Вчера одам да земам резултат од испитување на тироидна жлезда и државна и едно типче пред мене праша кога ќе го викнат.
Вика, извинете кога планирате да ме викнете за испитување, дај дечко документот, ааа рано е ти у декември си закажал. Нема реагенси. Ко ќе има ќе ти се јавиме.
Пуштам тв случајно се погоди вести да има, кажаа дека големи количини дарувана крв завршуваат во ѓубре.
Одам периодов по болници, што со детето што со веќе возрасни родители мои и на сопругата и гледам дека се се распаѓа.
Квалитетот на кадарот оди надолу, условите за работа им се мизерни, платите мизерни, никој никогаш не добил средства да оди да се дообучи некаде во странство, пола од препаратите за работа им фалат итн итн.
Ја носам мајками по болници што приватни што државни каде што ја убедуваат дека нема ништо ама ај да се направи уште едно испитување да видиме и женава веќе дојде до степен да не може да се движи, а одговор никој нема.
На сопругата мајка ја лечат од настинка а не гледаат по крвна слика дека има карцином.
Детево го носам у велешка болница да му земат крв таа госпоѓата вика јас на деца не зимам одете на друго место.
Тотален распад. Не е чудо што сите бегаат од тука.
Ван тоа што спомнуваш ти погоре, јас не гледам филмови да знам на кој филм ми приликава состојба а, ама гледам дека на народот свесно му се пере мозокот до тој степен да не го боли кур за ништо ни за држава ни за иднина. Некој свесно не работи подолг период за да дојде колективната свест до ова ниво. Мора човек да е добро обработен за да може да преќути на се ова што се случува околу нас.
Sent from my VTR-L29 using Tapatalk