Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1422541 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Некој Бугарија да не оди случајно?  Да ми земеше колаген, Doppelherz 11000 во шишенца, кај нас е 3300 денари пакувањето, Бугарија  е 56 лева.
Најповеќе фален е за ефективност.
Или ако има некој предлог шо користел друг,  а е задоволен.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk



Ја ќе одам у понеделник. Сум го користел тој плус со куркума против воспаленија.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1641
Дечки некој со искуство или препорака за контрола на бемки и нивно отстранување?

Sent from my SM-S908E using Tapatalk


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Јас имам изгорено мали, ги горат со азот(ако добро памтам) и не смееш да ги чешаш 24ч. минимум. Местото наскоро станува бело и потешко потемнува од сонце во прво време. Од раѓање имам голема (над 5-6цм дијаметар) и никој не се нафаќа да го сработи тоа, прво поради цената и потрошениот материјал, второ поради ризик. За големи не би ти препорачал, за мали (до 5-6мм) да.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Дечки некој со искуство или препорака за контрола на бемки и нивно отстранување?

Јас имам добро искуство на државна клина, на кожно.

Д-р. Зорица Зафировиќ
https://dermatologija.org.mk/doktori/


Имаат разни методи, најчесто со каутеризација. Ништо страшно, и кратко... Освен ако не е некој комплициран случај.



Некој Бугарија да не оди случајно?  Да ми земеше колаген, Doppelherz 11000 во шишенца, кај нас е 3300 денари пакувањето, Бугарија  е 56 лева.
Најповеќе фален е за ефективност.
Или ако има некој предлог шо користел друг,  а е задоволен.

Не знам за колаген што да препорачам, но генерално вакви работи најисплатливи се oнлајн нарачани од ајхерб.
Други суплементи сите се далеку поевтини нарачани до таму, отколку овде од аптека.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
@MAPJAH само шо ќе ти пишев, ама се најде некој низ фамилија шо ќе оди вероватно. Фала на понудата сепак.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html


Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Клабери, потребна е препорака за добар психијатар во Скопје да препише соодветни апчиња за одредена состојба.
Работата е малку итна, кој знае некој добар, нека пише контакти, локација па макар и во порака.
« Последно менување: 28 Јули 2023, 13:03:19 pm pirat_07 »

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Правев крвна слика, сите параметри се во ред, но серумскиот креатинин во крвта мие покачен т.е на граница на максиум. Матичната ми рече дека е од премногу протеинска храна особено месо и риба, јас риба особено туна премногу конзумирам на секои 2 или 3 дена, меѓутоа претходните месеци не конзумирав многу месо и пак испадна висок за разлика од претходно кога речиси скоро секој ден со риба испадна резултатот во ред. Рече дека бубрезите се на граница да бидат оптеретени и да намалам со протеинска храна и повеќе да внесувам јаглехидрати, но проблемот кај мене е тоа што имам спор метаболизам и речиси секој внес на хидрати ме поправа т.е задржува вода, таа вика овес итн таква храна, а овесов поправа на големо, внесував пченкарни производи од хидрати но и тоа ми влијае на килажата што морам да применувам повеќе кето начин на исхрана. Од урина немам испитано, но ме загрижи фактов дека можно да се зафркнат бубрезите, а освен месо и салати за одржување на килажава немам друг избор, симнав 37кг и сега целото да пропадни во вода..

@balanar Некое инфо или решение за спуштање намалување на креатининот? И од вежбањето се качувал но не одам теретана ниту вежбам со тежини и слично, освен по дома што вежбам по 700-800 стомачни денот, кардио 4-5мин, склекови, итн..
« Последно менување: 02 Август 2023, 18:30:40 pm was »

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Јас толку често туна би избегнувал од причина што таа риба има зголемени количини на метали.

Инаку, кога е прашање здравје, нема што да му се мислиш, послушај што ти велат. Намали со исхрана за да надоместиш со вишокот. Задржување вода е чест случај на проблеми со тироидната или антитела кон истата
Со помин нека е.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Јас толку често туна би избегнувал од причина што таа риба има зголемени количини на метали.

Инаку, кога е прашање здравје, нема што да му се мислиш, послушај што ти велат. Намали со исхрана за да надоместиш со вишокот. Задржување вода е чест случај на проблеми со тироидната или антитела кон истата
Со помин нека е.
Не ми задржува вода, немам проблем со тироидна, него само кога внесувам повеќе јаглехидрати т.е калорискиот внес мие хидрати тогаш многу повеќе ми крева килажата, а познато е дека хидратите и солта задржуваат вода за разлика од протеинскава храна т.е месо. Креатининот мие висок ради премногу протеинска храна, ми рече да ја намалам и да внесувам повеќе јаглехидрати, а јас не можам да бидам на хидрати повеќе ради тоа што ме поправа а спор метаболизмот мие и морам да применувам повеќе кето начин на исхрана со минимален внес на хидрати и креатининот мие повисок од кетоза повеќе. Иначе до сега после 1 година ипол почесто што конзумирам туна за сега сум немал некои проблеми, нус појави итн, претходното испитување кога конзумирав повеќе, хемоглобинот беше дури над референрната вредност, ми рекоја за крводарителство, е сега намалив со неа и се стабилизира на 153 а ми беше 171.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Da ne vezhbas ?
Imas rastitelni proteini, crvena lekja, naut, grav, soja ...
Od mesoto kolku shto znam mochna kiselina moze da ti e visoka, pre taa kje ti ripne nego kreatinini, shto znam. 

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
@balanar Некое инфо или решение за спуштање намалување на креатининот? И од вежбањето се качувал но не одам теретана ниту вежбам со тежини и слично, освен по дома што вежбам по 700-800 стомачни денот, кардио 4-5мин, склекови, итн..

Јас кога вежбав интензивно и баш посветено, имав повеќе протеинска и месна исхрана (пилешко, јајца, туна и сл) + whey шејкови - скоро секогаш ми беше благо покачен креатининот. Во смисла, во рамки на нормалата, ама не она што го очекуваат докторите (никој од нив не те прашува што јадеш, веднаш им е сумњиво). Твојата докторка веднаш „посумњала“ на протеинска исхрана, што е ОК.
Исто така, може си бил благо дехидриран (не секогаш има апла симптоми за дехидрираност) кога ти земале крв за тест.

Пробај ако толку ти е страв, намали ги протеините еден месец и пиј повеќе вода (не знам колку пиеш сега), па направи си тест пак.
Мада мислам дека нема ништо, нормално е колку-толку зголемен креатитин со зголемен протеински внес.

Зголеми ги мастите наместо протеините ако веќе не сакаш јаглехидрати.
Јас сум на on-off (повеќе on) кето веќе 1 година и кусур.  20g ми е лимитот дневно за шеќери  :) Другото е 131g протеин и 121g масти ~ севкупно околу 1700 калории.
Сега намалив на 1400 калории и спуштив 2kg (од 85 на 83) и сакам да одам на 80kg (висок сум 184-185cm, не знам точно). Имам мало мешенце под папокот што ме нервира и ме нервираат love handles. Ги имам откако памтам за себе (генетика, јбг).

Цитат
И од вежбањето се качувал но не одам теретана ниту вежбам со тежини и слично, освен по дома што вежбам по 700-800 стомачни денот, кардио 4-5мин, склекови, итн..

И ова е вежбање, сепак.
 ;D
« Последно менување: 03 Август 2023, 08:24:53 am balanar »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Od mesoto kolku shto znam mochna kiselina moze da ti e visoka, pre taa kje ti ripne nego kreatinini, shto znam.

Грешка си, благо зголемен креатинин кај здрава личност е скоро секогаш показател на зголемен протеински внес.
Креатинин е нус-продукт од разложување на креатинот од мускулен/протеински метаболизам.
« Последно менување: 03 Август 2023, 08:25:38 am balanar »

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Epa ako vezbat nema da se razlozit kreatinot poradi muskulen metabolizam ?

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Epa ako vezbat nema da se razlozit kreatinot poradi muskulen metabolizam ?

Да, затоа ќе се покачи и креатининот, посебно па ако се јадат повеќе протеини.
Вежбање и протеинска исхрана е скоро загарантирано да имаш покачен креатинин.