ОК, да се обидам овака.
Факти:
1. Вакцините си ја вршат основната намена - профилакса против заразни болести и значително намалување на инциденцата на смртност и траен инвалидитет (*);
2. Вакцините
можат да предизвикаат несакани последици (**);
3. Вакцините поттикнуваат имунитет на стадо, покривајќи ги и имунокомпромитираните пациенти (***);
(*)
https://www.vaccines.gov/basics/work/index.html(**)
https://www.vaccines.gov/basics/safety/side_effects/index.html(***)
https://www.niaid.nih.gov/research/vaccine-benefits(*) и (**) се линкови од сајт кој е поддржан од федералната влада на САД, поточно Канцеларијата за национална програма за вакцинација. Во рамките на својот импресум, сајтот назначува дека е информативен, и препорачува директна консултација со медицински професионалец, но сепак наведува дека наводите и информациите на сајтот се проверувани редовно од медицински професионални организации, помеѓу кои CDC, NIH, FDA и дури Министерство за одбрана (
https://www.vaccines.gov/about.html).
(***) е линк од сајт на Националниот институт за алергии и заразни болести, повторно под капата на федералната влада на САД. Во склопот на организацијата имаат и оддел за развој на вакцини.
Претпоставки:
1. Вакцините во МК се неквалитетни;
2. Квалитетот на вакцините зависи од типот на вакцината (ацелуларна / инактивиран вирус);
3. Неквалитетните вакцини предизвикуваат несакани последици.
Постои ли можност овие претпоставкиве погоре да се претворат во факти? Повторно назначувам, факти, а не мислења.
Еве на пример, за типовите на вакцини (
https://www.niaid.nih.gov/research/vaccine-types).