Да се послужам со твојот камен. Ти друже Лаки - дали ТИ си образуван Доктор со диплома?
Колку што знам, не си. Во тој случај од која позиција судиш дали јас можам или не можам да анализирам медицински податоци, медицински информации и медицински резултати?
Муабетот ми е, за мене е во ред е што имаш мислење. Но играј според правилата кои сам ги поставуваш. Не прави заклучоци кои може да ги направи само некој од позиција на авторитет - пошто баш за тоа (погрешно) ме обвинуваш.
Прво, неповрзано. Лу-Ки. Луки. Ако го читаше како американец од длабокиот југ ќе ти излезеше Лукај. Ако го читаше како Англичанец, ќе го читаше Л(Лј)укѝ. Не Лаки.
Друго, дефинирај каков доктор. По медицина? По природни науки? По општествени науки? Инженерски науки?
За да добиеш титула за доктор по медицина после пет години студии, на медицински факултет учиш само основи на математика. Во кои не спаѓа подготвување и извршување на научни експерименти, собирање податоци од истите експерименти и правење математичка и статистичка анализа на собраните податоци. Поради таа причина, докторати и истражувања во медицината многу често се повикуваат на помош на математичари/статистичари за практична помош во делот на подготвување на податоците за статистичка анализа, како и за нивно анализирање, за добивање на одредено множество резултати. НО, овие резултати ниту се интерпретирани ниту се корелирани од истите тие математичари кои ги добиле тие бројки/резултати.
Конкретно, лично сум имал искуство со подготовка и анализа на податоци од истражувања сврзани со мозочни тумори. Ниту сум лекар/доктор по медицина, или некаков друг “доктор“. Му помогнав на мој драг пријател затоа што имам погодно искуство и знаења и вештини добиени со формално и неформално образование кое содржело математика, статистика, пробабилистика и вештини поврзани со собирање и анализа на податоци. Податоците/бројките/цифрите/сумите/резултатите и ден-денешен се објавени, стојат и мојот пријател си го објави неговото истражување.
Ситуацијата е друга ако зборуваш за доктор по природни науки или доктор-инженер. Таму формалните квалификации, спроведување на експерименти, користење на научен метод се сосема други и во нив спаѓа длабоки познавања од сопствениот домен на истражувања, познавања на напредни нивоа на математика, статистика, пробабилистика, дискретни структури, и во зависност на која од природните науки ќе добиеш титула, длабоки и напредни познавања поврзани со анализа на сурови податоци, статистичка анализа, подготовка на податоци, и правилна интерпретација на резултатите. Поради најчесто систематскиот недостаток на такви знаења на западните универзитети се нудат најразлични додатни предмети/курсеви и слични помошни активности да ги воведат младите истражувачи од природните науки на правилен пат и начин на истражување, анализа, документирање и интерпретација на резултатите од нивните идни истражувања.
Ситуацијата во општествените науки и истражувањата не ги коментирам. Иако и за нивните науки и истражувања треба да користат валидиран и правилен научен метод пропратен со математичко-статистички анализи. Но за жал најчесто нивниот труд се вреднува со колку страници напишале, и дали во тие 500 страници успеале да го заспијат читателот.
Си се послужил со погрешниот камен. Јас ниту ги интерпретирав ниту дадов свое мислење конкретно за тие студии што ги постираше. Јас само ги парафразираф резултатите кои се анализирани и инерпретирани од самите автори на студиите. Со други зборови, јас не направив никакви заклучоци туку преведов и парафразирав некој што веќе направил такви истражувања и резултати.
Моето искрено мислење е мое искрено мислење. Ниту е факт, ниту е абсолутна вистина, а уште помалку суд или изблик на некаков авторитет. Објективно гледано, вредноста на моите чкрбаници тука е блиску до ништо. Ти не се согласуваш со него, и тоа е сосема ОК.
Апсолутно НИШТО не зборувам од позиција на авторитет.
Како што гледаш самиот неколку пати нагласив дека мојата позадина е таа на љубопитен ентузијаст. Понатаму, секако дека е добро да покажувам научни студии. Со тоа ги аргументирам моите тези и мислења, милион светлосни години подобро од мнозинството овде кои ништо не истражиле за себе и повторуваат некоја пропаганда од авторитетите. Пошто авторитетите првенствено имаат потреба да го менаџираат и држат под контрола стадото, а не секогаш тоа е во најдобар интерес на стадото, ниту секогаш е најздравата опција за стадато. Државното здравство влегува во истиов аргумент, се разбира.
Понатаму, тоа за „споделување “разводнети“ линкови“. Што не споделиш ти други научни студии кои го докажуваат спротивното од мојата теза?
Или полесно е општо критикување на туѓата теза само со свое лично неаргументирано мислење?
Баш моментот што нагласуваш дека си љубопитен ентузијаст е тој што те става во позиција дека се што тврдиш не треба да се зема здраво за готово. Затоа што си љубопитен ентузијаст. Твоите тези може да си ги аргументираш со што сакаш и како сакаш. Но, проблемот конкретно со постовите од овие два-три дена е тоа што ти велиш едно, резултатите од истражувањата кои ти ги користиш како аргументи велат друго. Корелацијата и поврзувањето на резултатите од тие истражувања кон твоите идеи, размислувања и мислења ги аргументираш со постоењето на т.н. “голема/широка слика“. На крај краеви, твоја работа е како ќе си го искажуваш твоето мислење и како ќе си ги аргументираш твоите конјункции, поврзувања и теории. Но, со мафтањето со научни истражувања кои имаат доста сталожени и поскромни резултати отколку нештата кои ти ги зборуваш и поплнувањето на празнините во логиката со “големата слика“ не е баш некој меродавен начин за донесување на информирани заклучоци и/или знаења на кои некој треба да се ослони за да биде по-образован и да не биде “дел од стадото“.
“Разводнетите линкови за широката популација“ е твој израз за твоите линкови. Начинот на кој ги презентираш тие линкови дека секој може да ги разбере, имплицира дека има линкови кои не секој може да ги разбере. А бидејќи ти ги имаш тие линкови и тврдиш дека ги разбираш, уствари се ставаш во тие што не се дел од “стадото“ и “широката популација“. Другар, класичен еготрип.
Но да се навратам, за последното, неаргументираното мислење или моето “контра мислење“. Зошто мора да е црно-бело? Или џа или бу? Како што напишав претходно, ги прочитав сите работи што ги пушти како онлајн ресурси. Презентираат истражувања, наоди, и најмногу од се, нови насоки кон кои треба да се инвестира време, пари, ресурси и знаења за да се истражува и да се дојдат до нови сознанија. Ниеден ресурс од тие не ги потврди твоите аргументи, туку само кажува дека има индиции и дека треба да се доистражат. И најверојатно е така. Ако се сеќаваш за една наша дискусија од пред неколку месеци за изворот на информации, запрашај се зошто сега ја нема истата дискусија.
Јас не можам да проценувам, да „квалификувам“, ама ТИ имаш квалификации да ме класифицираш мене како неквалификуван за анализирање?
Колку е тешка иронијата овде?
Во твојата аргументација и интерпретација има основни аналитички грешки во делот на интепретацијата на презентираните резултати во истражувањата. Мојата оценка и мислење се однесува за контекстот околу истражувањата. Првата и втората реченица од тој параграф точно ти го определуваат контекстот во кој го давам моето мислење. Ако го осеќаш како личен напад на тебе и на твоите вештини, тогаш не можам да ти помогнам. Во науката и истражувањата најчесто нема место за такви емоции. Во нормалниот живот, на крај краеви, твој живот, твоја глава, твоја работа.
Во ред е секој да има право на став и на мислење. За мене е тоа во ред. Ама во моите очи, некој што читал и се трудел да влезе подлабоко во некоја проблематика секогаш е милион светлосни години пред простите дронови кои не ги интересира ништо ново да научат, и како одбрамбен механизам ја повторуваат како мантра пропагандата од нивните авторитети - која не ја разбираат, и затоа не можат објективно да ја дискутираат. Така доаѓаме до она „јас имам доверба во системот“... Иако и на слеп му е јасно дека системот, т.е. Здравството, се распаѓа и пука по сите шавови, пациенти умираат секој ден и никој од системот од најгоре до најдолу, не сноси одговорност за ништо.
Епа тоа е слабоста на системот друже Лаки. Луѓето и нивната неукост и глупавост, немањето поим дека со гласањето на избори имаат алатка и можност за подобрување на работите. Можност за слушање на нивниот глас. Слабоста на системот е во нивната неукост и несвесност за сопствените можности, и одговорноста да знаат повеќе и да направат повеќе.
Нема ништо апстрактно во ова. НИШТО!
Секој си го вреднува и проектира различно неговото време, енергија, труд и интереси. Во текот на вреднувањето на својот живот, знаења, интереси, време ако користиш навредливи зборови за да си го напумпаш сопственото его за сметка на “простите дронови“ е исто сопствен избор. На пример, моите искуства велат дека немам потреба да навредам некој, а уште помалку да повишам глас за да пренесам поента, мислење, знаење, команда, критика или билоштоидае. Но тоа се мои искуства и мој светоглед, не сме сите исти под сонцето.
пс. Не ми ја сфати суптилната заебанција за “апстрактното македонско здравство“. Апстрактно, со други зборови, не постои. Во превод, се согласувам со се што мислиш за него. Ама мислиш дека ова е ад хоминем и си заслепен дека те контрам во секој момент.