Господ ако не ти дае век, не клетки, ако сака и вода од марс нека ти донесат ќе скинеш конци. Сеа ќе почнете да ме убедувате дека господ не е тој што дава век туку докторот ама немојте оти не сте имале потреба од посериозна медицина за да видите кои се таленти одлучуваат за вашиот живот.
Одам периодов по аптеки, купувам бебешки работи затоа што не ни знаев што се ми треба пред да добијам дете, и ги анализирам луѓево, сите се болни! Излегувам надвор гледам болни ликови, карикатури, еден на човек не личи (и јас сум меѓу нив). Се некои дебели, не сразмерни, згрбавени, замислени одлетани со умот и заклучив дека ние сме болна нација. Денес имавме смртен случај, сестра на баба ми 65год, вчера почина пријател на 56год бивши тркач сега сопственик на бутик, баба на жена ми некна ја удри у ск е оставена на милост и немилост, повеќе на немилост и уште многумина што ги знам се болни. Сум бил скоро секаде по европа, во норвешка баби 80год џогираат на минус 15, у шведска деца на голем одмор у школски двор на -20. Германија глеам пензионери здрави уживаат во животот и шетаат, во шведска у јонкопинг (околу 100000народ) шетам и да скратам пат од еден до друг трговски минам низ болнички двор, штама, нема никој, 2-3 коли, и ретко да помине човек. Кај нас тргни ред не може да се дочека по болниците.
Мој заклучок е дека некој не труе, тука цел балкан, секако и не квалитетниот живот си го носи своето, ама има и некој друг фактор освен немаштијата што народов е како на секира заранет, нервозен, замислен, агресивен, со притисок, шеќер, астма, неплоден итн итн