Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1467786 пати)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Само околу тенедерите за вакцините и најефтината понуда. Кога се прави тендер за било што се определуваат критериуми и стандарди што треба понудениот продукт да ги исполнува. Теоретски, ако сите понудени ги исполнуваат бараните стандарди, значи дека сите се со задоволувачки квалитет, па победува најефтиниот од понудените.

Прераскажано преку автомобилите, кога се бара понуда за службено возило се бара да биде на пример минимум 4000 кубика, минимум 350 коња, да има барем кожни седишта, ксенон, воздушна суспензија, сите безбедносни системи, да има 4 седишта и да биде најмалку долго 5 метра. На ваков тендер ќе победи најефтиниот понуден, али тоа не значи дека директорот ќе се вози во Лада само затоа што е најефтина, туку ќе се вози во некој премиум Мерцедес, БМВ, Ауди или слично, тој што ќе биде најефтин од скупите :) Исто би требало да биде и во случајот со вакцините, една од 10 светски признати вакцини ќе победи, нема вакцина на Зегин увезена од кина со неговата фаца како лого да победи. Сепак вакциниве што го споменуваат се на ГСК, сериозна фирма.

Напоменувам, вака би требало да биде ако се си се почитувало, дали е стварно така искрено појма неам. Кај нас секогаш има голем простор за сомневање. Чисто сакав да објаснам дека најефтина понуда на тендер многу често не значи и лош производ.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
На ваков тендер ќе победи најефтиниот понуден, али тоа не значи дека директорот ќе се вози во Лада само затоа што е најефтина, туку ќе се вози во некој премиум Мерцедес, БМВ, Ауди или слично, тој што ќе биде најефтин од скупите :)
Само што во тендер не смееш да спомнеш име на бренд, па така „350 коња,  4 седишта и долго 5 метра“ може да биде и некоја Дачиа, Тата, итн.
Во нашава реалност, тендерите ги добиваат тие што најдобро подмачкуваат. Што значи во пракса шансите дека директорот ќе се вози во Италијанци или можеби Шпанци, се многукратно поверојатни од шансите за спомнатите Германци.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Нема Тата, Дачиа со 350 коња, 4 седишта и 5 метра. Затоа и такви спецификации се прават.

Иначе глаксосмитклајн е далеку од дачиа или тата.

А дека може кај нас да наместат тендер и во Тата да се вози по цена на Мерцедес, тоа е точно :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Инаку фармацевтските компании (како и сите други) имаат повеќе класи на квалитет на производите. Која класа на квалитет победува во тендер во кој главниот критериум е НАЈЕВТИНО?
Или еве најконкретно прашање: Зошто не се набавуваат целуларни вакцини за плаќачите на данок?
(ама се набавуваат мали количини за куртоните со врски)

Се штедат пари за да има да се плаќа туризам за белите мечки од Владата?
Од ров право на Новогодишен концерт во Виена, јак „културен“ скок богами...  :-\

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7884
  • Плинаш!!!
Тендери и Македонија не треба да се спомнуваат во иста реченица.

Законот за тендери ни е катастрофа!!!

За местење не сакам да зборувам!!!

Sent from my Huawei P Smart using Tapatalk

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Ќе ви пуштев една прес од сдсШ во времето кога ДРПМНЕ беа на власт како убаво јадат гомна за тодоров и мерките и незнам што за вакцините ама ете го избришале од нет пошто кај нив беше во архивата. Истите постапки ги прават, буквално.

На ова мислеше?
http://forum.kajgana.com/threads/Вакцини-општа-дискусија.58109/page-18#post-7133311

Критиките од Божиновски не се за истата вакцина која и сега се употребува?

Цитат
Министерство за здравство, по налог на министерот Никола Тодоров, а за негова лична и за корист на регионалната фармаколошка мафија, по долготрајната нелегална примена на вакцината против ДТП, ја регистираше на крај на 2014 година. Оваа вакцина неколку години е дистрибуирана до македонските здравствени домови, иако била нерегистрирана. Со регистрацијата во септември минатата година Тодоров само се обидел да го покрие овој бескрупулозен криминал директно штетен по здравје на децата кои примиле такви вакцини. Конкретно, бебиња од неколку месеци се „имунизирани„ со нерегистрирана вакцина ДИФТЕТКОК (ДТП - дифтерија, тетанус, пертусис).

Регистрацијата на вакцината доаѓа по серија кривични пријави од родители чии деца веќе се со нарушено здравје. Тодоров смислил со регистрацијата да го покрие криминалот и неговата одговорност. Но, родителите се упорни, собрале доволно докази и кривичната пријава веќе е поднесена до Јавното обвинителство. Можеби обвинителството нема да постапува по неа, заради политичката блокада од страна на владејачката партија, ама порано или подоцна по неа ќе мора да се постапува. До сега, од ноември 2014. кога е поднесена, обвинителството по неа не постапувало.

Пријавата е поднесена против непознати сторители и одговорни лица од Министерството за здравство. Поднесена е поради постење основано сомневање за сторено кривично дело производство и пуштање во промет штетни средства за лекување, предвидено и казниво според чл. 212 од Кривичниот Законик. Родителите имаат основи за сомневање врз основа на постапката што „била“ превземена околу набавувањето на вакцината и натамошното спроведување на задолжителна вакцинација на децата против ДТП (дифтерија, тетанус, пертусис) во диспанзерите во кои била дистрибуирана низ Македонија.

Вакцинацијата на децата во Република Македонија се спроведува со вакцината – Дифтеткок од производителот BB - NCIPD ltd. од Бугарија. Вакцината е во промет без претходно да се добие Одобрение за пуштање во промет од Агенцијата за лекови, кое одобрение е УСЛОВ, според чл. 11 од Законот за лекови и медицински помагала (Сл. Весник на РМ № 106/о7). Одобрението (Решение) се издава врз основ на претходно извршена регистрација на вакцината, а таква НЕ Е НАПРАВЕНА! Родителите понатаму се сомневаат дека регистрацијата не е извршена поради фактот што во вакцината Дифтеткок има количини на алуминиум 35 пати над дозволената граница за парентерални раствори и жива која е исфрлена од употреба во вакцините, по препорака на Светската здравствена организација бидејќи докажано предизвикува трајни невролошки оштетувања. Поради овој факт вакцината Дифтеткок не се наоѓа на Листата на Квалификувани вакцини на Светската здравствена организација.

Пуштањето во промет на овој тип вакцина, поттикнува сомнение за несогледливи штетни последици, а отсуството на легалност во постапувањето со вакцината - Дифтеткок, не го открива носителот на одговорността за таквата штета. Граѓаните се изложени на голема неизвесност, од една страна, според Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Македонија, немаат избор (децата на возраст од 2, 3 и 5 месеци ) мора да се вакцинираат со имунолошки лек што не е одобрен, а од друга страна, за штетата никој не се легитимира. Обврските на одговорните лица се јасно определени во законските и Подзаконски решенија за овој проблем, како што се: Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. Весник на РМ № 66/о4, 139/о8 и 99/о9) Правилникот за имунопрофилакса (Сл Весник на РМ № 65) и Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Македонија.

Дека наведената вакцина не ја поминала вообичаената постапка за набавување на ваков тип вакцина е фактот што воопшто не е спроведен тендер, а тоа се потврдува со отсуството во Регистарот на лекови за регистрирани вакцини во Република Македонија, ДОКАЗ кој родителите го доставиле заедно со поднесената кривична пријава. За пријавениот или пријавените, отсуството на тендерска процедура може да се оправдува со добивањето на вакцината како донација. Меѓутоа, исполнувањето на условите за претходна контрола, пред вакцината да биде пуштена во промет, СЕ ОБВРЗУВАЧКИ, а не неусловени поради донаторскиот гест. Приоритет во постапувањето и исполнувањето на законските услови е ефикасната и безбедна заштита на населенито од заразни болести. Оваа цел е особено битна поради задолжителността на имунизацијата кај новороденчињата. Токму затоа и законодавецот ваквата цел ја поставил на повисок степен, санкционирајќи ја како казнено дело и одговорност што е во надлежност на постапување на јавниот обвинител.

За одговорните лица за набавката на вакцината Дифтеткок, Министерството за здравство, транспарентно и јасно ги определило генералните услови што се потребни да бидат исполнети: Централна набавка (тендер), набавка од светски реномирани производители според Листата на СЗО (Светска здравствена организација) регистрирани во РМ или земјите на ЕУ, потоа вакцините да се употребувани во земјата на производителот, да поседуваат Сертификат за исправността од Агенцијата за лекови на земјата производител, инспекциска контрола при прием во министерството за здравство и лабораториска контрола во ИЈЗ (Институт за јавно здравје). Повеќето од овие услови не се исполнети. Одговорните потполно се однесувале неодговорно.

За одговорните лица обврзно е да знаеле дека при набавката на оваа вакцина морале да се запознаат, елементарно со информацијата на Светската здравствена организација од 2012 година, дека серија од вакцина против тетанус и дифтерија од овој производител е суспендирана од употреба поради пронајдено метално онечистување во самиот раствор на вакцината, што укажува на слаб квалитет и слаба контрола на квалитетот од страна на производителот. Од друга страна пак, Република Македонија нема своја биолошка лабораторија во која би се вршела контрола на квалитетот на увезените биолошко/имунолошки лекови кои се применуваат врз населението. Поминувајќи преку ваквите сознанија, со пуштањето во промет на вакцината, министерот Тодоров и неговите соработници се однесувале неодговорно бидејќи децата во Македонија, се изложени на ризикот на ниво на експеримент, а родителите мораат тоа да го прифатат под закана дека ќе бидат кривично гонети ако не ги вакцинираат сопствените деца.

Со оглед на направените пропусти, одговорните лица во министерството за здравство при Владата на Република Македонија, во 2013 и 2014 година, а можеби и подолго, ја ставиле во промет вакцината Дифтеткок од производителот BB-NCIPD ltd. од Бугарија, тскс што ја дистрибуирале до здравствените установи и е извршена задолжителна вакцинација на децата, а вакцината не поминала преку законски предвидените контроли – за набавка, контрола на квалитетот и како таква не се наоѓа во Регистарот на одобрени вакцини, па како неодобрен лек, самиот за себе е штетен за примена.

Родителите преку поднесената кривична пријава бараат од јавното обвинителство, врз основа на нивни сомненија за кои понудиле и докази, да ги провери нивните наводи, да прибере комплетна документација за случајот, поточно како е набавена и од кои одговорни лица во министерството за здравство, да ги открие нивните идентитети, да ги открие и лицата кои без одобрение ја пуштиле вакцината во промет. Родителите бараат од обвинителството по спроведена истрага да поднесе обвинение против сите инволвирани, а во пријавата предлагаат да бидат огласени за виновни и казнети според законот.

Самиот факт дека министерот Тодоров низ избрзана и неиспочитувана постапка ,,избоксувал,, регистрација на штетната вакцина, покажува дека бил свесен дека го кршел законот наназад години, за жал на штета на бебиња кои имаа трајни или долготрајни последици по здравјето. Брзата реакција во ппроцесот на регистрација на вакцината е индиректен доказ и дека најекспонираните родители во акцијата против одговорните лица, биле следени и прислушкувани за да се утврди во која насока одат нивните заложби да дојдат до вистината. До поднесувањето на кривиќната пријава од страна на родителите, министерот Тодоров покажал и дека од нив се плаши, особено откако сфатил дека не му веруваат и не паѓаат на неговите ветувања туку дека се решени да одат до крај.

Родителите на едно од настраданите деца по примената спорна и штетна вакцина, за потребите на овој текст изјавија: „ Со години го кршеа законот кои сами го напишаа и изгласаа (Закон за лекови и медицински помагала, Сл. Весник на РМ № 106/07). Во тој закон се вели дека за да биде некој лек пуштен во промет тој мора да ги помине сите фази на испитување и да биде регистриран. Вакцината Дифтеткок не беше регистрирана до септември 2014., а беше и сеуште е задолжителна за нашите деца на возраст од 2, 3 и 5 месеци старост. Вакцината Дифтеткок веќе со години е во употреба во Македонија, но беше регистрирана на крај на 2014. Вакцината Дифтеткок не се наоѓа на листата на препорачани вакцини на Светска Здравствена Организација, што значи дека не ги исполнува критериумите за квалитет. Кој ќе одговара за тоа што регистрирал и одобрил вакцина за употреба која не е одобрена од СЗО? Во составот на вакцината Дифтеткок има алуминиум кој ги надминуваат дозволените количини за 35 пати или 2500%. Алуминиумот за жал го има во сите вакцини, но во ниту една не е толку високо над интернационално дозволените количини, дури ни во вакцините за возрасни. Докажано е и познато дека алуминиумот примен преку игла остава трајни последици на централниот нервен систем и коските на децата, затоа и употребата му е строго ограничена. Во составот на вакцината Дифтеткок има жива (тиомерсал) која одамна е исфрлена од употреба во вакцините, поради познатите невротоксични својства. За живата не постојат дозволени количества, затоа што ниту едно количество не е дозволено. Но, во вакцината Дифтеткок има жива затоа што таа мора да се додаде како конзерванс кога во едно шишенце вакцина има повеќе дози. Кој одлучил да набавува рефус вакцини? Кој штеди на штета на здравјето на нашите деца? Зошто не се набавиле поединечни дози на вакцина, во кои нема жива? Затоа што се поскапи? И зошто во ниту една друга регистрирана вакцина кај нас нема жива? Иако некој се сетил да ја регистрира вакцината, надевајќи се дека Обвинителството ќе ја одбие кривичната пријава од родителите, тој ист заборавил дека вакцината по завршената регистрација, треба да добие своја цена одобрена од Министерството за здравство, таа цена треба да биде објавена, па дури потоа да биде набавена со соодветна тендерска постапка, за да биде ставена во употреба односно дистрибуирана по здравствените домови, во спротивно се прави финансиски криминал. Кој ќе одговара за тоа? Производителот на спорната вакцина не е ниту реномиран ниту светски познат производител, туку е Бугарски институт кој произведува неколку видови вакцини. Во една од нивните вакцини (против дифтерија и тетанус) во 2011 година е пронајдено метално онечистување во растворот, што говори за лош квалитет и лоша контрола на квалитетот од страна на овој производител. Од таа причина, сите вацини од овој производител се забранети за дистрибуција од страна на Светска Здравствена Организација цела една година. Ако се знае фактот дека ние во Македонија немаме своја лабораторија за контрола на вакцини, употребата на оваа вакцина претставува играње руски рулет, со метална цевката вперена во главите на нашите деца.„

На здравје...

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10988
  • 430i
Сакаат да нè сотрат  :(

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5073
  • The Spartan General
Kако стојат работите со ацелуларните вакцини таму во Германија?

Другар, навистина не знам како стојат работите со материјалите од кои се изработени вакцините. Правејќи паралела како што јас сакам да сум добар во мојата професија, така и тие што прават вакцини и лекови сакаат да бидат добри во нивната професија. Така да, најверојатно се добри и ги користат.

Но, од друга страна имам достап до официјални извори на информации за имунизација и вакцинирање. Но има многу материјал за читање, а јас немам толку време да истражувам.
Еве за една делотворноста на цели клетки и нецели клетки (ацелуларни):
https://1drv.ms/b/s!AsAPEdIUFoRghIFr4u-lGenpy2M4fA
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17595
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Има некој врски во јавни набавки, да собереме некој денар за мито во следниот тендер да има спецификација "вакцината да е скапа и да не предизвикува аутизам"? Можда ликовите што кенкаат против најефтини вакцини ќе бидат раат тогаш.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер

А пак ќе е истата вакцина. Само ќе биде 80% поскапа...

Бирократија.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8770
  • Пичлеме

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17595
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Има некој врски во јавни набавки, да собереме некој денар за мито во следниот тендер да има спецификација "вакцината да е скапа и да не предизвикува аутизам"? Можда ликовите што кенкаат против најефтини вакцини ќе бидат раат тогаш.
А пак ќе е истата вакцина. Само ќе биде 80% поскапа...

Бирократија.

Да де, јасно си е тоа. Само да им пишува на овие што свесно ризикуваат сите да испоумреме од морбили или некоја друга болест што требало да е изумрена во 1733 година.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Другар, навистина не знам како стојат работите со материјалите од кои се изработени вакцините... најверојатно се добри и ги користат.

Самата дефиниција на името целуларни вакцини, на жалост не кажува доволно.
Претпоставувам дека е редно да објаснам.

@MartinAlfista друже слушај внимателно, те молам. За да не навијаш како навивач без да знаеш за што зборуваме. И впрочем и Симо, и Дени, и сите други кои работиве ги тераат од навијачки аспект. Демек „про-наука“ е да веруваш во пропаганда, наместо да бидеш љубопитен и секогаш да се обидуваш да научиш нешто повеќе.

Но не сакам да ве антагонизирам. Само сакам да објаснам... Затоа ајде со ред.

Прво, содржината на вакцините може да бидат мртви или живи вируси... Споредбата за ефикасноста не е спорна, ефикасни се и двете. Тоа што малку се знае е дека вакцините со живи вируси предизвикуваат многу повеќе лоши последици  - а лоши последици постојат, иако Симо би сакал да ве убеди во лагите со кои го излажале него.

Значи сега зборуваме за тоа кои се побезбедни вакцини.
Воопшто не зборуваме да не се вакцинираат децата. Зборуваме за избегнување на вакцини со живи вируси.

Уште еднаш, многу побезбедни се вакцините со инактивирани (фенски медицински назив за МРТВИ) вируси.
Но тоа не е се, пошто фантастичната, фината, преубава, НАУКА... Таа не запрела со развојот со пронаоѓањето на вакцините со мртви вируси. Напредоците во медицината се дојдени до таму да за многу вируси се иденетифицирани конкретните антигени кои го предизвикуваат имуниот одговор на организмот, и складирање на дата за вирусот во базата на податоци за вируси, на имуниот систем. Инаку сега е право време да се погледне јутјуб видеото што го покажа Дени, за илустрација на тоа како работи имуниот систем (сипаниците се опишани во тоа конкретно објаснување).

Тие вакцини кои не само што немаат живи вируси во себе, туку немаат ни цели клетки од мртви вируси, тие вакцини се нарекуваат „пречистени“ или АЦЕЛУЛАРНИ ВАКЦИНИ.
Во ацелуларните вакцини ги има само конкретните антигени кои се доволни за да се развие имунитет кон дадениот вирус - БЕЗ НЕСАКАНИ ПОСЛЕДИЦИ. Ова последново е намерно со големи букви, затоа што последици ИМА. Последици има кај некои деца, без разлика што пропагандата кажува дека „процентот бил многу мал“.

Ацелуларните вакцини се најбезбедните вакцини. Прашувајте за нив, барајте ги нив. Правете притисок за само такви вакцини да се употребуваат. Или во најмала рака, вакцини со инактивирани (мртви) вируси.

Пред да ви го покажам следново видео најдолу, како илустрација што се случува некогаш кога се дава вакцина со жив вирус... Само да ве информирам дека нашето здравство купува мала количина од ацелуларни вакцини. Званичното објаснување е дека тие се за болни и ранливи дечиња. Но тоа како и многу друго, е лага. Најквалитетните вакцини се само за куртоните од власта, од елитата. Обичен смртник не може да припари до нив, без разлика дали има болно или ранливо дете. Без разлика што тој самиот ПЛАЌА ЗА ТИЕ ВАКЦИНИ, преку данокот што го зема државата.

Нејсе, еве го прво видеото со несреќното детенце кое од прва рака ќе ви покаже дека ПОСТОЈАТ НЕСАКАНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕКВАЛИТЕТНИ ВАКЦИНИ.

Понатаму само ќе покажам еден новинарски текст за состојбата со ацелуларните вакцини кај нас во Македонија:
http://inbox7.mk/archives/1282
(текстот оригинално е објавен во Призма, но таму повеќе го нема)

Цитат
ПО ВАКЦИНИ ВО СОСЕДСТВОТО НА СОПСТВЕН РИЗИК

Македонија е единствената земја во Европа каде што децата се вакцинираат со обични вакцини кои одамна се исфрлени од употреба. Малото количество прочистени вакцини сега се даваат на привилегираните, а обичниот народ бара спас купувајќи во соседството
Напишано од Менче Точи

Текстот е изработен како дел од Проектот за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор ● Програма на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија ● Овој проект го спроведува БИРН Македонија, во соработка со  Центарот за граѓански комуникации, Центарот за истражувачко новинарство „СКУП Македонија“, истражувачката емисија „Код“ и дневниот весник „Коха“.

pregled1
Само до 18 месеци децата се боцкаа 13 пати | Фото: НОВА

Македонија е единствената земја во Европа каде што децата се вакцинираат со обични вакцини кои одамна се исфрлени од употреба. Пристапот до поливалентни, но и т.н. ацелуларни, високо прочистени вакцини, кои не предизвикуваат компликации за македонските граѓани се најавува дури од пролет идната година. Во меѓувреме малото количество прочистени вакцини сега  се даваат на привилегираните, а обичниот народ бара спас купувајќи во соседството.

Истражувањето на БИРН покажа дека купувањето на модерни, поливалентни вакцини во странство, најчесто во Србија и Грција, стана редовна практика, но и нелегален бизнис. Поединци заработуваат, лекарите замижуваат и во договор со родителите им ги ставаат на децата, а надлежните предупредуваат дека таквите вакцини се ризични поради недостаток од контрола при транспортот.

БИРН стапи во контакт со родители кои за своите деца купиле вакцини во некоја од соседните земји. Една млада мајка, која не сакаше да го откриеме нејзиниот идентитет, раскажува дека вакцините ги купила регуларно во аптека и во договор со лекарот децата ги вакцинира во некоја од амбулантите.

– Јас вакцините ги купив во Грција. Таму ми ги ставија во фреон, а потоа во алуминиумско ќесе. Патот не е долг, за 2-3 часа сме во Скопје и затоа не мора да стравуваме дека вакцината ќе загуби од својот квалитет. Во договор со лекарот, моите деца ги примаат вакцините во една од поликлиниките во Скопје, објаснува мојата соговорничка.

Децата во Македонија се бомбардирани со вакцини уште од моментот на своето раѓање, а ревакцинацијата продолжува до 14 години. Имунизацијата се врши за заштита од 11 болести. Машките деца до своето полнолетство имаат 18 боцкања, девочињата примаат дури 21 вакцина преку игла, а сите добиваат шест пати полио преку уста. Само до 18 месеци децата се боцкаат 13 пати

Таа открива дека цената на една петвалентна вакцина е околу 50 евра, а шествалентната ја купила за 60 евра. За вакцината против пневмококтни инфекции, која е задолжителна во европските земји, платила околу 50 евра. Оваа млада мајка вели дека и покрај високиот износ што го платила за вакцините, задоволна е што нејзините две деца примиле современи вакцини.

Во Министерството за здравство  потврдуваат дека знаат за оваа појава и предупредуваат на опасноста којашто доаѓа со нелегалното внесување на вакцините кои не се регистрирани во нашата земја.

Доктор Јованка Костовска, од Секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство, за БИРН вели дека оваа појава полека прераснува во нелегален бизнис. Костовска објаснува дека родителите нарачуваат вакцини по поединци кои ги купуваат во соседните земји, тие набавуваат за повеќе луѓе и со тоа заработуваат. Таа предупредува дека родителите со оваа постапка го изложуваат на голем ризик здравјето на своите деца.

jovanka kostovska
Купувањето вакцини во странство стана нелегален бизнис кој носи ризик за децата – Јованка Костовска | Фото: Менче Точи

– Луѓето не знаат како се чувани вакцините во аптека, можеби стојат во обични фрижидери, а што ако во некој момент снемало струја? Не е сигурен ниту транспортот, ако патроните во рачниот фрижидер се замрзнати, тогаш замрзнува и вакцината. Вакцините се чуваат на температура меѓу 2 и 8 степени, таа не смее да биде ниту повисока ниту пониска, бидејќи може да предизвика несакани реакции или да нема никаков ефект по примањето, како да е обична вода, објаснува Костовска за БИРН.

И професорката Александра Грозданова од Фармацевтскиот факултет предупредува дека ниските температури што мораат да бидат обезбедени при транспорт на одредени вакцини, можат да влијаат и врз нивната исправност кога родителите на своја рака ги купуваат вакцините.

– Ова може да резултира со намалување на ефикасноста на вакцината или на нејзината безбедност, вели Грозданова.

Во Министерството порачуваат дека е подобро родителите да причекаат да се увезат поливалентните вакцини бидејќи во тој случај државата ја презема одговорноста за сигурноста на вакцините. При нелегалното внесување,  одговорноста е на родителите и на лекарот кој ја дава вакцината.

Меѓу првите со вакцина за ХПВ, последни со поливалентните

Македонија е единствена земја во Европа која задолжителната имунизација не ја модернизирала со децении. Вакцините кои ги примале нашите мајки и баби сè уште ги примаат денешните млади генерации. Здравствените власти поливалентните вакцини ги најавуваат уште од 2010 година.

ministerstvo za zdrastvo
Македонија е единствена земја во Европа која задолжителната имунизација не ја модернизирала со децении. Во Министерството велат дека заради големата побарувачка за овој тип вакцини, тие во Македонија ќе стигнат најрано до март – април идната година | Фото: Менче Точи

Министерот за здравство Никола Тодоров пред извесно време најави дека годинава ќе бидат набавени овие вакцини и дека набрзо ќе биде распишан и тендер. Но, во Министерството велат дека заради големата побарувачка за овој тип вакцини, тие во Македонија ќе стигнат најрано до март – април идната година.

Оттаму, истовремено велат дека Владата мора да гарантира дека во наредните пет години ќе се обезбедуваат финансиски средства за овие вакцини.

Што се однесува пак до квалитетот на вакцините, во Министерството за здравство велат дека вакцините што се набавуваат се безбедни и квалитетни. Сепак, во последните неколку години на тендерите добиваат понудувачи кои нудат најниски цени. Тоа е така бидејќи стратегијата што уште на почетокот од своето доаѓање ја промовираше министерот за здравство Никола Тодоров е дека на тендерите пресудна ќе биде цената, а не квалитетот.

И додека за поливалентните вакцини се калкулира со година поради цената, Македонија беше меѓу првите земји во светот која  ги увезе во 2009 година вакцините против ХПВ вирусот и тоа за кратко време откако вакцините беа одобрени за употреба, по што веднаш кај нас станаа задолжителни.

Набргу се покажа дека имунизацијата со овие исклучително скапи вакцини,  наменети за девојчињата од 12 години, доживеа целосно фијаско. Опфатот на вакцинирање со оваа вакцина е нешто над 40 насто.

– Купувањето на вакцини во странство и не е толкав проблем. Поголем проблем е тоа што државата увезува нови, скапи вакцини кои се купуваат заради бизнис-интереси на одредени фармацевтски моќници со власта, како што е примерот со набавката на вакцините против ХПВ, вели млада мајка која купува вакцини за своите деца во странство.

Таа, како и некои од родителите кои исто така со вакцини се снабдуваат во странство, ни посочи дека вакцините против ХПВ чинат исто толку колку што би чинело комплетно да се модернизира имунизацијата во државата. Но, за здравствените власти ова прашање очигледно досега не беше на дневен ред.

Прочистените вакцини се за привилегираните

lili velickovska
Моето дете не доби шанса да се вакцинира со ацелуларна вакцина – Лили Величковска | Фото: НОВА

Единствено место во Македонија каде што се набавуваат поливалетни вакцини е Клиниката за детски болести. Таму еднаш годишно се набавуваат по 1.500 дози ацелуларни, прочистени вакцини наменети за предвреме родените бебиња или. пак, за деца кои имаат кревко здравје, а нив може да ги примат само 500 деца од државата (по три дози за едно дете). Но, овие вакцини ретко ги добиваат тие деца на кои навистина им се потребни.

Четиринаесетмесечната Ева е родена предвреме со само 1.700 грама, но и покрај тоа не добила шанса да прими вакцина која не предизвикува компликации.

Нејзината мајка Лили Величковска раскажува дека за тоа кому ќе се дадат овие вакцини треба да одлучи посебна лекарска комисија, која, за жал, практично не функционира. По пет-шест месеци чекање, повторно отишла кај лекарката за да ја замоли нејзината ќерка Ева да ја прими вакцината.

– Таа ми рече не и не, мене ќе ме избркаат од работа! Зошто да ја избркаат од работа, затоа што сакам да вакцинирам дете кое е родено во 31. недела со 1.700 грама, изјави револтирано Величковска.

По безуспешно тропање од врата на врата, откако категорично била одбиена од клиниката, Ева со задоцнување од една година ја примила обичната, целуларна ДТП-вакцина (дитепер), која предизвикува висока температура, вознемиреност, но и разни други компликации кои со себе носат голем ризик.

Величковска обвинува дека многу деца кои се предвреме родени или имаат здравствени проблеми немаат можност да ги примаат овие вакцини, бидејќи со помош на ургенции голем дел од нив им се даваат на здрави деца.

Во една пригода со една медицинска сестра од Детската клиника, кога ја прашав: „Добро за кого се наменети овие вакцини? –  таа револтирано ми одговори: „За деца на партиски моќници, политичари, бизнисмени, актери, на пејачи“ – изјави огорчено Величковска.

Неофицијално, од вработени на Клиниката кои сакаа да останат анонимни, дознаваме дека често доаѓаат луѓе на раководни функции, наводно со препораки од некои структури, ги заплашуваат медицинските сестри и лекарите дека се испратени од „горе“ и тие во страв им ставаат вакцини на нивните деца.

– Мене ме испрати висок функционер во едно  министерство за моето дете да прими ацелуларна вакцина. Веднаш ќе се јавам таму ако не му ја дадете вакцината на детето,  се заканувал  пред некој ден еден господин на медицинскиот персонал на Одделот за имунологија,  дознава БИРН од извори во болницата.

detska klinika
Единствено место во Македонија каде што се набавуваат поливалетни вакцини е Клиниката за детски болести | Фото: Менче Точи

Директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова, иако ни вети изјава, не ја коментираше ваквата состојба, но во една прилика, пред една година, таа призна дека има големи притисоци и ургенции за овие вакцини.

– Кога ќе почнат да притискаат, мене ми е дури и непријатно, знаејќи дека имаат предност деца кои поминале низ интензивна нега или имале некој проблем, се наоѓам во непријатна ситуација, изјави тогаш Софијанова.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека децата што примиле вакцини од странство се водат како вакцинирани, а податоците се внесуваат во картонот за да не се случи грешка повторно да бидат вакцинирани. Но, нагласуваат дека одговорноста во овие случаи е кај лекарот кој се согласил да го вакцинира детето.

Стравот го намалува опфатот на вакцинирањето

Борбата на родителите нивните деца да добијат т.н. „прочистени“ вакцини како и отпорот кон вакцинирањето, воопшто, се засилуваат пропорционално со кампањата против вакцинацијата која глобално ескалира. Случаи на смрт на доенчиња по вакцинирањето во Македонија официјално не се регистрирани.

Според официјални податоци добиени  од Министерството за здравство во Македонија не е регистриран  ниту еден смртен случај како резултат од примена вакцина. Минатата година имало регистрирано 40 несакани реакции, со висока температура, алергиска реакција на кожата, 2-3 случаи со конвулзии и грчеви

Сепак, Бранко Тркалески од прилепското село Заположани, сè уште се прашува од што почина неговото внуче, веднаш  по примената вакцина против БСЖ.  На новороденчето три дена по раѓањето медицинската сестра му ставила  вакцина во сон,  по што никогаш не се разбудило. Тркалески раскажува дека во добиениот обдукциски наод не пишува од што починал неговиот штотуку роден внук.

– Ние ги собравме сите податоци од матичниот гинеколог од каде што се гледа како се одвивала  бременоста и дека внук ми се роди здрав. Министерот Тодоров сè уште  не ми одговори од што почина моето внуче. Затоа решивме да покренеме судска постапка против болницата во Прилеп, изјави Тркалески.

Овој случај кај родителите отвори многу прашања и дилеми. Дали вакцините во државата се квалитетни и безбедни, предизвикуваат ли зачестени несакани ефекти и колку се запазува рокот на траење? Дали вакцините се избираат според квалитет или според цената?

Овој случај дополнително ја засили кампањата која  заговара антивакцинација. Главните аргументи против вакцинирањето се тврдењата дека тие предизвикувале разни оштетувања и болести кај децата поради нивниот состав во кој има жива, алуминиум и формалдехид.

На оваа кампања, која добива сè поголеми размери, се придружуваат сè повеќе родители, но има и лекари, фармацевти и хомеопати. Во Здружението на родители кои се против вакцинацијата велат дека надлежните ги  држат во тајност податоците од штетните ефекти од вакцините. Сепак, ниту еден претставник од ова Здружение со кој контактиравме не сакаше да излезе јавно со аргументирани податоци.

– Само една од мајките се бори со институциите, другите се плашат. Но, еве и таа не може да најде лекар кој ќе го изработи вештачењето за на суд , велат од Здружението.

Група родители годинава поднесоа претставка до Уставниот суд за да се укине задолжителната вакцинација. Родители од Здружението„Право на избор, слобода над сè“ од Државната и санитарна инспекција бараат да му наложи на Министерството за здравство да утврди унифицирана современа постапка, со која родителите детално ќе се информираат за позитивните и негативните ефекти од вакцините.

Од друга страна, пак, професорката Грозданова вели дека возраста на децата кога се примаат повеќето од вакцините, е периодот кога кај нив се забележуваат и првите состојби кои се асоцирани со аутизам.

– Ваквата т.н. коинциденција на здравствената состојба, кога заболувањето се јавува во одреден временски период по примање на вакцината, не значи дека вакцината е таа  што го предизвикала заболувањето, вели Грозданова.

Од Здружението на родители против вакцинацијата тврдат   дека имаат податок дека шест деца се заболени од дијабетес по примањето на МРП вакцина, а за шестмесечно бебе од Битола велат дека починало како резултат на дитепер вакцина

– Новите научни сознанија упатуваат на постоење на одредени генетски фактори кои се асоцираат со аутизмот. Пред само неколку недели во еминентното научното списание „Вакцини“ (Vaccines, од 9. 5. 2014 год) беа објавени резултатите од обемна мултицентрична клиничка студија, во која беа опфатени над еден милион деца, која без сомнение потврди дека не постои поврзаност помеѓу вакцините и аутизмот. И други состојби и заболувања, како дијабетесот и одредени невролошки заболувања се асоцираат со примањето на вакцини, но не постојат научни студии кои тоа можат да го потврдат, изјави Грозданова.

Официјалните податоците од Институтот говорат дека опфатот на вакцинацијата против  мали сипаници, рубеола и заушки (МРП) на ниво на држава е релативно висок и изнесува 96,1 %.  Меѓутоа, веќе се забележува намалување во Скопје, каде што опфатени се  94,6 %, Тетово 94,1 % и Крушево во со 93,4 % од децата. Ревакцинацијата со вакцината против МРП на ниво на држава е 94,2 %, а најмал одѕив има во Гостивар со 85,2 %.

Со ДТП-вакцинација (против дифтерија, тетанус и голема кашлица)опфатот на ниво на држава  е 98,2 %, но со секоја наредна ревакцинација има забележително намалување. Во таа смисла драстични примери се Штип, со опфат од 77,6 % во трета и Гостивар со 83,3 % во четврта ревакцинација.

За оние родители кои нема да ги вакцинираат своите деца, законот предвидува глоба од 300 до 650 евра, но ако родителите се јават на постапка на порамнување, казната се намалува за половина од овој износ.

Преземено од Призма

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Има некој врски во јавни набавки, да собереме некој денар за мито во следниот тендер да има спецификација "вакцината да е скапа и да не предизвикува аутизам"? Можда ликовите што кенкаат против најефтини вакцини ќе бидат раат тогаш.
А пак ќе е истата вакцина. Само ќе биде 80% поскапа...

Бирократија.

Да де, јасно си е тоа. Само да им пишува на овие што свесно ризикуваат сите да испоумреме од морбили или некоја друга болест што требало да е изумрена во 1733 година.
Тешко тоа да го објасниш. Бирократија.

Присутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3042

И кикиритка може да те убие, ако си алергичен на неа. Не труби, несакан ефект има се околу тебе.

Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk