Жива глупост е тоа што го предлагаш. Еве, јас не би имал проблем да ме има на таа листа, но не секој родител би сакал да биде на некоја листа која потенцијално покажува дека неговото дете има некои посебни здравствени потреби. (ете ти одговор зошто е глупост).
Од друга страна, секој оној кој одбива да се вкацинира и да ги вакцинира своите деца, претставува ризик и поголем трошок за ова општество од оној кој со врски добил некоја привилегија. Како? Така, фино: Градинки се затворени, можно е и школското полугодие да почне со закансување, непотребно повеќе деца се на инфективна клиника, можност од трајни последици кои бараат доживотни трошоци од фондот за здравство, и други последици кои може да се појават, а да бидат финансики терет на здравствениот буџет, све собрано далеку поголем од виенските концерти на кои што отишле глаучите.