Не можеме ние да се потпреме на моделот на Шведска, пред се заради менталитетот. Тие не се шапшали како нас тука.
Чекам ред некни за во маркет. Излегува еден, влегува еден. Јас на ред, чекам да излезе некој, и да ми дозволи вработената да влезам.
Една постара госпоѓа, цап-цап-цап, ни добар ден, ни што се чека тука, ни "може ли да влезам, да не е гужва внатре", има ли редица пред маркетов... Ништо.
Си влезе. Ја погледнав вработената, ми вика "што да и правам, почекај".
Ова е еден од милион примери на нашата култура и менталитет. Шведска е далеку од нас.
И јас на истава госпоѓа ќе и оставам на свест да се понаша лабаво во време на пандемија?
Мало сутра.