Интересно...
https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zdravje/profesot-joanidis-ima-da-ni-kazhe-neshtoОва фијаско на податоците создава неверојатна неизвесност околу ризикот за умирање од ковид-19. Официјалните бројки, меѓу нив и онаа на СЗО за смртност од 3,4% предизвикуваат хорор а се бесмислени бидејќи меѓу тестираните има диспропорционално повеќе лица со изразени симптоми и со лоши епилози. Повеќето здравствени системи имаат слаби капацитети за тестирање па неточната селекција ќе носи уште понеточни резултати во блиска иднина.
Единствена ситуција во која цела, затворена популација била тестирана се луѓето на крузерот Дајмонд Принсес. Кај нив стапката на смртност изнесува 1% но треба да се има предвид дека е тоа главно возрасна популација кај која фаталниот исход е далеку повисок од кај останатите.
Проектирајќи ја стапката на смртност од крузерот на возрасната структура на популацијата на САД, се добива проценка дека таа меѓу заразените ќе изнесува 0,125%. Бидејќи таа се темели на навистина мала група (700 заразени, седум мртви), реалната стапка на смртност би можела да се движи од од пет пати помала (0.025%) до пет пати поголема (0.625%). Разумно би било да се процени дека меѓу општата американска популација, стапката на смртност би се движела меѓу 0.05% и 1%.
Професор Јоанидис потсетува на една серија аутопсии тестирани на респираторни вируси на 57 стари лица починати за време на грипот во 2016/2017. Вируси на инфлуенца се најдени во 18% од нив, додека некаков респираторен вирус дури во 47%. Со други зборови, позитивен тест на коронавирус не значи дека неопходно вирусот бил примарна причина за смртта.