Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1607849 пати)

Отсутен aronmacedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 240
Што е алтернатива за пеницилин?

?
макролидни антибиотици - кларитромицин,  еритромицин, мидекамицин, азитромицин.  Плус  она што ти го напиша Симо

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Фала ти и на тебе!
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Еве да го цитирам најважното од целиов пост  :D

Цитат
Друго, обрни повеќе внимание на начинот на кој се пишувани и аргументирани овие истражувања, и во нив никогаш нема да го забележиш твојот начин на аргументација кој го користиш тука на форумот. Никој од нив не прави инцидентни изјави и сомнителни врски помеѓу причина-последица, и особено не кога има недостаток на податоци и сознанија.

Цитат
Конкретно за истражувањата, ти недостатуваат основните вештини за анализа на податоци, информации и резултати во даден контекст без да паднеш на искушението да ги гледаш и анализираш резултатите од поинаков контекст, средина и еко-систем во кој тие истражувања се направени и се добиени резултати такви какви што се добиени.

Цитат
Понатаму, не знам дали имаш практични вештини од статистика, математика, математичка статистика и дискретни структури за да можеш да ги изанализираш податоците самиот и да видиш дали ќе дојдеш до истите заклучоци и сознанија од податоците презентирани во истражувањата. Не е тоа критика, туку реалност која сам ја признаваш (со други зборови, лаик си).

Иронијата е што...

ја глуп сум
на Ван нормално
поголем му е

 ;D ;D  :D

Ова е нивото на кое Влатче ги разбира пишувањата овде.
Влатче душо, не си ја мачи душичката... Иди надвор играј си снегот и остави ги чичковците да разговараат на раат, важи?   :D

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Искрено, јас немам впечаток дека си спремен да дискутираш на оваа тематика околу овие истражувањата. Конкретно за истражувањата, ти недостатуваат основните вештини за анализа на податоци, информации и резултати во даден контекст без да паднеш на искушението да ги гледаш и анализираш резултатите од поинаков контекст, средина и еко-систем во кој тие истражувања се направени и се добиени резултати такви какви што се добиени. Понатаму, не знам дали имаш практични вештини од статистика, математика, математичка статистика и дискретни структури за да можеш да ги изанализираш податоците самиот и да видиш дали ќе дојдеш до истите заклучоци и сознанија од податоците презентирани во истражувањата. Не е тоа критика, туку реалност која сам ја признаваш (со други зборови, лаик си).
Да се послужам со твојот камен. Ти друже Лаки - дали ТИ си образуван Доктор со диплома?
Колку што знам, не си. Во тој случај од која позиција судиш дали јас можам или не можам да анализирам медицински податоци, медицински информации и медицински резултати?

Муабетот ми е, за мене е во ред е што имаш мислење. Но играј според правилата кои сам ги поставуваш. Не прави заклучоци кои може да ги направи само некој од позиција на авторитет - пошто баш за тоа (погрешно) ме обвинуваш.



Цитат
Понатаму, воопшто не негирам дека немаш прочитано многу работи, но тој факт тебе не те прави авторитет дека по автоматизам корелацијата што ја ставаш под капата на “поголемата/генералната слика“ е всушност точна. Колку што ме држи сеќавањето, со ставањето на самиот себена повисок пиедестал и даваш аргументи од позиција на авторитет кон “пошироката публика“ со споделување “разводнети“ линкови, е исто дел од т.н. заблуди.

Конкретно за автоимуните болести и најразличните форми на воспаленија, исто тука никој не го изнегира нивното постоење или спомна дека грешиш и за нив.

Апсолутно НИШТО не зборувам од позиција на авторитет.
Како што гледаш самиот неколку пати нагласив дека мојата позадина е таа на љубопитен ентузијаст. Понатаму, секако дека е добро да покажувам научни студии. Со тоа ги аргументирам моите тези и мислења, милион светлосни години подобро од мнозинството овде кои ништо не истражиле за себе и повторуваат некоја пропаганда од авторитетите. Пошто авторитетите првенствено имаат потреба да го менаџираат и држат под контрола стадото, а не секогаш тоа е во најдобар интерес на стадото, ниту секогаш е најздравата опција за стадато. Државното здравство влегува во истиов аргумент, се разбира.

Понатаму, тоа за „споделување “разводнети“ линкови“. Што не споделиш ти други научни студии кои го докажуваат спротивното од мојата теза?
Или полесно е општо критикување на туѓата теза само со свое лично неаргументирано мислење?



Цитат
Трето, не можеш да оквалификуваш дека некој нема желба да се едуцира или да има информирано мислење само затоа што неговиот когнитивен модел, разбирање и слободно-временско едуцирање довело до различни размислувања, ментални модели и светоглед довеле до различни размислувања од твоите. Се што можеш да заклучиш е, дека има различни размислувања од твоите. Ништо повеќе и ништо помалку. Со внесување и користење на аргумент “јас сум многу поначитан“ само покажува слабост и немање аргументи особено кога се работи за интерпретација и разбирање на абстрактен систем како “македонското здравство“.

Јас не можам да проценувам, да „квалификувам“, ама ТИ имаш квалификации да ме класифицираш мене како неквалификуван за анализирање?
Колку е тешка иронијата овде?  ;)

Во ред е секој да има право на став и на мислење. За мене е тоа во ред. Ама во моите очи, некој што читал и се трудел да влезе подлабоко во некоја проблематика секогаш е милион светлосни години пред простите дронови кои не ги интересира ништо ново да научат, и како одбрамбен механизам ја повторуваат како мантра пропагандата од нивните авторитети - која не ја разбираат, и затоа не можат објективно да ја дискутираат. Така доаѓаме до она „јас имам доверба во системот“... Иако и на слеп му е јасно дека системот, т.е. Здравството, се распаѓа и пука по сите шавови, пациенти умираат секој ден и никој од системот од најгоре до најдолу, не сноси одговорност за ништо.

Епа тоа е слабоста на системот друже Лаки. Луѓето и нивната неукост и глупавост, немањето поим дека со гласањето на избори имаат алатка и можност за подобрување на работите. Можност за слушање на нивниот глас. Слабоста на системот е во нивната неукост и несвесност за сопствените можности, и одговорноста да знаат повеќе и да направат повеќе.
Нема ништо апстрактно во ова. НИШТО!

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Еве да го цитирам најважното од целиов пост  :D

Цитат
Друго, обрни повеќе внимание на начинот на кој се пишувани и аргументирани овие истражувања, и во нив никогаш нема да го забележиш твојот начин на аргументација кој го користиш тука на форумот. Никој од нив не прави инцидентни изјави и сомнителни врски помеѓу причина-последица, и особено не кога има недостаток на податоци и сознанија.

Цитат
Конкретно за истражувањата, ти недостатуваат основните вештини за анализа на податоци, информации и резултати во даден контекст без да паднеш на искушението да ги гледаш и анализираш резултатите од поинаков контекст, средина и еко-систем во кој тие истражувања се направени и се добиени резултати такви какви што се добиени.

Цитат
Понатаму, не знам дали имаш практични вештини од статистика, математика, математичка статистика и дискретни структури за да можеш да ги изанализираш податоците самиот и да видиш дали ќе дојдеш до истите заклучоци и сознанија од податоците презентирани во истражувањата. Не е тоа критика, туку реалност која сам ја признаваш (со други зборови, лаик си).

Иронијата е што...

ја глуп сум
на Ван нормално
поголем му е

 ;D ;D  :D

Ова е нивото на кое Влатче ги разбира пишувањата овде.
Влатче душо, не си ја мачи душичката... Иди надвор играј си снегот и остави ги чичковците да разговараат на раат, важи?   :D
Тебе ни куриров не ти е рамен. Знам дека те боли тоа што го напишав, јебига.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Што е алтернатива за пеницилин?

?
макролидни антибиотици - кларитромицин,  еритромицин, мидекамицин, азитромицин.  Плус  она што ти го напиша Симо
Имаше некоја поента со трудниците, така да ако станува збор за трудница смее само пеницилин, т.е. баш  што познавам трудница имаше некоја бактерија, можеше само пеницилин да пие, но не и дадоја ради алергијата... Секако ако е за машко, терај мишко има и други алтернативи .

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General

Да се послужам со твојот камен. Ти друже Лаки - дали ТИ си образуван Доктор со диплома?
Колку што знам, не си. Во тој случај од која позиција судиш дали јас можам или не можам да анализирам медицински податоци, медицински информации и медицински резултати?

Муабетот ми е, за мене е во ред е што имаш мислење. Но играј според правилата кои сам ги поставуваш. Не прави заклучоци кои може да ги направи само некој од позиција на авторитет - пошто баш за тоа (погрешно) ме обвинуваш.

Прво, неповрзано. Лу-Ки. Луки. Ако го читаше како американец од длабокиот југ ќе ти излезеше Лукај. Ако го читаше како Англичанец, ќе го читаше Л(Лј)укѝ. Не Лаки.

Друго, дефинирај каков доктор. По медицина? По природни науки? По општествени науки? Инженерски науки?

За да добиеш титула за доктор по медицина после пет години студии, на медицински факултет учиш само основи на математика. Во кои не спаѓа подготвување и извршување на научни експерименти, собирање податоци од истите експерименти и правење математичка и статистичка анализа на собраните податоци. Поради таа причина, докторати и истражувања во медицината многу често се повикуваат на помош на математичари/статистичари за практична помош во делот на подготвување на податоците за статистичка анализа, како и за нивно анализирање, за добивање на одредено множество резултати. НО, овие резултати ниту се интерпретирани ниту се корелирани од истите тие математичари кои ги добиле тие бројки/резултати.

Конкретно,  лично сум имал искуство со подготовка и анализа на податоци од истражувања сврзани со мозочни тумори. Ниту сум лекар/доктор по медицина, или некаков друг “доктор“. Му помогнав на мој драг пријател затоа што имам погодно искуство и знаења и вештини добиени со формално и неформално образование кое содржело математика, статистика, пробабилистика и вештини поврзани со собирање и анализа на податоци. Податоците/бројките/цифрите/сумите/резултатите и ден-денешен се објавени, стојат и мојот пријател си го објави неговото истражување.

Ситуацијата е друга ако зборуваш за доктор по природни науки или доктор-инженер. Таму формалните квалификации, спроведување на експерименти, користење на научен метод се сосема други и во нив спаѓа длабоки познавања од сопствениот домен на истражувања, познавања на напредни нивоа на математика, статистика, пробабилистика, дискретни структури, и во зависност на која од природните науки ќе добиеш титула, длабоки и напредни познавања поврзани со анализа на сурови податоци, статистичка анализа, подготовка на податоци, и правилна интерпретација на резултатите. Поради најчесто систематскиот недостаток на такви знаења на западните универзитети се нудат најразлични додатни предмети/курсеви и слични помошни активности да ги воведат младите истражувачи од природните науки на правилен пат и начин на истражување, анализа, документирање и интерпретација на резултатите од нивните идни истражувања.

Ситуацијата во општествените науки и истражувањата не ги коментирам. Иако и за нивните науки и истражувања треба да користат валидиран и правилен научен метод пропратен со математичко-статистички анализи. Но за жал најчесто нивниот труд се вреднува со колку страници напишале, и дали во тие 500 страници успеале да го заспијат читателот.

Си се послужил со погрешниот камен. Јас ниту ги интерпретирав ниту дадов свое мислење конкретно за тие студии што ги постираше. Јас само ги парафразираф резултатите кои се анализирани и инерпретирани од самите автори на студиите. Со други зборови, јас не направив никакви заклучоци туку преведов и парафразирав некој што веќе направил такви истражувања и резултати.

Моето искрено мислење е мое искрено мислење. Ниту е факт, ниту е абсолутна вистина, а уште помалку суд или изблик на некаков авторитет. Објективно гледано, вредноста на моите чкрбаници тука е блиску до ништо. Ти не се согласуваш со него, и тоа е сосема ОК.

Апсолутно НИШТО не зборувам од позиција на авторитет.

Како што гледаш самиот неколку пати нагласив дека мојата позадина е таа на љубопитен ентузијаст. Понатаму, секако дека е добро да покажувам научни студии. Со тоа ги аргументирам моите тези и мислења, милион светлосни години подобро од мнозинството овде кои ништо не истражиле за себе и повторуваат некоја пропаганда од авторитетите. Пошто авторитетите првенствено имаат потреба да го менаџираат и држат под контрола стадото, а не секогаш тоа е во најдобар интерес на стадото, ниту секогаш е најздравата опција за стадато. Државното здравство влегува во истиов аргумент, се разбира.

Понатаму, тоа за „споделување “разводнети“ линкови“. Што не споделиш ти други научни студии кои го докажуваат спротивното од мојата теза?
Или полесно е општо критикување на туѓата теза само со свое лично неаргументирано мислење?

Баш моментот што нагласуваш дека си љубопитен ентузијаст е тој што те става во позиција дека се што тврдиш не треба да се зема здраво за готово. Затоа што си љубопитен ентузијаст. Твоите тези може да си ги аргументираш со што сакаш и како сакаш. Но, проблемот конкретно со постовите од овие два-три дена е тоа што ти велиш едно, резултатите од истражувањата кои ти ги користиш како аргументи велат друго. Корелацијата и поврзувањето на резултатите од тие истражувања кон твоите идеи, размислувања и мислења ги аргументираш со постоењето на т.н. “голема/широка слика“. На крај краеви, твоја работа е како ќе си го искажуваш твоето мислење и како ќе си ги аргументираш твоите конјункции, поврзувања и теории. Но, со мафтањето со научни истражувања кои имаат доста сталожени и поскромни резултати отколку нештата кои ти ги зборуваш и поплнувањето на празнините во логиката со “големата слика“ не е баш некој меродавен начин за донесување на информирани заклучоци и/или знаења на кои некој треба да се ослони за да биде по-образован и да не биде “дел од стадото“.

“Разводнетите линкови за широката популација“ е твој израз за твоите линкови. Начинот на кој ги презентираш тие линкови дека секој може да ги разбере, имплицира дека има линкови кои не секој може да ги разбере. А бидејќи ти ги имаш тие линкови и тврдиш дека ги разбираш, уствари се ставаш во тие што не се дел од “стадото“ и “широката популација“. Другар, класичен еготрип.

Но да се навратам, за последното, неаргументираното мислење или моето “контра мислење“. Зошто мора да е црно-бело? Или џа или бу?  Како што напишав претходно, ги прочитав сите работи што ги пушти како онлајн ресурси. Презентираат истражувања, наоди, и најмногу од се, нови насоки кон кои треба да се инвестира време, пари, ресурси и знаења за да се истражува и да се дојдат до нови сознанија. Ниеден ресурс од тие не ги потврди твоите аргументи, туку само кажува дека има индиции и дека треба да се доистражат. И најверојатно е така. Ако се сеќаваш за една наша дискусија од пред неколку месеци за изворот на информации, запрашај се зошто сега ја нема истата дискусија. :)


Јас не можам да проценувам, да „квалификувам“, ама ТИ имаш квалификации да ме класифицираш мене како неквалификуван за анализирање?
Колку е тешка иронијата овде?  ;)

Во твојата аргументација и интерпретација има основни аналитички грешки во делот на интепретацијата на презентираните резултати во истражувањата. Мојата оценка и мислење се однесува за контекстот околу истражувањата. Првата и втората реченица од тој параграф точно ти го определуваат контекстот во кој го давам моето мислење. Ако го осеќаш како личен напад на тебе и на твоите вештини, тогаш не можам да ти помогнам. Во науката и истражувањата најчесто нема место за такви емоции. Во нормалниот живот, на крај краеви, твој живот, твоја глава, твоја работа.


Во ред е секој да има право на став и на мислење. За мене е тоа во ред. Ама во моите очи, некој што читал и се трудел да влезе подлабоко во некоја проблематика секогаш е милион светлосни години пред простите дронови кои не ги интересира ништо ново да научат, и како одбрамбен механизам ја повторуваат како мантра пропагандата од нивните авторитети - која не ја разбираат, и затоа не можат објективно да ја дискутираат. Така доаѓаме до она „јас имам доверба во системот“... Иако и на слеп му е јасно дека системот, т.е. Здравството, се распаѓа и пука по сите шавови, пациенти умираат секој ден и никој од системот од најгоре до најдолу, не сноси одговорност за ништо.

Епа тоа е слабоста на системот друже Лаки. Луѓето и нивната неукост и глупавост, немањето поим дека со гласањето на избори имаат алатка и можност за подобрување на работите. Можност за слушање на нивниот глас. Слабоста на системот е во нивната неукост и несвесност за сопствените можности, и одговорноста да знаат повеќе и да направат повеќе.
Нема ништо апстрактно во ова. НИШТО!

Секој си го вреднува и проектира различно неговото време, енергија, труд и интереси. Во текот на вреднувањето на својот живот, знаења, интереси, време ако користиш навредливи зборови за да си го напумпаш сопственото его за сметка на “простите дронови“ е исто сопствен избор. На пример, моите искуства велат дека немам потреба да навредам некој, а уште помалку да повишам глас за да пренесам поента, мислење, знаење, команда, критика или билоштоидае. Но тоа се мои искуства и мој светоглед, не сме сите исти под сонцето.

пс. Не ми ја сфати суптилната заебанција за “апстрактното македонско здравство“. Апстрактно, со други зборови, не постои. Во превод, се согласувам со се што мислиш за него. Ама мислиш дека ова е ад хоминем и си заслепен дека те контрам во секој момент.   ;D ;D



Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Баш моментот што нагласуваш дека си љубопитен ентузијаст е тој што те става во позиција дека се што тврдиш не треба да се зема здраво за готово. Затоа што си љубопитен ентузијаст. Твоите тези може да си ги аргументираш со што сакаш и како сакаш.

Луки!
Се извинувам за лошиот изговор на твојот ник.

Дап, реков дека сум ентузијаст. Но од каде знаеш дека тоа е вистина?
Можеби сум медицински научник во оддел за истражување, додека овде на форумов само се преправам дека сум лаик со површни знаења. Или можеби не... Но можеш ли било што со сигурност да знаеш?

Се разбира дека не!
На форумиве сите сме анонимни. Токму затоа повикување на авторитет не функционира овде.

Не велам дека ти лажеш за статистичките ангажмани во медицински истражувања. Не велам ни дека можам или не можам да го знам тоа. Јас само велам дека се додека не дадеш конкретен научен допринос во дискусијава - сето тоа е НЕРЕЛЕВАНТНО.

Додека не кажеш или покажеш нешто конкретно за темава, за инфламациите предизвикани од разни извори (како вакцини, храна, загадување, итн) дали сметаш дека водат, или не водат, кон болести како Aутизам (целиот спектар на такви пореметувања)... Се дотогаш ова што го кажа може да биде само интересна философска преписка меѓу нас двајца. Но за жал, таквата философска преписка нема никаква конкретна вредност во дискусијава за инфламациите како можен причинител на Аутизмот.



Цитат
Секој си го вреднува и проектира различно неговото време, енергија, труд и интереси. Во текот на вреднувањето на својот живот, знаења, интереси, време ако користиш навредливи зборови за да си го напумпаш сопственото его за сметка на “простите дронови“ е исто сопствен избор. На пример, моите искуства велат дека немам потреба да навредам некој, а уште помалку да повишам глас за да пренесам поента, мислење, знаење, команда, критика или билоштоидае. Но тоа се мои искуства и мој светоглед, не сме сите исти под сонцето.
Апсолутно секој си го вреднува и планира различно неговото време, енергија, труд и интереси.
Но некој што не вложил дел од неговото време, енергија, труд и интереси - во медицинските истражувања за кои зборуваме... Епа тој некој апсолутно не може да дебатира на соодветно ниво на оваа тематика. Веројатно затоа повеќето од таквите прибегнуваат кон ад хоминем и кон вулгарности со фалуси и тестиси.

Така да те молам не ми зборувај мене за навредување, 9 од 10 такви се упатени кон мене.
Љубезен сум кон тие кои го заслужуваат тоа. Но одамна се откажав по дифолт да бидам љубезен со сите.



Цитат
Како што напишав претходно, ги прочитав сите работи што ги пушти како онлајн ресурси. Презентираат истражувања, наоди, и најмногу од се, нови насоки кон кои треба да се инвестира време, пари, ресурси и знаења за да се истражува и да се дојдат до нови сознанија. Ниеден ресурс од тие не ги потврди твоите аргументи, туку само кажува дека има индиции и дека треба да се доистражат. И најверојатно е така. Ако се сеќаваш за една наша дискусија од пред неколку месеци за изворот на информации, запрашај се зошто сега ја нема истата дискусија. :)
Дап, убаво сеќавам дека и во таа дискусија претежно дискутираше за споредни моменти, а помалку за суштината.  ;)

Инаку фала што потврдуваш дека постојат индиции за тоа што го зборувам и дека веројатно сум во право.
Сега само уште да ми објасниш зошто не идеме понатаму во дискутирање и истражување на таа проблематика... Туку наместо тоа овде философираме за авторитети и куп други далеку поневажни моменти?  :-\


едит: пар лапсус грешки
« Последно менување: 13 Јануари 2019, 15:50:47 pm Van »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Еве да го цитирам најважното од целиов пост  :D

Цитат
Друго, обрни повеќе внимание на начинот на кој се пишувани и аргументирани овие истражувања, и во нив никогаш нема да го забележиш твојот начин на аргументација кој го користиш тука на форумот. Никој од нив не прави инцидентни изјави и сомнителни врски помеѓу причина-последица, и особено не кога има недостаток на податоци и сознанија.

Цитат
Конкретно за истражувањата, ти недостатуваат основните вештини за анализа на податоци, информации и резултати во даден контекст без да паднеш на искушението да ги гледаш и анализираш резултатите од поинаков контекст, средина и еко-систем во кој тие истражувања се направени и се добиени резултати такви какви што се добиени.

Цитат
Понатаму, не знам дали имаш практични вештини од статистика, математика, математичка статистика и дискретни структури за да можеш да ги изанализираш податоците самиот и да видиш дали ќе дојдеш до истите заклучоци и сознанија од податоците презентирани во истражувањата. Не е тоа критика, туку реалност која сам ја признаваш (со други зборови, лаик си).

Иронијата е што...

ја глуп сум
на Ван нормално
поголем му е

 ;D ;D  :D

Ова е нивото на кое Влатче ги разбира пишувањата овде.
Влатче душо, не си ја мачи душичката... Иди надвор играј си снегот и остави ги чичковците да разговараат на раат, важи?   :D
Тебе ни куриров не ти е рамен. Знам дека те боли тоа што го напишав, јебига.

... фалусот?  :D

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Човеков гори да биде во право.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Без никаков напор ќе кажам:
Го видов Ван како кака на улица!

Сега Ван со тешки напори треба да докажува дека не е точно моето тврдење.

Никаде не се поставени вака работите, освен во политиката.


Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
До сеа Слаџана Велков ќе ја преобрневме ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Мики, вчудоневидуваат твоите умствени достигнувања и твојата логика за правење паралели и метафори... Брао!  :D

Симо, Слаѓана би ја превртувал а?
Стара кока, добра јуха!  ;)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Мики, вчудоневидуваат твоите умствени достигнувања и твојата логика за правење паралели и метафори... Брао!  :D

Симо, Слаѓана би ја превртувал а?
Стара кока, добра јуха!  ;)
Да бидам сигурен дека си ми ја разбрал поентата, но очигледно џабе.
Ова е веќе 5 ти пат како ништо не си разбрал.

Отсутен salt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 286
  • Opel Astra fan
    • Blog Za Mkd muzika I iOS aplikacii
Доста е мислам, време да оладите

Sent from my SM-N960F using Tapatalk