Повторно јас... Бев на преглед кај докторот погоре, ми изнажа од лошо полошо, воа ноа трето не чини. Нема течност во Л5 (тоа го знам уште пред неколку години кога почнав да имам болки) и ако дошло до Л4 ке се изгубело чуството за мокрење.
Ми рече да ми препорачал многу добра метода некој, он соработувал со докторот од Софија, се работело за Болница Света Софија, во Софија. ( да бидам искрен уште тука ми падна сумњиво) Прати слики преку Вибер, да види дали можело да се направи таков хирушки зафат, да се вбризга течност (најверојатно срж) во пршлените. Па доколку било не биле оштетени(скинати) ке се средело се.
Утре ке чекам да ми пренесе он што ке му кажел тој од болницата. Искрено, знам дека го имам тој проблем и озбилен, но сепак сметам дека не сум за на операции. Мајка ми пред 28 години имала многу полоша слика од мојата и тогаш Лозанче и рекол никако операција, само да ослабеш, спиј на тврдо и уште нешто друго нз што, па по одредено време таа врвка што била се исушила сама.
Да резимирам, најпрво не ми се допадна пристапот уште кога влегов. Понашањето беше класично тинејџерско влегување во дискотека со клучот од колата на маса... Не оспорувам ниту малку што и како има знаење човекот, но прво тоа, второ спомна дека сорабтоува со него ми дојде у глава дека има процент од тоа сигурно, трето ми кажуваше колку Милиони имал тој доктор (Македонец од Скопје, но моралло да се пише Бугарин за да му дадат да работи) и не му било до тие 1.500 евра за операција, за на крај да ми каже дека он ке дојде со мене ако се оди на тој зафат и ке средиме без проблем, секако он имал неколку фирми во Софија.
Останаува да разговарам со други доктори за мислења, иако тие тројца што се консултирав рекоа едно исто, само овој сосема различно.