Сакаш у кино без имунитет, не може! Ќе си набилдаш имунитет (прележи, вакцинирај се, како ти е год ќејф), па ќе идеш во кино. Во спротивно, домче ќе си бркаш попкорн..
Се спомнуваат кино, концерти, настани... Значи логиката е „невакцинираните не се безбедни за присуство на групни настани“. Но нели е логично дека понатаму ќе следи забрана и за влез во било кои јавни простории од затворен тип каде престојуваат и присуствуваат повеќе луѓе? Наведената неебезбедност е иста во сите ситуации каде се прави концентрација од луѓе на затворен простор.
Затоа лоша аналогија се работите како кино, пошто кино е луксуз а не потреба. Но што ако се уведе забрана за влез во продавница (без сертификат за вакцина)? Ќе се забрани пристап до храна?
Пошта? Канцеларии на мобилни/интернет/итн провајдери? Продавници за техника? Итн, итн.
Што ако се забрани влез во... Забни ординации? Болници?
Кој ќе поднесе одговорност за последиците од ваква важна одлука?
Врз основа на што ќе ја донесе таа одлука? И каде ќе застанеме во одредувањето што е небезбедно/безбедно? По кои критериуми? Според присуството на антитела од конкретниов вирус? Која е науката која тврди дека мора да имаш присуство на антитела за да докажеш постоење на имунитет за вирусот?
Ова се работи кои многу се манипулираат.
И само да разграничиме, јас лично сум вакциниран.
Но загрижен сум за личните права и слободи, кои во последно време не само што се почитуваат туку сѐ повеќе отворено се газат.