Убаво се објасни во интервјуто зошто производство и увоз на ГМО е контрапродуктивно за Македонија. Прво, веќе сме ориентирани кон органско производство (со декларации, субвенции, и се друго), и ваквите мерки можат само да ни го расипат пласманот и пазарот за органски производи. Најголем таков пазар е Русија. Ова се разбира го знаат тие што промовираат ГМО во држава, одработуваат за тие што донесоа на власт - а тие што ги влечат конците сакаат прекин на секаква соработка со Русија. Па сеедно што тоа ќе биде финансиски погубно за нашето стопанство, пошто тоа не ги интересира. И не е дека само кај нас го прават ова, низ цел свет истото се прави - баш на друга тема се пишуваше за мешањето на вакви внатрешни работи на Германија. Само што таму им кажаа да не се понашаат како колонијалисти (за разлика од овде каде на нашиве клептократи цела фаца им е изгомнета од лижење странски задници).
Второ, како што убаво објаснија во видеото - немаме потреба од производство на ГМО. Имаме доволно обработлива земја која и онака е неискористена, и нема зошто да ја уништуваме таа почва и подземните води со хербицидите кои мора да се употребуваат во производство на ГМО (секоја година се повеќе и повеќе). Дап, пак доаѓаме до поврзаноста на ГМО и хербицидите која свесно одбиваш да прифатиш не само дека постои, туку дека е дефинирачка особина на ГМО посевите, такви какви што реално се денес.
Не слушнав ни еден аргумент...
Се разбира дека не слушна, како и во муабетот за ГМО - слушаш само тоа што сакаш да го слушнеш. Кога ти се објаснува дека најголемиот дел од генетски модификации на ГМО се токму модификации за отпорност на глифосат хербицидот, твојата реакција е ваква како подолу:
