Има некои дечки шо се мноогу океј и сфаќаат која е поентата на вакцина, ама има некои дечки шо или тренираат или... нз.
Каде во кој рисрч кој научник има објавено дека целта, или тоа дека со вакцинирање немаш можност да се заразиш.
Пази постоат толку тупи луѓе на светот што имаат енергија да протестираат како антиваксери да пишуваат по форму, да креираат групи по фејсбук а да не можат да напишат 2 збора на гугл да увидат која е всушност целта на вакцината и за што служат вакцините. Чијзс.

Да знаете само колку народ изумре, и се неверувачи и антиваксери, се додека не беа поставени на CPAP маски и енос тогаш се молат, плакаат пошо сакат да живеат, во тие моменти да им дадев 100000000 вакцини се ќе примеа но залудно.
Да знаат само антиваксери и неверувачи дека илјадници евра се трошеа на лекови, за кои на фамилиите лично им имам кажувано да не купуваат бидејќи шансите се многу мали, со масивна билатерална пневмонија и респираторен слободен епител помал од 10% исходот е тој.
Верувајте ми во тие моменти сите се верувачи и ја разбираат болеста и се вакцинираат.
Знаеш како велат, не можеш да му помогнеш на човек кој не сака да си помогне самиот себе.
Но мојот заклучок е, никој не заслужува таква смрт и таква фамилијарна трагедија без разлика дали биле верувачи, невррувачи, антиваксери итн.
Единствено што сакам е бар малку да ги уклучат изветреените мозочни келии, и ако има и најмала шанса со вакцина да се избегне хоспитализација, тешка клиничка слика или смрт, да идат да се вакцинираат.
Си мислам дека сум во заблуда.
Sent from my iPhone using Tapatalk