Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1615446 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Психолог, не психијатар :)

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2766
Nevro-psihijatar.
Ke ti fuknat odma lekovi ankcioznost, u denesno vreme od 9 od 10 imaat. Ustvari 10 od 10...
Pazi opasna rabota apcinjata zemi samo ako epten se mora.

Terapija, poveke sex i opustanje u priroda, najboje sex u priroda.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Психолог, не психијатар :)
Они и меѓу себе се јадат, така да сеедно. Битното е дека, ако имаш мака треба да гледаш да си ја решиш, без ронка срам и што ќе речат другите.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Другар, ваквите работи си бараат стручна помош... Ама па и муабет правење не би требало да одмогне, освен ако не го искористиш како изговор да не побараш помош. Поназад дадоа добри совети, вклучително и тоа дека апчињата за вакви работи се незгодни, прават зависност и генерално се само краткорочна закрпа пошто не ги решаваат причините/факторите кои доведуваат до проблемот.

Јас вака скроз лаички, имам мислење дека на ваквите проблеми влијаат многу различни фактори - некои повеќе некои помалку - ама ништо не е за занемарување.

- Гастроскопија (веќе трети пат за 7-8 години, имам дијагностицирано кила на желудник + рефлукс).
На пример ова...
- каков BMI имаш (дали си дебел), килажа и висина?
- дали спортуваш?
- како се храниш, ете наброи ги најчесто употребуваните оброци во неколку денови

Освен тоа, имаш/имаше ли некои трауматични искуства?

Како што рекоа поназад, природа (и секс) е добар совет, а јас ќе додадам и редовно движење, спортување (доволно е и некое лагано кардио, ама редовно и секој ден). Исто така и некои хоби што те релаксира и ти ги преокупира мислите на конструктивни работи.
Во кола слушај си подкасти или аудиокниги, нема ни да приметиш како ти летнало времето во возење.


едит: Инаку јас имав проблеми со „рефлукс“ (и јас не знам кој би бил наш збор), ги снема откако: намалив килажа, и престанав да вечерам. 4 часови пред спиење нема оброк... Сега сум поопуштен и одвреме навреме си дозволувам грицки навечер (како пуканки, или семки/сончоглед) и малку пивце/пијачка (ама една/едно). Инаку постојат и хируршки зафати, кои ултимативно нема да помогнат ако не се сменат навиките за јадење.
« Последно менување: 08 Март 2021, 09:46:31 am Van »

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4044
  • MadaFunker
@balanar

Друже само опуштено, без нервози...знам лесно е да се каже ама потруди се.
Земи си го девојчето шетајте малку (појќе) во природа, пикник ова она сеа ќе се запролети мерак ќе биде. Фати некое хоби за продуктивно да го трошиш времето а не во секирации и нервози...крај краева подобро ти е да си пушиш од време на време мара него да ги пиеш хелекси, дијазепами..
New blood of old school

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
https://skopskoeho.mk/politsiski-chas-vo-tselata-drzhava-od-22-do-5-chasot-nautro-predlaga-komisijata/

Комисијата предлoжи воведување полициски час во Македонија од 22 навечер до 5 часот наутро

Така оди тоа, не ги спроведувај мерките и после тури им го на сите. :)
Во исто време и вакцини никако не порачувај за да не се заврши пандемијата побрзо.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Баланар, ти реков дека поправајки едно ќе расипеш друго ;D

Шала на страна, анализите ти биле во ред, потруди се да ги заборавиш епизодите на страв, батали диети и режими на исхрана, само контролирај ја количината по оброк.

Најверојатно потсвесно си се возбудил нешто, си ја регистрирал возбудата ненаоѓајки причина за истата и си се уплашил што потикнало поголема бозбуда за на крајот да резултира со паника. Таква е таа спирала, сум ја видел во кризни ситуации.
Само смирено, најди си преокупација што ќе ти ги одврати мислите, и врати си ги жолтите сијалици на фаровите :)

ПС провери си го и видот, слухот, центар за рамнотежа :)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Другар, ваквите работи си бараат стручна помош... Ама па и муабет правење не би требало да одмогне, освен ако не го искористиш како изговор да не побараш помош. Поназад дадоа добри совети, вклучително и тоа дека апчињата за вакви работи се незгодни, прават зависност и генерално се само краткорочна закрпа пошто не ги решаваат причините/факторите кои доведуваат до проблемот.

Јас вака скроз лаички, имам мислење дека на ваквите проблеми влијаат многу различни фактори - некои повеќе некои помалку - ама ништо не е за занемарување.

- Гастроскопија (веќе трети пат за 7-8 години, имам дијагностицирано кила на желудник + рефлукс).
На пример ова...
- каков BMI имаш (дали си дебел), килажа и висина?
- дали спортуваш?
- како се храниш, ете наброи ги најчесто употребуваните оброци во неколку денови

Освен тоа, имаш/имаше ли некои трауматични искуства?

Како што рекоа поназад, природа (и секс) е добар совет, а јас ќе додадам и редовно движење, спортување (доволно е и некое лагано кардио, ама редовно и секој ден). Исто така и некои хоби што те релаксира и ти ги преокупира мислите на конструктивни работи.
Во кола слушај си подкасти или аудиокниги, нема ни да приметиш како ти летнало времето во возење.


едит: Инаку јас имав проблеми со „рефлукс“ (и јас не знам кој би бил наш збор), ги снема откако: намалив килажа, и престанав да вечерам. 4 часови пред спиење нема оброк... Сега сум поопуштен и одвреме навреме си дозволувам грицки навечер (како пуканки, или семки/сончоглед) и малку пивце/пијачка (ама една/едно). Инаку постојат и хируршки зафати, кои ултимативно нема да помогнат ако не се сменат навиките за јадење.

Го „средив“ рефлуксот јас, научив со тек на време што ми смета од храна.
Едино, килата ми се појавува од време на време, ама тоа е...
Инаку, висок 185, тежок 84кг. Да напоменам дека бев 102 кила во октомври 2019-та.
Од спортување - одев на теретана до февруари 2020, со години (со прекини). Во април почнав да трчам. Трчав до октомври, потоа ми се појавија проблемите со рефлуксот и килата, ми правеа проблем со тахикардија, па малку баталив, не сум трчал од тогаш и да бидам искрен, немам некаква спортска активност од тогаш.
Да помине уште недела-две (сепак ме оперираа пред месец дена), сакав да почнам да трчам пак.

Од трауматични искуства - не. Не сум имал ништо значајно.
Оваа анксиозност ми се јавуваше секоја есен/зима и се расположувам кога ќе запролети, ама оваа ме „уби“ посебно. Можеби има удел што од дома работам исто, па...

@balanar

Друже само опуштено, без нервози...знам лесно е да се каже ама потруди се.
Земи си го девојчето шетајте малку (појќе) во природа, пикник ова она сеа ќе се запролети мерак ќе биде. Фати некое хоби за продуктивно да го трошиш времето а не во секирации и нервози...крај краева подобро ти е да си пушиш од време на време мара него да ги пиеш хелекси, дијазепами..

Јас едвај чекам да запролети... А инаку не сум пиел Хелекс/Дијазепам никогаш, различни лекарства се од Деметринов. А и него не го пијам, освен во вакви периоди.

Баланар, ти реков дека поправајки едно ќе расипеш друго ;D

Шала на страна, анализите ти биле во ред, потруди се да ги заборавиш епизодите на страв, батали диети и режими на исхрана, само контролирај ја количината по оброк.

Најверојатно потсвесно си се возбудил нешто, си ја регистрирал возбудата ненаоѓајки причина за истата и си се уплашил што потикнало поголема бозбуда за на крајот да резултира со паника. Таква е таа спирала, сум ја видел во кризни ситуации.
Само смирено, најди си преокупација што ќе ти ги одврати мислите, и врати си ги жолтите сијалици на фаровите :)

ПС провери си го и видот, слухот, центар за рамнотежа :)

Вид -0.50 на едното, -0.25 на другото.
Слух - добар.
Рамнотежа - не знам хахах


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Оваа анксиозност ми се јавуваше секоја есен/зима и се расположувам кога ќе запролети, ама оваа ме „уби“ посебно. Можеби има удел што од дома работам исто, па...
Kaков ти е ритамот на легнување/станување? Колку време спиеш просечно, и дали спиеш добро? Колку време просечно си надвор на отворено и на сонце/дневно светло? Не кажа за исхраната (како се храниш, кои ти се најчесто употребувани оброци во период од неколку денови).

Спиење и исхрана, заедно со движење и активност (вежбање) се фундаменти на здравјето, иако ретко кој лекар ќе те праша.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6580
@balanar од лично исксутво ти кажувам дека само тој што доживеал панични напади на редовна или па во најлош случај на дневна основа, разбира како се осеќаш и што значи да имаш паничен напад. Значи не е тука работата само за време на нападот и како се осеќаш, туку буквално стануваш заробеник на сопствените мисли и сите сетила во твоето тело. Ниту најблиски,ниту мајка, татко, деца, жена знаат или може да разберат што значи паничен напад, без разлика колку сакаат да ти помогнат. Батали тоа спорт, позитивни мисли, долги прошетки к*р се тресе. Сите овие работи се прекрасни немој да ме сфатиш погрешно, но нема никогаш панични напади да ги решиш така на сила со спортување или да си мислиш на сила нешто убаво.

Моја единствена препорака која што реално ќе ти го промени нешто во животот е да започнеш сеанси со психотерапевт што поскоро. Немој да очекуваш дека ќе најдеш нешто кујзнае што во твојата потсвест и која е причината за твојата анксиозност и панични напади, но гарантирам дека проблемот потекнува од потиснати мисли најчесто од детството, неубави искуства, и секако немора да потекнува све од детството може е и нешто од блиското минато. Што поскоро се консултираш со професионалец (психотерапевт) тоа подобро за тебе и тие околу тебе.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Kaков ти е ритамот на легнување/станување? Колку време спиеш просечно, и дали спиеш добро? Колку време просечно си надвор на отворено и на сонце/дневно светло? Не кажа за исхраната (како се храниш, кои ти се најчесто употребувани оброци во период од неколку денови).

Спиење и исхрана, заедно со движење и активност (вежбање) се фундаменти на здравјето, иако ретко кој лекар ќе те праша.

Просечно 5-6 саати. Обично легнувам во 2-3, станувам во 08 заради работа (преку викенд си поспивам околу 10-11).
Сонце - сонце не видов со недели (така да се изразам), освен за викенд и освен од тераса. Работам од дома од 08 - 16ч, а периодов се стемнуваше во 16 (ајде сега почна да се стемнува малку подоцна).

За оброци што да кажам...
Бев на кето до пред 1 месец, сега си ја одржувам килажата. Јадам млеко/млечни производи, месо, јајца, тесто понекогаш (иако избегнувам леб). Алкохол и газирано не сум пробал со месеци. Генерално здраво се хранам мислам.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5935
Balanar, ништо лошо не е разговорот со психолог баш напротив ако неможиш да ја пронајдеш причината за анксиозноста а често и  полу свесно ја потиснуваме еден обичен разговор со 3то лице, што не е девојка/татко, мајка може само да помогне. Во секој случај попиј го празепамот нема некој страшни последици нема да го пиеш една година или да го мешаш со други суспстанци па да ти створи проблем. Често и само од себе  знае да си замини како шо и дошло по некој период,  затоа потерај ја терапијата и гледај шо по преокупиран да бидеш низ денот да не го оставиш умот да има шанса да мисли глупости, најди си некое хоби надвор, макар и прошетки  во природа или пак низ град да се, ќе ти годат ако си затворен со работа дома.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
@balanar од лично исксутво ти кажувам дека само тој што доживеал панични напади на редовна или па во најлош случај на дневна основа, разбира како се осеќаш и што значи да имаш паничен напад. Значи не е тука работата само за време на нападот и како се осеќаш, туку буквално стануваш заробеник на сопствените мисли и сите сетила во твоето тело. Ниту најблиски,ниту мајка, татко, деца, жена знаат или може да разберат што значи паничен напад, без разлика колку сакаат да ти помогнат. Батали тоа спорт, позитивни мисли, долги прошетки к*р се тресе. Сите овие работи се прекрасни немој да ме сфатиш погрешно, но нема никогаш панични напади да ги решиш така на сила со спортување или да си мислиш на сила нешто убаво.

Моја единствена препорака која што реално ќе ти го промени нешто во животот е да започнеш сеанси со психотерапевт што поскоро. Немој да очекуваш дека ќе најдеш нешто кујзнае што во твојата потсвест и која е причината за твојата анксиозност и панични напади, но гарантирам дека проблемот потекнува од потиснати мисли најчесто од детството, неубави искуства, и секако немора да потекнува све од детството може е и нешто од блиското минато. Што поскоро се консултираш со професионалец (психотерапевт) тоа подобро за тебе и тие околу тебе.

Balanar, ништо лошо не е разговорот со психолог баш напротив ако неможиш да ја пронајдеш причината за анксиозноста а често и  полу свесно ја потиснуваме еден обичен разговор со 3то лице, што не е девојка/татко, мајка може само да помогне. Во секој случај попиј го празепамот нема некој страшни последици нема да го пиеш една година или да го мешаш со други суспстанци па да ти створи проблем. Често и само од себе  знае да си замини како шо и дошло по некој период,  затоа потерај ја терапијата и гледај шо по преокупиран да бидеш низ денот да не го оставиш умот да има шанса да мисли глупости, најди си некое хоби надвор, макар и прошетки  во природа или пак низ град да се, ќе ти годат ако си затворен со работа дома.

Да, ова го пишав и во првиот пост, размислувам и да си посетам психолог.
Многу лошо се чуствував во текот на првиот, поштено мислев дека ќе си отидам.

Ваљда нападов го асоцирав со ноќно возење сам, па сега сака да ме повторува под истите услови хах :)

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
@balanar

1. Не е нешто што нема да го пребродиш.

2. Земи една недела одмор од работа. Ако мораш да одиш на работа сведи ги обврските на минимум.

3. Почни да пешачиш барем по пет километри дневно. Во прво време од дома. Немој да возиш до некаде, а потоа да пешачиш. Добро би било ако имаш друштво но не е неопходно.

4. Побарај психолог да поразговараш со него. Распрашај се за добар психолог, не ти се потребни сто сеанси туку две три и психолог што си ја знае работата.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Следново е мое лично мислење, земи го (или батали го) како такво - морам да нагласам да не ми се залепи некој дежурен „душебрижник“.

Прво за спиење, недоволно се 5-6 часови. Истиов проблем го имаат повеќето луѓе и всушност се работи за „епидемија“ од недостаток на спиење. Ако работиш од 8, значи треба да станеш во 7, најкасно 7:30? Тоа значи дека треба да бидеш во кревет окулу 10:30 или 11, за да си дадеш шанса да отспиеш 7-8 часови... За добар циркадиски ритам требаат следниве работи: пригушено светло навечер, и топло (~3000К, или „жолото“ да биде). После зајдисонце треба и топло светло (што помалку плава боја) на екраните на компјутер/лаптоп/телефон. Што помалку дигитални сметања, телефони со звучни нотификации, итн. Сето тоа најдобро да се подеси автоматски да се исклучи во ~9 часот навечер.
Дење обратно, по цел ден да биде што посветло дома (со природна светлост) - дури и ако ти смета на работа со екранот.

Второ, за исхраната: Повеќе зеленчук и овошје. И месо секако, посебно риба. Треба и суплементација на некои основни работи кои фалат во нормална исхрана, посебно витамин Д и посебно во ваков случај како твојот кога не може повеќе време да поминуваш на сонце (а такви с(м)е и повеќето луѓе, посебно во зима). Витамин Ц, витамин А, цинк, магнезиум, селен (итн), се други потребни работи кои е потребно да се суплементираат.

Ништо не те кошта да се обидеш. Консултирај доктор, ама и нутриционист... А за спиењето, не знам дали овде има специјалисти за спиење (доктори) ама обиди се да спиеш повеќе, и да легнуваш многу порано.

Алкохол и газирано не сум пробал со месеци.
Ете го проблемот!  ;D



едит, бонус ствари за спиење:

Пократко:


Подолго: