Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1422686 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10461
многу е битно каква позиција завземаш при кревање тешки предмети, што требало да ви кажат во војска за ко ќе ве пратат да дигните тенк во ваздух>

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
многу е битно каква позиција завземаш при кревање тешки предмети, што требало да ви кажат во војска за ко ќе ве пратат да дигните тенк во ваздух>
Или клекнат, или лежечка позиција, стоечка е многу ризична, и секако подалеку од тенкот ;D да не ти падне куполата врз глава ;D

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Дали некој знае каде може да се набави масло од канабис ама чисто природно, со шема за користење? Се работи за жена со утврден рак, кажаа дека нема лек, но останува уште да се проба со алтернативна медицина колку толку.
Знам дека не е легално, но доколку има некој инфо нека ме контактира на ПП.

Благодарам.

Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10461
види овде алтернтиви...
https://m.facebook.com/groups/2157728504482280/
немаат тхц

Отсутен volenos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
другари, предлог за добар уролог Кај нас да не имате?
Матичнава сака да ме прати кај некој, но тој е хаос со термини т.е многу ретко пушта термини.
И прашање е дали ќе дојдам до другата година на ред кај него.
Затоа ако сте задоволни од некаде без разлика приватно/државно пишете.

Не знам дали најде, си реков некој ќе ти препорача, па ај јас да фрлам еден збор.
Јас бев кај Слободан Гурмешевски, така ми се падна дека итен случај, човекот испадна фер и трпелив, комуникативен како со мене така и со другите шо ги гледав на контрола. Колку е, шо е добар не знам, ама ако би имал потреба би одел пак кај него.
фала ти многу.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Да споделам искуство со цел подигнување на свеста за посета на здравствени установи при главоболки/болки во врат и слично..

На 19.01 кога се разбудив осеќав болка во вратот, но си мислев дека е од лошо спиење и/или стоење долго време пред компјутер. На 21.01 болката сеуште беше тука, но она што дополнително почна да се случува е замаглен вид и болка во десното око која првиот пат беше краткотрајна (15мин), но после 2 часа се повтори со зголемен интензитет, замаглен вид во двете очи и вртоглавица.

Поради ова, се јавив во хитна и во тој момент имав проблеми со говорот - бев свесен дека грешам додека зборувам но неможев да се поправам.. стигнав некако до болница, веќе бев подобар.

Почнаа со тестови, ЕКГ, крв, ЦТ без и со контраст. Очекувајќи дека ќе ми речат дека е од умор и ќе ме пуштат после неколку часа, докторот дојде со дијагноза дисекција на двете вертебрални артерии во вратот. Тоа значи дека е оштетена внатрешната обвивка, а оние симптоми кои сум ги имал укажуваат на транзиторен исхемичен атак, како резултат од краткотрајно блокирање на крвотокот во одреден дел од мозокот.

После неколку дена со МРИ го докажаа истото и потврдија резултатите од ЦР, додека резултатите од доплер/ултразвук се во ред.

И така, веќе 9ти ден лежам на интензивна во Неурологија и редовно примам клексан со цел намалување на ризик од згрутчување на крв во засегнатите артерии. Јас се осеќам добро и нити еден од симптомите не се повтори во овие 9 дена, освен мали краткотрајни главоболки, додека болката во вратот помина пред два дена.

Сеуште се прават испитувања да се открие дали станува збор за дисекција настаната од некаква траума, дали е можеби генетски или поврзано со болест, или пак спонтано.

Така да поука не ги игнорирајте ваквите симптоми, освен ако се појават од прекумерно пиење, во тој случај поминуваст после еден ден лежење во кревет, хаха..

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Нека ти мине со лесно само и побрзо.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Со помин  да е, ама нажалост тоа е и едини начин овде да дојдеш до доктор/снимка/дијагноза. Еве јас дури пишам во моментот се сулавам од тупа главоболка, болка во врат и тинитус во ушите,  и на спиење ми трнат рацете цело време малиот и тој до него,  ако размрдам се враќа во нормала. Доктор кај шо можеш да одиш и да те сослуша освен матичниот НЕМА. Ова кај мене трае со недели веќе, имам некој термин за на неурохируг во Охрид го чекам веќе време е на 17 фебруари. Шо ќе се деси до тогаш еве не знам. Уште појако ќе биди шо кога ќе одам може да ми речи не си за кај мене и како шо веќе ми е преку со маки здравствени и неписмени доктори да попуштам психички и да завршам затвор. Или пак ако се реши за магнетна , ако не извади приоритетен упут ќе треба да ја чекам и неа месеци.. Така да неизбежно е да дојди до крај работата за да има некој исход...

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Јас правев магнетна во ЕуроИталија или како беше точно(кај Петровец). Околу 8,000 денари платив, цд то и резултати даваат за час, два.
Рекоа дека е нов апарат и прави одлични слики. Не си играј не чекај, 8к не се којзнае колку...

Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Абе се имам изнадавано пари годиниве,  нејсе,  од отворен тип е магнетната или затворен како во ковчег?  Ако е отворен тип за подебели луѓе/клаустрофобични послаб е магнетот и снимката е полоша. Бев на еден таков во Драчево  во една приватна, се жалеа доктори дека срање бил квалитетот општо од таквиот тип на магнетни.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Владич, мене ова сето ме снајде во Хрватска, и неможам да ти помогнам за каде и како во МК, ама ако имаш таква мака барај чаре за побрзо..

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Абе се имам изнадавано пари годиниве,  нејсе,  од отворен тип е магнетната или затворен како во ковчег?  Ако е отворен тип за подебели луѓе/клаустрофобични послаб е магнетот и снимката е полоша. Бев на еден таков во Драчево  во една приватна, се жалеа доктори дека срање бил квалитетот општо од таквиот тип на магнетни.
Затворен е магнетот, влегуваш во него. Таков беше и тој во Штип кога се снимав. До душа за мојаата снимка немаше потреба да влегувам целосно, главата ми беше скоро цела надвор. Ти ставаат слушалки на тебе, одмараш и готово. Во Штип кога бев првиот пат ни слушалки ни ништо, кога излегов од таму 15 минути ми ѕвонеше главата од тоа тропање и штракање.
Правев муабет со двајца доктори и тој што ме снимаше човекот се погоди Велешанец. Рече дека апаратот бил одличен и правел многу добри слики (претходно работел во Неуромедика или нз некоја друга).
Инаку ако нешто мења инфо, јас сум 191цм со 113кг.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1729
Со помин  да е, ама нажалост тоа е и едини начин овде да дојдеш до доктор/снимка/дијагноза. Еве јас дури пишам во моментот се сулавам од тупа главоболка, болка во врат и тинитус во ушите,  и на спиење ми трнат рацете цело време малиот и тој до него,  ако размрдам се враќа во нормала. Доктор кај шо можеш да одиш и да те сослуша освен матичниот НЕМА. Ова кај мене трае со недели веќе, имам некој термин за на неурохируг во Охрид го чекам веќе време е на 17 фебруари. Шо ќе се деси до тогаш еве не знам. Уште појако ќе биди шо кога ќе одам може да ми речи не си за кај мене и како шо веќе ми е преку со маки здравствени и неписмени доктори да попуштам психички и да завршам затвор. Или пак ако се реши за магнетна , ако не извади приоритетен упут ќе треба да ја чекам и неа месеци.. Така да неизбежно е да дојди до крај работата за да има некој исход...

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk
Не се нервирај и не се плаши. 99 посто е вратна спондилоза.

Чаре - вежби и физикална со акцент на вежби.

Од искуство.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999

Sto vezbi se pravat?

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1729
Има еден куп што ми ги дадоа у 8ми септември за зајакнување на мускулатура на врат. Да ги сликам ќе ги пуштам.

Исто беше и кај мене, трнење, вртоглавица, зуење во уши. Додатен фактор е и стрес бидејќи коа сме под стрес мускулстурата трпи.

И добра перница за спиење помага.

Ја научив да го менаџирам стресот со терање у пм на се што ме нервира.

Sent from my iPhone using Tapatalk