Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1608294 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Луки, гледај ја поголемата слика. Реков дека има многу студии, покажаниве само неколку од мноштовото. Има многу научни трудови и студии кои укажуваат и ја анализраат поврзаноста на инфламациите со автоимуните болести. Фино што си ги прочивал овие 2-3 студии ама има и многу други. Кој прочитал повеќе, ќе разбере повеќе. Кој чека да направи чери пикинг од едно покажано или напишано нешто, секогаш ќе има можности за тоа - или како Бојан, ни тоа, пошто ни тие неколку студии не ги прочитува а скока како прле пред магаре.

Сите ние би сакала една конкретна студија за конкретново прашање, но како и да е разбирањето доаѓа кога ќе се вложи повеќе време и ќе се прочитаат повеќенаучни трудови.


Во секој случај, јасено дека патот оди од алергиите до хронични инфламации, до автоимуни болести па и Autism Spectrum Disorder (ASD).

Вистинското прашање тука е откаде толкав наплив на алергии (и автоимуни болести). Како дојдовме до тоа даа 30-40% од луѓето по целиот свет имаат некаква алергија: http://allergiy.net/files/wao_white_book.pdf

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Интернет ;D

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Ван, јас ниту ја негирам поголемата слика ниту ја испуштам поголемата слика во мојата рационализација. Во претходниот пост немаше никаква рационализација од моја страна освен што ги парафразирав двете студии кои ти ги презентираше. Напишав и најгоре во мојот пост дека нема да има никакво мислење или коментар од мене (освен заклучната реченица со која пробав да ги интерпретирам резултатите од тие две студии со корелацијата која ја направи ти во твојот пост погоре. Ниту ги избрав јас овие студии, ниту ги спомнав јас овие студии, а уште помалку ги искористив овие студии за било каква аргументација па да доаѓаме во таканаречената ситуација на “берење цреши“.  Според мене, ако воопшто има некакви индиции за “берење цреши“ во поголемата слика, тогаш тоа “берење цреши“ беше направено од твоја страна. Иако јас не го тврдам тоа.

Јас сум сигурен дека има илјадници студии кои имале доволно голема популација да докажат за асоцијацијата на авто-имуни болести и развивањето на малигни заболувања. Јас сум сигурен дека за секоја автоимуна болест има лонгитудинални студии со значајна популација за да се доведе заклучок за асоцијацијата меѓу однесувањето на авто-имуната болест и развивањето на малигни/канцерогени клетки. Меѓудругото, самата студија што ја пушти уствари е SoA сумаризација на типски/ендемски студии за секоја авто-имуна болест презентирана во таа студија. Тоа може да се заклучи од начинот на кој се презентирани резултатите со болестите во најразличните табели од студијата, самите заклучоци и интерпретации на авторите, и се разбира користените научни извори и референци (затоа и погоре пишам дека сум сигурен дека има икс истражувања, затоа што може објективно и емпириски да се воспостави ланец и историја на истражувањата во тоа поле).

Цитат: Van
Во секој случај, јасено дека патот оди од алергиите до хронични инфламации, до автоимуни болести па и Autism Spectrum Disorder (ASD).

Па патот не е јасен баш и тоа според истражувањата и линковите за “широките маси“ кои ти ги постира. Самите студии што ги пушти во наредниот пост цело време зборуваат за индиции и за потенцијал за понатамошни истражувања кон генетски предиспозиции кои доаѓаат уште од утробата, состојбата на гастро-интестиналниот систем вклучително и најразлчните протеини сврзани со него, имуниот систем на еден организам, авто-имуните болести и оставаат простор за други предиспозиции. За да нема индиции за некакво “берење на цреши“ не пишувам/цитирам посебни цитати туку препорачувам секој да си ги прочита во целост и сам да си донесува заклучоци (нормално, ако е во можност).

Цитат: Van
Сите ние би сакала една конкретна студија за конкретново прашање, но како и да е разбирањето доаѓа кога ќе се вложи повеќе време и ќе се прочитаат повеќенаучни трудови.

Не може да има една конкретна студија за конкретното прашање затоа што популацијата, ендемските услови, генетските предиспозиции и самото опкружување на целата површина на земјата се премногу независни променливи и фактор кој не може да се исконтролира во една единствена студија, и притоа да се испочитува валиден, здрав и непробоен научен метод. Затоа и во сите тие помали студии се земаат одредени променливи кои можат да се контролираат и потоа да се анализираат статистичките податоци, и да се побие нултата хипотеза. И така со многу лонгитудијални истражувања, повторувања, обсервации и анализи се доаѓаат до одредени заклучоци кои би можеле да бидат генерализирани прво во поблиското опкружување (и на ниво на популацијата во испитувањето), па постепено зголемување и на крај да имаш генерализација на ниво на земјината топка.
Конкретно, јас лично само со активноста читање не би си дал за право да интепретирам и корелирам резултати од најразлични помали студии и да проектирам “поголема слика“ во мојата професионална област, а камоли во научно-истражувачко поле во кое сум и ќе останам лаик без разлика на бројот на прочитани научни студии.


Вистинското прашање тука е откаде толкав наплив на алергии (и автоимуни болести). Како дојдовме до тоа даа 30-40% од луѓето по целиот свет имаат некаква алергија:

Погоре во второто остражување го имаше бројот на алергии процентуално. Бројката 30-40 проценти е базирана на лична перцепција на самите луѓе. Затоа во медицинската пракса кога се формулира дијагноза, се зема и анамнеза која подоцна дополнително се испитува со преглед или понатамошни испитувања (биолошки и хемиски).
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Затоа јас во уводот на тој пост, пред било што друго реков дека е потребно пошироко запознавање со истражувањата во таа област за да се добие увид во пошироката слика.

Јас (како што ликови као Влатче љубат да ме цитираат) не сум ништо друго освен љубопитен ентузијаст. Ме интересира се и сешто, но посебно ме интересира се окулу имунитетот. Нека разбере кој како сака, но не се фалам кога ќе кажам дека имам подоста прочитано од оваа област. Ова што го реков за поврзаноста меѓу инфламациите со автоимуните болести, како и дека чести причинители на инфламации се вакцините заедно со храната и (не)квалитетот на животната средина... Тоа не е нешто што јас го „открив“ па сега овде го излагам. Тоа е често зборувана и дебатирана тема, има и многу научни трудови и студии, се зборува во подоста научни и медицински подкасти на нет. Кој ги следи работите би го знаел ова, но мнозинството овде не ги следите работите (барем не доволно) и не знаете.

Значи не е вистина дека јас лично интепретирам и корелирам резултати од студии, едноставно коментирам што сум прочитал и што сум осознал - па сеедно што медицината не е моја професионална област. Ниту па реков дека ова го дискутирам од позиција на авторитет.

Јас како ентузијаст немам спремна научна дисертација на тема поврзаност меѓу инфламации, и автоимуни болести, и аутизам. Ви ги покажав првите неколку студии кои некогаш сум ги ставил во букмаркс кога сум ги читал. Некој пописмен од мене би покажал посоодветни студии. Некој повреден од мене би пребарал и би нашол посоодветни студии.
Но тоа не е поентата. Тоа што реално треба да го увидите е дека јас со целиот мој лаички ентузијазам, сум многу повеќе спремен да дискутирам на оваа тематика од мнозинството овде - и дека (чест на исклучоците, ако ги има) мнозинството овде не се ни обидува да се едуцира повеќе за да има информирано мислење за работите како вакцинирањето, состојбата со Здравството, итн, итн. Се голтаат како локумче послужени работи од пропагандата по медиумите, и се одбива да се слушне се што се коси со створената општа илузија за незамарање.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Што е алтернатива за пеницилин?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Ги читате целите научни студии ил само апстрактите и заклучоците?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
А ти ги читаш ли макар само апстрактите?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
А ти ги читаш ли макар само апстрактите?

Фала на одговорот.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Фала на поентата.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Фала на поентата.


Поентата беше да се докаже дека не читаш цели студии, поентата е докажана. А тоа јас дали ги читам цели студии или не не менува ништо во врска со тоа ти дали ги читаш, така да тоа прашање немаше никаква поента.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Читаш апстракти од 10, 20-тина студии, а кога ќе најдеш нешто што те интересира или се однесува конкретно на областа која ја истражуваш - тогаш читаш цела студија. Некогаш и пиер ревјуа на студијата.

Поентата беше дека е малку лицемерно да прашуваш кој чита цели студии, додека ти самиот не читаш ни наслови а каму ли апстракти.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
@DarthJe5us Кажи му дека е во право пред да ни ги инфламира тестисите на сите овде, жити се.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Читаш апстракти од 10, 20-тина студии, а кога ќе најдеш нешто што те интересира или се однесува конкретно на областа која ја истражуваш - тогаш читаш цела студија. Некогаш и пиер ревјуа на студијата.

Поентата беше дека е малку лицемерно да прашуваш кој чита цели студии, додека ти самиот не читаш ни наслови а каму ли апстракти.

Значи бираш цреши што ја подржуваат твојата поента и само за нив читаш?

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576

Поточно ако ти е склон имунитетот кон лупус на пример, вакцината само ќе го тригерира она што и онака го носиш во себе, не дека таа е причината..
Не лупај глупости, не може „имунитетот да ти е склон кон Лупус“. Работата на имуниот систем е да го брани организмот од надворешни патогени организми, кои некогаш не се многу различни од симбиотските организми па и од клетките на ткивата на самиот организам. Кога го ставаш имуниот систем во ситуација која реално не се случува, да спрема одговор против 8 заебани вируси (8-поливалентни вакцини). Плус соединенија како жива и алумиуним кои го зголемуваат интензитетот на имуниот одговор. Плус ако во моментот организмот се брани против нешто, инфекција на пример, а често нема видливи симптоми на помали инфекции... Епа имуниот систем (да илустирам) е ставен во ситуација каде пука по се и сешто, и така настануваат алергиите а подоцна и автоимуните болести.
Истити го кажа, или па не знаеш ни сам што кажа само што селото во тебе не дозволи тоа да го кажиш на по цивилизисан начин, та мораше да употребиш навреда и демек ако ти знашј ние другиве од марс сме. Алн нвз како сакаш така прај си.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Бајсикл, тоа што не го разбираш е дека вакцината покрај тоа што го тригерира имуниот систем да одговори соодветно на вирусот за кој се прави имунизација, вакцината може да тригерира имун одговор и за тоа што не треба. Но тоа не значи дека ти „во себе носиш Лупус“, туку дека во моментот богот Рандом така погодил.

Поентата беше дека бројот на вирусите за кои се прави вакцинација, од неколку денес е пораснат на повеќе десетици. Сето тоа го мултиплицира ризикот (дури и ако е мал иницијално). Се вакцинираат децата и за баналности како Ротавирус, и бебешки стомачен грип, кои се целосно бенигни ама заштедуваат пари на системот (посети во болница). Кога ќе видиш дека заштедените пари идат (на приер) за курташак патувања на Новогодишен Концерт во Виена, нема да ти биде сеедно ако твоето дете му се погоди лотаријата за бедови од вакцинирање.

информација
Читаш апстракти од 10, 20-тина студии, а кога ќе најдеш нешто што те интересира или се однесува конкретно на областа која ја истражуваш - тогаш читаш цела студија. Некогаш и пиер ревјуа на студијата.

Поентата беше дека е малку лицемерно да прашуваш кој чита цели студии, додека ти самиот не читаш ни наслови а каму ли апстракти.

Значи бираш цреши што ја подржуваат твојата поента и само за нив читаш?

Не, тоа се нарекува истражување. Обиди се некогаш. А за чери пикинг прашај други, има овде подоста стручњаци за берење цреши.
Инаку гледам дека пак регресираш на еднореченични постови, а таман се понадевав кога во претходниот употреби две реченици (уште и сложена беше второта)