Другар, ваквите работи си бараат стручна помош... Ама па и муабет правење не би требало да одмогне, освен ако не го искористиш како изговор да не побараш помош. Поназад дадоа добри совети, вклучително и тоа дека апчињата за вакви работи се незгодни, прават зависност и генерално се само краткорочна закрпа пошто не ги решаваат причините/факторите кои доведуваат до проблемот.
Јас вака скроз лаички, имам мислење дека на ваквите проблеми влијаат многу различни фактори - некои повеќе некои помалку - ама ништо не е за занемарување.
- Гастроскопија (веќе трети пат за 7-8 години, имам дијагностицирано кила на желудник + рефлукс).
На пример ова...
- каков BMI имаш (дали си дебел), килажа и висина?
- дали спортуваш?
- како се храниш, ете наброи ги најчесто употребуваните оброци во неколку денови
Освен тоа, имаш/имаше ли некои трауматични искуства?
Како што рекоа поназад, природа (и секс) е добар совет, а јас ќе додадам и редовно движење, спортување (доволно е и некое лагано кардио, ама редовно и секој ден). Исто така и некои хоби што те релаксира и ти ги преокупира мислите на конструктивни работи.
Во кола слушај си подкасти или аудиокниги, нема ни да приметиш како ти летнало времето во возење.
едит: Инаку јас имав проблеми со „рефлукс“ (и јас не знам кој би бил наш збор), ги снема откако: намалив килажа, и престанав да вечерам. 4 часови пред спиење нема оброк... Сега сум поопуштен и одвреме навреме си дозволувам грицки навечер (како пуканки, или семки/сончоглед) и малку пивце/пијачка (ама една/едно). Инаку постојат и хируршки зафати, кои ултимативно нема да помогнат ако не се сменат навиките за јадење.
Го „средив“ рефлуксот јас, научив со тек на време што ми смета од храна.
Едино, килата ми се појавува од време на време, ама тоа е...
Инаку, висок 185, тежок 84кг. Да напоменам дека бев 102 кила во октомври 2019-та.
Од спортување - одев на теретана до февруари 2020, со години (со прекини). Во април почнав да трчам. Трчав до октомври, потоа ми се појавија проблемите со рефлуксот и килата, ми правеа проблем со тахикардија, па малку баталив, не сум трчал од тогаш и да бидам искрен, немам некаква спортска активност од тогаш.
Да помине уште недела-две (сепак ме оперираа пред месец дена), сакав да почнам да трчам пак.
Од трауматични искуства - не. Не сум имал ништо значајно.
Оваа анксиозност ми се јавуваше секоја есен/зима и се расположувам кога ќе запролети, ама оваа ме „уби“ посебно. Можеби има удел што од дома работам исто, па...
@balanar
Друже само опуштено, без нервози...знам лесно е да се каже ама потруди се.
Земи си го девојчето шетајте малку (појќе) во природа, пикник ова она сеа ќе се запролети мерак ќе биде. Фати некое хоби за продуктивно да го трошиш времето а не во секирации и нервози...крај краева подобро ти е да си пушиш од време на време мара него да ги пиеш хелекси, дијазепами..
Јас едвај чекам да запролети... А инаку не сум пиел Хелекс/Дијазепам никогаш, различни лекарства се од Деметринов. А и него не го пијам, освен во вакви периоди.
Баланар, ти реков дека поправајки едно ќе расипеш друго 
Шала на страна, анализите ти биле во ред, потруди се да ги заборавиш епизодите на страв, батали диети и режими на исхрана, само контролирај ја количината по оброк.
Најверојатно потсвесно си се возбудил нешто, си ја регистрирал возбудата ненаоѓајки причина за истата и си се уплашил што потикнало поголема бозбуда за на крајот да резултира со паника. Таква е таа спирала, сум ја видел во кризни ситуации.
Само смирено, најди си преокупација што ќе ти ги одврати мислите, и врати си ги жолтите сијалици на фаровите 
ПС провери си го и видот, слухот, центар за рамнотежа 
Вид -0.50 на едното, -0.25 на другото.
Слух - добар.
Рамнотежа - не знам хахах