Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1860979 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Од бирача нема јебача.

Рамбо, друже, знао сам да с'то ти!
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Голем ти е атеротот, ама сепак не ги исполнуват критериумите. @MecheTo  мојов не е општински печат :)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Јас би дал малку поголем осврт како доцна вакциниран и прележан еднаш, а може сега и два пати:

Се вакцинирав со Синовак (го фатив последниот воз за Синовакот во МКД), втората доза ја примив сам почеток на ноември. Тука се поставуваат две прашања: зошто си се вакцинирал и зошто Синовак?

- Од лично убедување, се вакцинирав 60% заради рестрикциите и 40% заради превентива.
- Синовак одбрав затоа што лично сметам дека mRNA вакцините се доста неиспитани на подолг рок. Ова има врска со трета доза дали би примал (читај подолу)

Еден ден после примањето на втората доза, качив температура. Не, не беше нуспојава од вакцината, туку страшна коинциденција. На 03.11 направив брз тест од аптека и беше позитивен. Потоа направив крвна слика: железото беше 8 (10 - 30 е нормално, јас цел живот имам над 25), CRP беше 6 (нормално е од 0 - 5). Другите параметри беа ОК, како и леукоцитите. По симтомите што ги имав (температура, малаксаност, болки во потколеници) и по оваа крвна слика јас бев позитивен. Не направив PCR за да не заглавам и официјално, ама одев редовно на контрола на инфективно. Да не зборам што две недели седев во изолација.

Почнав да пијам додатоци во исхрана (витамини, минерали и се тоа).
По пет дена направив крвна слика. CRP-то отиде на 19, железото на 3. Температурата доаѓаше до 38.7, но со Фервекс или Парацетамол се стабилизираше. Од симптомите ми се појави и синузит кој остана до сам крај (заради него делумно изгубив мирис, кога си го издувував носот мирисав колку - толку).
Сатурацијата цело време ми беше околу 97%, од првите симптоми до крајот. Ми препишаа Сумамед (3 дена, 1x1).

Се вратив на преглед после 5 дена. Сега CRP-то отиде на 47. Температурата се намали, но беше константна преку ден од 37.1 до 37.7. Носот се затна максимум со густи и зелени мрсули. Болките во мускулите поднамалија, како и малаксаноста. Направив и CT скен на белите дробови, чисто за контрола. Уреден беше.
Ми препишаа Моксирал антибиотик (7 дена 1x1).
Е ова ме среди за брзо, температурата се изгуби полека, а и затнатиот нос помина.
Направив и тест за д-димери, некаде беа околу 490 (0 - 500 е нормално).

На 26.11 направив нова крвна слика (23 дена од првите симптоми).
Сега CRP беше 0.8, а железото беше 16 (очекував да е подобро, ама немањето апетит и нејадењето си го направи своето, ослабев 4 килограми за тие 23 дена).
Имав некоја тапа болка во двете потколеници која ја снема после две недели од оваа последна крвна слика.

Fast forward - стигнуваме до минатиот понеделник.
Станувам сабајлето, грлото ренде, потколениците ме болеа исто како во ноември (но само ден-два). Вечерта качив температура 37.7, а утревечерта дојде и до 38.5. Се напив Фервекс колку да ја спуштам малку... и толку беше. Наредниот ден имав 37.4, вечерта падна до 37 и после ја снема. Температура имав вкупно 2.5 дена.
Грлото ме болеше интензивно 3-4 дена (поткашлував заради него), носот ми се затна при крајот (4 или 5 ден) се отзатна за 2 дена.
Не се тестирав ниту со тест од аптека, ниту со PCR, ама седев дома една недела.

Малку ме зачуди колку кратко имав температура, обично ме држи 4-5 дена, Исто ме зачуди носот. Кога и да ми се затне - ме држи 10 дена како од шала.
И затоа не знам дали вториов пат беше Омикрон или не, со оглед на тоа дека фати сезона сега на настинки и грип (која ја немавме лани заради мерките + се носеа маски секаде).
Немав ни позитивен околу мене, но имав со настинати (девојката, внукот од градинка). Се немам бутано по гужви, дискотеки и слично.

И доаѓам до муабетот за трета доза - јас не би се вакцинирал со mRNA вакцина ако тие се единствени за избор во МКД (не знам што имаат сега на лагер по вакциналните пунктови). Според новиве правила на ЕУ, мене крајот на јули ми истекува 9 месеци од втората доза и тој сертификат сегашен ми станува невалиден.
« Последно менување: 07 Февруари 2022, 04:24:25 am balanar »

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Doktorive kako Panovski,Danilovski... apeliraat da se bide po vnimatelen so antibioticite. Crp ispod 100 e ocekuvano za virusna infekcija i ne trebast antibiotici  prrma nimi. 

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5236
  • The Spartan General
Многу завери на едно место. Кој како сака нека си се заштитува, или да не се заштитува. Факт е многу што ги потрупа црната земја, да биле боцнати немало да дојде до тоа. Единствената утеха е, ја избрал својата кауза и умрел за неа... Од друга страна пак тоа што кауза е....

Генерално, најдобро е човек да створи природен имунитет. Второ најдобро е вакцина. Трето најдобро, нема (Ако имаше, тие против вакцините и против Ковид ќе го најдеа, а не да бидат презафатени со кошкање и де-рационализирање на второто).
Првото најдобро е многу многу многу ризично и опасно (барем на почетокот).
Второто најдобро. Па човек нека ја прочита оваа тема од почетокот на пандемијата до сега... 
Трето најдобро после две и кусур години сеуште нема.

Па пак доаѓаме на почетокот: Секој сам си одлучува колку и како ќе се заштити.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7000
Значи, ова станува редовна појава. Гледам и околу мене - не се тестираат и прележуваат.

Ако има официјална бројка од 2000 (рецимо) дневно новозаболени, реалната е сигурно 3000-3500...

Страшно. Среќа симптомите се благи.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30676
    • CARclub.mk
Генерално, најдобро е човек да створи природен имунитет.

Која е цената на природниот имунитет? Да прележам? Ако не морам, не би.

Да се само-цитирам, за да не го повторувам муабетот. Поентата ми е дека многу да се внимава со „природното е најдобро“ да не случајно се излаже некој да помисли дека „подобро е да прележам ковид, бољи ќе биде имунитетот“.

Па ако не, онда дајте сите масовно да испозакачиме Ковид, бољи биле антителата.

Или не, а?

Многу е погрешно да се тера дискусијата во насока на „антителата од ова се бољи од антителата од она“. Во суштина, тоа го става закачувањето (и прележувањето) ковид (со сите познати и непознати последици и компликации) и вакцинирањето на исто рамниште. А не се. Ни од далеку не се.

15% од прележаните кои имале посериозни симптоми развиваат дијабетес. Знаете што значи дијабетес? Нешто што баба ви имала? ЈАС живеам со дијабетес. Секој ден. Се боцкам 4 пати на ден. Живеам со сите предизвици и проблеми и компликации кои ги предизвикува. Сакате да се заебавате? Сигурни сте?

Ама природно си е природно, антителата од прележување биле подобри. Ајде бре...

Ова било подобро, она било подобро, оваа вакцина, онаа вакцина. Вакцинирајте се, завршете работа, продолжете со животот. Ако ви треба (во догледно време) за патување, гледајте да се вакцинирате со вакцина која ЕМА ја признава. Тоа е тоа.


---

Нејсе, јас бутнав и трета доза, уште во Декември. Првите две АЗ, третата Фајзер. Ми рекоа на излегување од амбуланта да цупкам по скалите надоле, боље да се измешало.

Веќе истиот ден боље фаќав 5G. После два дена почнаа да ми се мешаат и српски мрежи, ама брзо средија. Со четврта доза очекувам автоматски да одмрзнувам стакла на коли.
« Последно менување: 07 Февруари 2022, 09:39:42 am zeroSignal »

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7000
Те заебувам...

Во ноември ја бапнав третата. А за четврта...

Видеќемо, ќе размислам.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
најверојатно имале скриен шеќер што развиле дијабетис.
Цената е голема за некој заебани болест, ова поќе пропаганда беше, ништо од губењето здив, кислородни поддршки, болки во мускули коски.... Ништо и од шеќер, хиупертензии несоници, пост ковид последици. Така го поминаа повеќето околу мене, некои и онака во тешка состојба ( болни од рак( пред операција, во нај тешкото), хошимото прекумерна тежина 80+...). обичен грип, ништо повеќе. Тие што веќе беа дијабетичари тие тешко поминаа.
Едно време респираторите беа хит, јас не сум доктур, ама ич немаа логика. Плуќата полна шлаем, ти набиваш ваздух. Сега со антибиотициве, за голем дел беа погубни.

„Значи, ова станува редовна појава. Гледам и околу мене - не се тестираат и прележуваат.“- полесно ќе поминат, абрем нема со антибиотици да се трујат. А и толку готово. не се плашиме повќе од корона. Ја првиот пат си реков кој знае што ќе ми се деси, се разочарав тотално. 

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11165
  • Ќybriт Pro Max
Значи, ова станува редовна појава. Гледам и околу мене - не се тестираат и прележуваат.

Ако има официјална бројка од 2000 (рецимо) дневно новозаболени, реалната е сигурно 3000-3500...

Страшно. Среќа симптомите се благи.

реалната бројка е поголема повеќе од 5 пати од прикажаната

ние сме 5 дома, сите го прележавме, никаде не фигурираме
термини ни кажаа дека нема и дека мора да идеме приватно
јас 5 ПЦР-а да плаќам приватно за нешто што знам дека го имам, не мислам
ниту ми треба за статистика, ниту за боледување

децата го донесоа, од каде, не знам, на распуст беа
сите поминаа со 1 ден температура и 2 дена болки во грло, кашлање и омалаксаност

јас и сопругата го поминавме без температура ниту пола ден
главоболка, грло, болки низ цело тело, јас 2 дена, сопругата интензивно 3 дена, ама ја држеа скоро една недела

јас сум со 2 х фајзер уште лани летото, таа 2 х кинеска од Врање + фајзер во ноември
се самоизолиравме и поминавме со витамин Ц, Д, цедени лимони, овошје, многу вода (3Л на ден), без антибиотик

крвните слики ни се во ред после само една недела од прележување (на почетокот ЦРП 20, железо 3)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Толку помина и ова, кој со вакцина кој со прележаност, кој не помина, бидна што бидна.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4777
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Кој преживеа ќе има глупа прича за раскажуење.


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Толку помина и ова, кој со вакцина кој со прележаност, кој не помина, бидна што бидна.
Пандемијата да, вирусчето не е поминато, и ќе си врти и ќе си мутира, исто како грипчето.