Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1978869 пати)

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
@AUDI  Ме изнасмеа со лозјето. Оди некое вино/ракија неколку дози па ќе си ултра позитивен ако ти е до тоа :D
Инаку среќа што си негативен (покрај здравствено се разбира), ќе завршеше во домашен притвор. А со 3 тона грозје ќе почастеше некој сколовранец

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22377
Работев 4 и пол години во Џонсон Мети. На секои две години одевме на систематски преглед а секоја година одевме на тестирање за алергенска осетливост на платина. На почетокот прегледите се вршеле во Систина но потоа се префрлиле во Медицина на Трудот во Чаир. Причината била дека наплатиле убава сума на пари за непотребни снимања и испитувања на еден од менаџерите. Менаџерите имаја подетален, а со тоа и поскап, систематски преглед. Наводно на една од снимките му откриле „нешто“ и човекот го викнаја и беспотребно го исплашија и измалтретираја со тестирања и снимања. На крајот испаднало дека не е ништо ама тие морале демек да проверат и нормално и наплатат. После ова Џонсон Мети повеќе со нив немаше никаква соработка.

Систина не можат (не смеат) да конкурираат на тендер за систематски преглед од проста причина што не можат да дадат завршно мислење од лекар-специјалист по медицина на трудот (што е законска обврска) од причина што немаат таков, односно немаа барем до пред една година.

Чаир, Промедика, Санте Плус, од друга страна ...имаат. 

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20397
Џабе ти со сите вакцини. Пак ум не доаѓа.

Не знам како уште не научи, навреди нема да те направат ни паметен, ни да си во право. :)

Од кога вистината ти е навреда? Нити те навредив нити излажав. Само факти утврдуваме. Поздрав.

top si kis4e

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Работев 4 и пол години во Џонсон Мети. На секои две години одевме на систематски преглед а секоја година одевме на тестирање за алергенска осетливост на платина. На почетокот прегледите се вршеле во Систина но потоа се префрлиле во Медицина на Трудот во Чаир. Причината била дека наплатиле убава сума на пари за непотребни снимања и испитувања на еден од менаџерите. Менаџерите имаја подетален, а со тоа и поскап, систематски преглед. Наводно на една од снимките му откриле „нешто“ и човекот го викнаја и беспотребно го исплашија и измалтретираја со тестирања и снимања. На крајот испаднало дека не е ништо ама тие морале демек да проверат и нормално и наплатат. После ова Џонсон Мети повеќе со нив немаше никаква соработка.
tanka e granicata od pretpazlivost i paranoja. :D

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Посебна приказна се породувањата по приватните клиники. Кога ќе почине родилка во било која државна клиника на сите медиуми се разгласува и темата се врти со денови. А ако тоа се случи на некоја приватна клиника никој нема јајца ни да објави. А да не зборуваме за родилки со проблематична бременост кои одбиваат да ги породат туку ги препраќаат во државна или ГАК иако дотогаш уредно им ја воделе бременоста.
Sistina беше затворена едно време...

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2322
@AUDI  Ме изнасмеа со лозјето. Оди некое вино/ракија неколку дози па ќе си ултра позитивен ако ти е до тоа :D
Инаку среќа што си негативен (покрај здравствено се разбира), ќе завршеше во домашен притвор. А со 3 тона грозје ќе почастеше некој сколовранец

Право да ти кажам очекував да сум позитивен затоа и не сакав да го чекам резулатот.Важно ми беше да ја завршам работата која ме чекаше денес па после тоа и добро ќе ми дојдеше две недели легачење,од четвртокот минатата недела па до денес низ рацете ми поминаа преку 14,5 тона грозје.
А ќе беше трагикомедично да испаднев позитивен,матичната да ми речеше изолирај се и не излегувај од дома,ќе и речев еве да го дотоварам и си одам дома да се изолирам  :-X
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Утрово стигнав до модуларната каде што се зема брис за ковид тест,се двоумев дали да се тестирам или не,но си реков што биде нека биде.Ми зедоа брис и се поздравив.Ми рече нели го чекаш резултатот,ми велам какво чекање одам на лозјето имам над 3тона грозје спремно за изнесување и товарање.Ме погледна со тупа фаца,како на лозјето ќе одиш ми вика.Па така убаво му викам ќе одам,а резултатот ме прашува на матичната ќе и го пратам,на кој сакаш прати го ми реков и заминав.Кај 10:30 добив повик од матичниот лекар со информација дека сум негативен.Изненаден сум малку.Очекував позитивен.
абе не се заебавај, така мој колега 30 минс бутираше. Додуша тој дрва цепеше, ама слично е.

Отсутен stavrov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 519

Sent from my SM-N975F using Tapatalk

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5514
Посебна приказна се породувањата по приватните клиники. Кога ќе почине родилка во било која државна клиника на сите медиуми се разгласува и темата се врти со денови. А ако тоа се случи на некоја приватна клиника никој нема јајца ни да објави. А да не зборуваме за родилки со проблематична бременост кои одбиваат да ги породат туку ги препраќаат во државна или ГАК иако дотогаш уредно им ја воделе бременоста.
Ne mi zbori i toj pat go odev sega... 115 bona dadeni. Odnos na personal sredno zalosen. Vo otpusno pismo pisano sve tip top kako da e. Na bebceto dadeno hipoalergeno mleko radi koe stagniravme so rast i nikoj ne dade pricina zasto toa mu e dadeno. I kapak na se, soprugata pobarala kafe malce da se osvezi, i na tie 115bona da mi kazat da odam vo bife da go platam.... Stanuva zbor za remedika. Za zal site privatnive se samo stancanje para. Ima isklucoci na privatni specijalisti koi sami rabotat i za koi mozam da recam alal parite sto sum gi dal.

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Работев 4 и пол години во Џонсон Мети. На секои две години одевме на систематски преглед а секоја година одевме на тестирање за алергенска осетливост на платина. На почетокот прегледите се вршеле во Систина но потоа се префрлиле во Медицина на Трудот во Чаир. Причината била дека наплатиле убава сума на пари за непотребни снимања и испитувања на еден од менаџерите. Менаџерите имаја подетален, а со тоа и поскап, систематски преглед. Наводно на една од снимките му откриле „нешто“ и човекот го викнаја и беспотребно го исплашија и измалтретираја со тестирања и снимања. На крајот испаднало дека не е ништо ама тие морале демек да проверат и нормално и наплатат. После ова Џонсон Мети повеќе со нив немаше никаква соработка.

Систина не можат (не смеат) да конкурираат на тендер за систематски преглед од проста причина што не можат да дадат завршно мислење од лекар-специјалист по медицина на трудот (што е законска обврска) од причина што немаат таков, односно немаа барем до пред една година.

Чаир, Промедика, Санте Плус, од друга страна ...имаат. 

Џонсон Мети ја откачија Систина пред 8 години најмалку.

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Од приватните специјалисти можам да ги препорачам Орто Плус. Дечките се навистина коректни. Прв пат бев кај нив кога имав проблем со коленото. Дебилот од 8ми септември далечински ми го прегледа коленото, не ме ни допре, и дијагностицираше гонартроза. Инаку оваа болест се појавува кај лица постари од 60 години. На оваа дијагноза се чудеше матичната и затоа отидов во Орто плус. Докторот се скина од смеење и ја праша една баба, што чекаше за преглед, дали ја носи рентгентската снимка за да ми покаже како изгледа гонартроза. Испадна дека ми се ослабени лигаментите како резултат на стара повреда. Човекот ми препорача да направам магнетна резонанца за да се види точно степенот на оштетувањето ама за жал никако да најдам време за да појдам.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22377
Права во цивилизирани држави.. нешто.. а... у.

https://lokalno.mk/ustavniot-sud-ja-suspendirashe-odlukata-za-zadolzhitelna-vaktsinatsija-vo-slovenija/

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1838
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Клабери, последнава недела дена имам голема болка во десната половина на тилот која ми се пренесува преку трапезиусите се до дланката и малиот прст. Не е константна, но како бранови на струја и топлина.

Додека вежбам во теретана, немам потешкотии, а болката скоро и исчезнува на крајот од денот после жежок туш. Следното утро приказната се повторува.

Не сум баш сигурен кај кого да го адресирам проблемот, дали масажа, киропрактика или можеби ортопед. Некој совет или насока или претходно искуство?

Имаше во темава број од Тоше во Трнодол. Дечкото си ја знае работата, јас би пробал кај него.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1838
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Јас осетив подобрување уште од кај Давор, на вратот осетив големо олеснување, исто и на грбот. По киропрактиката бев лабав, чувство како да си пијан.
Кога би ги споредил двајцата, Давор беше брутален, на моменти не се поднесуваше болката од стискање.
Тоше имаше сосема друг принцип на работа, порелаксирана масажа и се фокусираше баш на точките каде осеќав болка, во мојот случај од десна страна грбот кај плешката па до врат, бидејќи се тоа ми е камен направено. Исто осеќав болка кога стискаше, ама ја ублажуваше со масажа.
Има разлика и подобрување во секој случај, главата можам сега да ја вртам до крај на десно што претходно неможев. Глава не ме заболела деновиве, што претходно како што кажав на секој втор-трет ден обавезно ме фаќала.
Генерално, си сака вежбање т.е вежби за разгибавање и истегнување кои почнувам да ги применувам во секојдневието.

@зоки-златен Како што читам, скоро истите маки и болки сме ги имале. Сосема идентично не можам да ја свртам до крај на десно, така да дефинитивно ќе му се обратам на Тоше.

Фала ти и тебе @nikola_bb . Ќе пишам што сум направил.