Јас ги разбирам тие што немаат доверба во системот, заради очигледната состојба на Здравството. Но јас не повикувам на избегнување на вакцинирање. Само велам дека треба да се има поголема свесност и треба активно да се бара поголем квалитет за парите кои ги плаќаме (ние што работиме и што плаќаме даноци). Под квалитет се подразбираат и посоодветни и посовремени вакцини, ете ако мора со пример - такви какви што употребуваат во Германија, или Шведска, Норвешка. И пред било кој да каже дека не сме богати како тие држави, веднаш ќе кажам дека ако на децата, на иднината, треба да „штедиме“ - тогаш веќе отишло се во бестрага.