Д-р Данилоски
https://zoom.mk/61704/
Мислам дека е неопходно да укажам на некои работи.
Ако биде потребна потврда за извршена имунизација, најмалку со една доза, тоа ќе се коси со Резолуцијата 2361 (2021) на Парламентарното собрание на Советот на Европа (2), иако таа, наводно, „не спречува имплементација на вакцинални пасоши“ (3).
Меѓутоа, на сите нас, после година и пол постојан стрес, ни е дозлогрдено од притисоци, поделби, дискриминации. Со вакви мерки само непотребно тие би се потенцирале. Зошто? Зашто потврдите дефинитивно значат дискриминација! И може да попримат мирис на „жолти ленти“…
Што да се прави?
По мое скромно мислење, целисходно може да биде барање на негативен антигенски (рапид) тест за – и вакцинирани и невакцинирани и прележани! Зошто? Бидејќи концентрацијата на вирусот е повисока, таа спаѓа во опсегот на детекција на рапид антигенските тестови.
Или, може да се бара потврда со број на антитела – независно дали се работи за прележани или вакцинирани со една или две дози! Зошто? Затоа што, многумина кои формално имаат потврда дека се вакцинирани со две дози, може да се случи да имаат НУЛА антитела! И со потврдата ќе одат на свадба, во кафеана… и ќе го шират вирусот – подмолно…
——————
Да расчистиме и една дилема за прележаните! Тие имаат повисоко ниво на заштита од вакцинираните само со една доза. Ако им се даде само една доза Фајзер, добиваат повисоко ниво на заштита од непрележаните вакцинирани со две дози. Со втора доза, не се постигнува никаков ефект (5,6,7,8). Ако би се користела Синовак, веројатно би биле потребни две дози.