Всушност не очекуваш кога ќе добиеш контрааргументи, такви кои фрлаат ново/поинакво светло на дебатата, дека ќе треба да ги земеш во обзир. Некако си замислуваш дека кога ќе кажеш нешто што сметаш дека е endgame, дека наеднаш дискусијата застанува се гаси светло и сите си одат дома.
Не функционираат така работите.
Затоа секогаш ги поканувам луѓето да постават јасна теза, за да можеме тезата да ја дискутираме а не аргументите сами по себе. Been there, done that, не функционира за ниедна страна во дискусијата. Затоа кога дискутирам нешто се обидувам да поставам јасна теза. За ако се другите во право, да можат јасно да ме демантираат. Во случајов ставот ми е дека за бустер дозите нема аргументи (читај: нема соодветни позитивни научни сознанија) дека треба да бидат задолжителни а уште помалку - компулсивни, како што тоа се прави во некои држави.
Се надевам дека тоа лудило нема да дојде овде, следствено се обидувам да започнам јавна дебата за луѓето да се запознаат со фактите.
Ништо повеќе, ништо помалку.