Јутуб..
Иако лично сум вакциниран, и директно не сум засегнат, вчерашната одлука на Владата ме збуни и ме мотивираше да го напишам следното, со надеж дека ќе допре каде што треба и Одлуката ќе се промени, се разбира во интерес на сите.
Целта е да бидеме помудри, да извлечеме правилни поуки и во иднина да носиме правилни одлуки во интерес на сите.
Слободата, физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени.
Државата неможе да биде позаинтересирана и позагрижена од самите граѓани за нивното здравје, поради што неуставно било од уставно правен аспект граѓаните да се присилуваат, прекршочно казнуваат и луѓето да неможат да остварат, односно да го изгубат веќе оствареното право на "избор".
Според член 8 став 1 алинеи 1, 3 и 8 од Уставот, темелни вредности на уставниот поредок на државата се основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот, владеењето на правото и хуманизмот, социјалната правда и солидарноста.
Апелирам да се повлече оваа Одлука или да се измени на поприфатлив начин за сите.
Постојат многу модалитети како граѓаните може да се "мотивираат" да се вакцинираат:парично помагање, стимулација, кампања, едукација итн.
-Ваквата Одлука остава можност за различно толкување и нивна различна примена и можност за голема правна несигурност на граѓаните.
Вака имам впечаток дека се создава:
-Нееднаквост меѓу граѓаните;
-Лицата што веќе прележале не може да се ставаат во ист кош со непрележаните;
-Лица со одредени специфични заболувања и алергии не ги вакцинираат и се ставаат во нерамноправна положба;