Шо се дешава со вирусите, се имаат удружено короната со уште два троица и формирале некоја нова партија ?
Накачив нешто од што чекав за документи со 30 души во 2 квадрати, па незнам кај терам од четвртокот, денес мислам конечно имам луцидни мисли во главата.
Прво почна со температури ама така, од 37.5 до кај 39 па пак со парацертамол до кај 37.
само шо поминаа температурите трга на полошо, почнав да се тресам неконтролирано а немам температура, слизнав 2.5 кг а се отепав од електролити и се по пропис примање, очите ме болат од позади не можев да ги отворам и уште ме болат. Мигрена до епски размери со аури и секаде кај шо имам некој хроничен проблем како кичмата и вратот, х10 зголемена болка. Нос затнат,грло ништо. Желудникот таман го излечив да речам без маки период бев, сеа се давам од киселини и покрај терапијата, чак и нешто ситно прокрварив, и тоа ми го еба.
За урието со короната немав ни симптом ни настинка незнам сеа ова дали е тоа или некое трето срање, обичен грип не е сигурно.