Некој искуство со гастритис/чиреви. Вчера правев гастроскопијаи на сите маки уште рак шо не ми нареди на листата. Имам хиетална хернија, премногу воспален желудник/гастритис во форма на "watermelon" Дуоденум булус со улкудна лезија покриена со фибрин. Постбуларно на 12 часот улкусна лезија од 15мм до фибринско дно.
Пред година и пол правев гастроскопија заради глупост со чепкалка и имав мн мало чирче само. Примав терапија од пантопразол, есохх гелови ја менав цела исхрана, јадев секој ден кисела зелка заради пробиотоците, и по пола чаша сок од свежа зелка на сабајлњ и навечер. Не ми е јасно од каде толку за нккаде желудникот, кога од тогаш ни пушам ни пијам алкохол, кафе исто не пијам воопшто, исхраната ми е мн здрава, со ретки исклучоци да закачам едно гиро или сл, имам дури и програма кај шо имам свашта од јадења внесено и пратам калории/масти протеини.
Чекам сеа резултат од хеликобактер, ма да мислам дека ќе е негативен оти имам правено порано.
Докторката се чудеше зошто не сум плачел од болка на толку лоша состојба, вероватно отрпнат сум од општа бол.
Можно е стресот да игра толкав фактор да го поебав цел желудник, пошо го имам 250% 24часа, друга идеа немам.
Нека сподели некој некој домашен додаток шо му помогнал ако има вакво искуство.
Sent from my Redmi 4X using Tapatalk