Да споделам искуство со цел подигнување на свеста за посета на здравствени установи при главоболки/болки во врат и слично..
На 19.01 кога се разбудив осеќав болка во вратот, но си мислев дека е од лошо спиење и/или стоење долго време пред компјутер. На 21.01 болката сеуште беше тука, но она што дополнително почна да се случува е замаглен вид и болка во десното око која првиот пат беше краткотрајна (15мин), но после 2 часа се повтори со зголемен интензитет, замаглен вид во двете очи и вртоглавица.
Поради ова, се јавив во хитна и во тој момент имав проблеми со говорот - бев свесен дека грешам додека зборувам но неможев да се поправам.. стигнав некако до болница, веќе бев подобар.
Почнаа со тестови, ЕКГ, крв, ЦТ без и со контраст. Очекувајќи дека ќе ми речат дека е од умор и ќе ме пуштат после неколку часа, докторот дојде со дијагноза дисекција на двете вертебрални артерии во вратот. Тоа значи дека е оштетена внатрешната обвивка, а оние симптоми кои сум ги имал укажуваат на транзиторен исхемичен атак, како резултат од краткотрајно блокирање на крвотокот во одреден дел од мозокот.
После неколку дена со МРИ го докажаа истото и потврдија резултатите од ЦР, додека резултатите од доплер/ултразвук се во ред.
И така, веќе 9ти ден лежам на интензивна во Неурологија и редовно примам клексан со цел намалување на ризик од згрутчување на крв во засегнатите артерии. Јас се осеќам добро и нити еден од симптомите не се повтори во овие 9 дена, освен мали краткотрајни главоболки, додека болката во вратот помина пред два дена.
Сеуште се прават испитувања да се открие дали станува збор за дисекција настаната од некаква траума, дали е можеби генетски или поврзано со болест, или пак спонтано.
Така да поука не ги игнорирајте ваквите симптоми, освен ако се појават од прекумерно пиење, во тој случај поминуваст после еден ден лежење во кревет, хаха..