Ок, за ублажување симптом на настинка што пиеш најчесто? Зборуваш за несакани ефекти на вакцините, а најчестите ствари што се пијат за најосновните работи можат да те убијат.
Настинки?
- често земање помали количини витамин Ц, бафериран (Sodium ascorbate), можеби и грејпсид екстракт.
- големи количини чај од свеж ѓумбир, со мед и лимун, а богами и рум.
- ако е маф работата, греана домашна сливовача (лично моја) со мезе од туршија (ферментирана само со вода и сол) и толчен лук, и некоја солена печеница или пршута (солено, за да ме тера да пијам повеќе од претходноспомнатиот чај).

Еве, тргнувам од себе: Моите деца ги јадат истите манџи и истите ужинки и јогуртчиња како и останатите деца во градинка и во школо. Дали може да им приуштам подобра исхрана? Можам.
Ете, сум се согласил за најефтиниот добавувач нахрана на тендерот за храна и ужинки.
Зошто мислиш дека ако вакцините се НАЈЕФТИНИ дека се НАЈНЕКВАЛИТЕТНИ? Зошто пробуваш да ја поставиш аналогијата дека квалтиет=цена. Поготово кога се работи за така големи работи како тендери од државни размери? Производната цена на вакцините не значи дека соодветствува со понудената на тендер. Може да е најскапа производсвена цена, али да отишле со најмала маргина на протфит и да испаднале најефтини на тендерот, додека некоја „ефтиноќа“ од фирма се полакомила и дала повисоки цени и изгубила.
Има други критериуми за одредување на квалитетот на вакцините - не нивната тендерска цена.
Релативизираш. И очигледен си во тоа.

Добро, разбирам дека не сакаш да ги двоиш децата во градинка и во училиште.
Но и за дома купуваш од најевтината храна?
Навистина ќе се обидеш да ме убедиш дека најевтиното месо е „квалитетно“? Дека најевтиниот
хемија-во-шише сок е подобар од домашно свежо цеден сок/смути од овошје и зеленчук? Евтин џанк-фуд со транс-масти и куп рафиниран шеќер, е подобар од објективно поскапата но неспоредливо поздрава whole food исхрана?
Иди бегај бе Симо, евтино и квалитетно не иде заедно - барем не во фармација.
Тераш некој инает, бараш да ловиш вештерки, а се што се бара е поголем квалитет нашите пари кои ги даваме во здравството. Се разбира, и свесност за несакните последици е потребна во комбинација со сето ова. Не како изговор за апстиненција, туку како врвна причина за поголем квалитет. На вакцините.