Може да излезе, а може и не. Оди на матичниот доктор, кажи му дека имаш проблеми, какви што имаш, и дека на обична рентген дијагностика не се покажале никакви промени (фала богу, не ти е скршен пршлен, или не ти е намален меѓупршлениот простор - толку од стандарден РТГ)

И побарај да ти даде упат дали за CТ или MRI, он си знае поарно. Ако се сомнева на дискус хернија, може да ти направи и неворолошки тестови (тест на рефлекси, силина на мускули и сл), како прв чекор во дијагностика на дискус хернија, мада веројатно одма ќе ти пише некој упут за CT или MRI (еден од проблемите на нашето здравство, затоа гужви по мри и цт, зошто матичниот си пише без да направи првична дијагноза, је*ига, за тие пари толку). Немој да мислиш дека магнетна резонанца е подобра од компјутерска томографија, па да бараш стриктно МРИ. И едната и другата метода може да покажат дискус хернија доколку има, или да елиминираат доколку нема.