Уффф, дијабетес само во комбинација со ковид19 е опасен?
Немој вакви работи... Шеќер/дијабет земено за мнозинството луѓе, е далеку поопасен до ковид19. За тие што ќе им се десат двете болести, неретко е фатален ама тоа не значи дека дијабет не е опасен за незаразените од ковид.
Да не бидам (пак) изваден од контекст: Не зборувам за ковид19 туку за дијабет, и дијабет е јебено опасна болест со многу здравствени и фатални последици. Со модерниов начин на живот (и неправилна исхрана) голем дел од луѓето во некој период од животот ќе се соочат со дијабетес. За жал со нашава здравствена култура, тоа откривање на дијабетот е касно и кога веќе настанала значителна непоправлива штета: страдаат очи, крвни садови, артериосклероза и сите васкуларни болести што се поврзани, итн, итн... Ултимативно последици може да бидат слепило, делумно или целосно, макуларна дегенерација. За артериосклероза не морам ваљда ни да објаснувам.
И не најмалку: Алцхајмерова болест неформално се нарекува и Дијабет тип 3.
Поврзаноста со ковид19 е затоа што ковид најмногу ги удира тие со слабости, а дијабет е јебено голема слабост. И без ковид дијабетот кога тогаш ќе ми наштети на тој што страда од него, помалку или повеќе зависи најмногу од раното откривање и дисциплината на човекот.
Доброто е што е лесно превентабилен, со правилен живот и правилна исхрана. Лошото е баш тоа, што се јавува заради неправилен живот и неправилна исхрана.
Ма какви комбинации, којзнае како му го извадија позитивниот тест, човек сам во планина, неколку месеци претходно влошена состојба, ваљда од непридржување до терапија, па го носат на лекар, па го враќаат за тест претходно итн.
False positive резултати се исклучително ретки за PCR тестови (фолс негатив се многу поверојатни).
Веројатно кутриот закачил ковид во самата болница, кога го однеле заради дијабет. Ковидот го дотепал, ама од тоа што го кажуваш секако бил многу болен.