Јас би дал малку поголем осврт како доцна вакциниран и прележан еднаш, а може сега и два пати:
Се вакцинирав со Синовак (го фатив последниот воз за Синовакот во МКД), втората доза ја примив сам почеток на ноември. Тука се поставуваат две прашања: зошто си се вакцинирал и зошто Синовак?
- Од лично убедување, се вакцинирав 60% заради рестрикциите и 40% заради превентива.
- Синовак одбрав затоа што лично сметам дека mRNA вакцините се доста неиспитани на подолг рок. Ова има врска со трета доза дали би примал (читај подолу)
Еден ден после примањето на втората доза, качив температура. Не, не беше нуспојава од вакцината, туку страшна коинциденција. На 03.11 направив брз тест од аптека и беше позитивен. Потоа направив крвна слика: железото беше 8 (10 - 30 е нормално, јас цел живот имам над 25), CRP беше 6 (нормално е од 0 - 5). Другите параметри беа ОК, како и леукоцитите. По симтомите што ги имав (температура, малаксаност, болки во потколеници) и по оваа крвна слика јас бев позитивен. Не направив PCR за да не заглавам и официјално, ама одев редовно на контрола на инфективно. Да не зборам што две недели седев во изолација.
Почнав да пијам додатоци во исхрана (витамини, минерали и се тоа).
По пет дена направив крвна слика. CRP-то отиде на 19, железото на 3. Температурата доаѓаше до 38.7, но со Фервекс или Парацетамол се стабилизираше. Од симптомите ми се појави и синузит кој остана до сам крај (заради него делумно изгубив мирис, кога си го издувував носот мирисав колку - толку).
Сатурацијата цело време ми беше околу 97%, од првите симптоми до крајот. Ми препишаа Сумамед (3 дена, 1x1).
Се вратив на преглед после 5 дена. Сега CRP-то отиде на 47. Температурата се намали, но беше константна преку ден од 37.1 до 37.7. Носот се затна максимум со густи и зелени мрсули. Болките во мускулите поднамалија, како и малаксаноста. Направив и CT скен на белите дробови, чисто за контрола. Уреден беше.
Ми препишаа Моксирал антибиотик (7 дена 1x1).
Е ова ме среди за брзо, температурата се изгуби полека, а и затнатиот нос помина.
Направив и тест за д-димери, некаде беа околу 490 (0 - 500 е нормално).
На 26.11 направив нова крвна слика (23 дена од првите симптоми).
Сега CRP беше 0.8, а железото беше 16 (очекував да е подобро, ама немањето апетит и нејадењето си го направи своето, ослабев 4 килограми за тие 23 дена).
Имав некоја тапа болка во двете потколеници која ја снема после две недели од оваа последна крвна слика.
Fast forward - стигнуваме до минатиот понеделник.
Станувам сабајлето, грлото ренде, потколениците ме болеа исто како во ноември (но само ден-два). Вечерта качив температура 37.7, а утревечерта дојде и до 38.5. Се напив Фервекс колку да ја спуштам малку... и толку беше. Наредниот ден имав 37.4, вечерта падна до 37 и после ја снема. Температура имав вкупно 2.5 дена.
Грлото ме болеше интензивно 3-4 дена (поткашлував заради него), носот ми се затна при крајот (4 или 5 ден) се отзатна за 2 дена.
Не се тестирав ниту со тест од аптека, ниту со PCR, ама седев дома една недела.
Малку ме зачуди колку кратко имав температура, обично ме држи 4-5 дена, Исто ме зачуди носот. Кога и да ми се затне - ме држи 10 дена како од шала.
И затоа не знам дали вториов пат беше Омикрон или не, со оглед на тоа дека фати сезона сега на настинки и грип (која ја немавме лани заради мерките + се носеа маски секаде).
Немав ни позитивен околу мене, но имав со настинати (девојката, внукот од градинка). Се немам бутано по гужви, дискотеки и слично.
И доаѓам до муабетот за трета доза - јас не би се вакцинирал со mRNA вакцина ако тие се единствени за избор во МКД (не знам што имаат сега на лагер по вакциналните пунктови). Според новиве правила на ЕУ, мене крајот на јули ми истекува 9 месеци од втората доза и тој сертификат сегашен ми станува невалиден.