Ете, кој не му функционира вакво, си има приватно, па нека се опрчи како што треба. Сега има и осигурителни фондови, па може и осигруање да му плати.
Ете.

Со тоа што:
1. Во интерес на јавно здравство е пациентот да не се врати (да биде излечен) затоа што е трошок, за сметка на приватното каде returning patients се златна кокошка (затоа што се приход);
2. Приватно здравство не издава информации под "закон за слободен пристап на информации од јавен карактер", што ќе рече нема ни обврска да означи од каде/кого/како/кога врши набавка на материјали (лекови/реагенси/алати);
3. Јавното здравство издава истражувања/написи/проценки со цел подигнување на општа свест, додека приватното тежнее кон себепромоција.
И ништо од ова не треба да биде чудно ниту неочекувано - се работи за различни бизнис модели.
Како што трчаат сега да си ги вацкинираат децата антиваксерите.
Недостатоците во јавното здравство се покажуваат и на една од нивните основни дејности, а тоа е здравствено образование. А секој родител, ултимативно се грижи за своето дете.
За жал... таквиот пристап води кон поголем проблем на долги патеки. Постојат причини (*) зошто имунизациониот календар е таков каков што е.
(*) Да се разбереме, медицината не е безгрешна - пред 35 години, се ограничувало изложувањето на плодовите на ултразвучни прегледи затоа што немало емпириски докази дека нема негативно да се одразат на плодот. Тоа не е случај со вакцините. Малку шетање (**) по јавни здравствени установи, и прегледување на документи (еден куп издадени монографии кои не се дигитализирани) ќе покажат колку основа всушност има во инсистирањето на вакцинација.
(**) А верувам дека малку губење време во вистинска интеракција со луѓе кои работеле имунизација 30+ години не е голем проблем за луѓето кои сакаат да имаат проверени информации.