Дечки, некој од вас да имал/има или познава близок да има Дисхидроза?
Од она што читав станува збор за егзема на кожата која се јавува на дланките и стопалата. Се прават како мали точки кои се полни со водичка и чешаат, по извесно време пукаат и тука е заебот, се суши и пука кожата, до степен рани да се направат.
Бев по дерматолози, сите различна дијагноза даваат и терапија, од креми имам се пробано, да не набројувам, ама буквално се. Нарачав и од Србија мелеми, пробав и со нив, ама освен што го ублажува чешањето, другите симптоми не ги ублажува, да не речам нема ефект.
Од досега претпоставувам дека е некоја реакција на нешто што допирам, бидејќи само на раце се појавува, ама не можам да откријам што е причинителот.
Прв пат ми се појави пред 3 години, па исчезна само од себе, после две години, се појави пак, но овој пат ме затера, може 4 месеци се заебавам.
Знам дека секој организам различно делува на терапии, ама би пробал се само да се изгуби, така да ако имате некој совет, искуство, споделете.