ќе одев а со луѓе се мешав, како некој лепрозен бев (не знам шо е лепроза). Плус ми излегуваа меурчиња и зад уши и на темето на главата и на крајот ми ја лачеше течноста дури и низ брадавици.  :-X







Кога престанав да земам антибиотици и кога се мачкав од маст Белогент(со кортико) ми поминуваа тие поплитките и пукнатите, подлабоките не ги „фаќаше“ убо на дланката, а со дексаметазон(таблети со кортико) ми поминуваа сите, ама дури земаш, после тоа пак излегуваат полека нови.

Во тие 4-5 месеци пробав и со нараквици да носам ништо метално да не фаќам, јадев дома со нараквици приборот го држев, џабе немаше промена.
Пробав и конзерви да избегнувам, да не сум алергичен нешто на металот пошто цел гугл викаше така, пак џабе.

И од кожно докторката раце крена се додека не најдов еден пост на интернет прилично добро опишан дека цело ова е внатрешно, имаш повеќе габи во цревата него добри бактерии и го иритираат организмот и јавува на кожа. А габите јадат шеќери па ако му даваш тие ќе се множат, додај му на ова и антибиотици и никакви бактерии немаш во цревата за да има баланс меѓу двете. Крвни слики, брисев и не знам што направив дури и во Плодност 6000ден се оставив, никој ништо не најде.

Откиртието дојде ко ги пресеков на нула благото, шеќер во пијалоци, овошје и сл, а појачав на Баланс јогурт и кромид, кои содржат пребиотици, храна за пробиотиците(бактериите) за да се вратат во нормала. 2016-та не беа толку добри пробиотиците колку денес и процесот беше побавен ама од ден на ден се гледаше дека ништо ново не излегува а старо се повлекува.

Толку имам да кажам, ако појачам на шеќерни работи пак до ден денес можи рандом некое меурче да излези ама си го знам рецептот, па сега ти види си.  :)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3418
Мајка ми со години мака мачи, ниедна крема не помага.
Проблем за појава се стресот и исхраната,
Последна препорака е да направи детално испитување за интолеранција на храна и така да го реши проблемот. Нешто примети и сама дека и смета кога јаде па почна да трга од исхрана.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5148
  • Пиши лаже
Бивша колешка има сличен проблем, особено со рацете. Рацете и се правеа со дупки буквално, крв, чешање и слично. Не успеа со креми да го реши тоа, го реши со исхрана. Беше 10тина дена мислам само на салати и вода, па се повлече тоа и се смири кожата.
Најверојатно проблемот е во шеќерите и во некоја одредена храна.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7055
  • хаУс мајстор
@Power to the people уф ова кај тебе се пликови веќе. Кај мене се прават како точки ситни, слично на мозолчиња.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6686
  • Бенве сие бенве
Карнивор диета.


Sent from my iPhone using Tapatalk