Ту сам ту сам, не ме оперираа, на хирургија сум на опсервација, неам ни јадено ни пиено ништо, се матат нешто, пошо не ме боли нешто мн мн, томографија мислам ништо не покажа, ама крвта е сумлива, леукоцити беа 21 на почеток, наредна слика слика се намалија на 17, црп 16 железо 4, тие на Б буквата за џигерот беа високи, јес да им кажав дека не пушам непијам накај година дена, петокот пиев пушев. примам некој антибиотици и уште нешто 2 пати денот во инфузија.
Денес сабајле како шо ѕирнав пред да ги земат назад тие документите немаше за црп и железо пишано, само основна слика, ама леукоцитите беа 8, во нормала.
Се осеќам шознам, така така, немам некоја бол на притисок голема, така благо по нелагодно ми е за разлика од другата страна. Сеа и желудникот како да го осеќам, ама можи да е од глад оти не ме оставаа ни вода да се напијам од недела 4 сабајле ништо не сум јаден ни пиен. Сеа ми рече еден е ај можи вода по некоја голтка.
Се надевам ќе ме решат за брзо, било операција било пуштање дома.
Sent from my Redmi 4X using Tapatalk