Ван, јас ниту ја негирам поголемата слика ниту ја испуштам поголемата слика во мојата рационализација. Во претходниот пост немаше никаква рационализација од моја страна освен што ги парафразирав двете студии кои ти ги презентираше. Напишав и најгоре во мојот пост дека нема да има никакво мислење или коментар од мене (освен заклучната реченица со која пробав да ги интерпретирам резултатите од тие две студии со корелацијата која ја направи ти во твојот пост погоре. Ниту ги избрав јас овие студии, ниту ги спомнав јас овие студии, а уште помалку ги искористив овие студии за било каква аргументација па да доаѓаме во таканаречената ситуација на “берење цреши“. Според мене, ако воопшто има некакви индиции за “берење цреши“ во поголемата слика, тогаш тоа “берење цреши“ беше направено од твоја страна. Иако јас не го тврдам тоа.
Јас сум сигурен дека има илјадници студии кои имале доволно голема популација да докажат за асоцијацијата на авто-имуни болести и развивањето на малигни заболувања. Јас сум сигурен дека за секоја автоимуна болест има лонгитудинални студии со значајна популација за да се доведе заклучок за асоцијацијата меѓу однесувањето на авто-имуната болест и развивањето на малигни/канцерогени клетки. Меѓудругото, самата студија што ја пушти уствари е SoA сумаризација на типски/ендемски студии за секоја авто-имуна болест презентирана во таа студија. Тоа може да се заклучи од начинот на кој се презентирани резултатите со болестите во најразличните табели од студијата, самите заклучоци и интерпретации на авторите, и се разбира користените научни извори и референци (затоа и погоре пишам дека сум сигурен дека има икс истражувања, затоа што може објективно и емпириски да се воспостави ланец и историја на истражувањата во тоа поле).
Во секој случај, јасено дека патот оди од алергиите до хронични инфламации, до автоимуни болести па и Autism Spectrum Disorder (ASD).
Па патот не е јасен баш и тоа според истражувањата и линковите за “широките маси“ кои ти ги постира. Самите студии што ги пушти во наредниот пост цело време зборуваат за индиции и за потенцијал за понатамошни истражувања кон генетски предиспозиции кои доаѓаат уште од утробата, состојбата на гастро-интестиналниот систем вклучително и најразлчните протеини сврзани со него, имуниот систем на еден организам, авто-имуните болести и оставаат простор за други предиспозиции. За да нема индиции за некакво “берење на цреши“ не пишувам/цитирам посебни цитати туку препорачувам секој да си ги прочита во целост и сам да си донесува заклучоци (нормално, ако е во можност).
Сите ние би сакала една конкретна студија за конкретново прашање, но како и да е разбирањето доаѓа кога ќе се вложи повеќе време и ќе се прочитаат повеќенаучни трудови.
Не може да има една конкретна студија за конкретното прашање затоа што популацијата, ендемските услови, генетските предиспозиции и самото опкружување на целата површина на земјата се премногу независни променливи и фактор кој не може да се исконтролира во една единствена студија, и притоа да се испочитува валиден, здрав и непробоен научен метод. Затоа и во сите тие помали студии се земаат одредени променливи кои можат да се контролираат и потоа да се анализираат статистичките податоци, и да се побие нултата хипотеза. И така со многу лонгитудијални истражувања, повторувања, обсервации и анализи се доаѓаат до одредени заклучоци кои би можеле да бидат генерализирани прво во поблиското опкружување (и на ниво на популацијата во испитувањето), па постепено зголемување и на крај да имаш генерализација на ниво на земјината топка.
Конкретно, јас лично само со активноста читање не би си дал за право да интепретирам и корелирам резултати од најразлични помали студии и да проектирам “поголема слика“ во мојата професионална област, а камоли во научно-истражувачко поле во кое сум и ќе останам лаик без разлика на бројот на прочитани научни студии.
Вистинското прашање тука е откаде толкав наплив на алергии (и автоимуни болести). Како дојдовме до тоа даа 30-40% од луѓето по целиот свет имаат некаква алергија:
Погоре во второто остражување го имаше бројот на алергии процентуално. Бројката 30-40 проценти е базирана на лична перцепција на самите луѓе. Затоа во медицинската пракса кога се формулира дијагноза, се зема и анамнеза која подоцна дополнително се испитува со преглед или понатамошни испитувања (биолошки и хемиски).