Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1982737 пати)

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4111
...

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Присутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22378
 Добро утро.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Сега вакци Наци бригадата ќе нападне :D

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Сакаш у кино без имунитет, не може! Ќе си набилдаш имунитет (прележи, вакцинирај се, како ти е год ќејф), па ќе идеш во кино. Во спротивно, домче ќе си бркаш попкорн..

Се спомнуваат кино, концерти, настани... Значи логиката е „невакцинираните не се безбедни за присуство на групни настани“. Но нели е логично дека понатаму ќе следи забрана и за влез во било кои јавни простории од затворен тип каде престојуваат и присуствуваат повеќе луѓе? Наведената неебезбедност е иста во сите ситуации каде се прави концентрација од луѓе на затворен простор.

Затоа лоша аналогија се работите како кино, пошто кино е луксуз а не потреба. Но што ако се уведе забрана за влез во продавница (без сертификат за вакцина)? Ќе се забрани пристап до храна?
Пошта? Канцеларии на мобилни/интернет/итн провајдери? Продавници за техника? Итн, итн.

Што ако се забрани влез во... Забни ординации? Болници?

Кој ќе поднесе одговорност за последиците од ваква важна одлука?
Врз основа на што ќе ја донесе таа одлука? И каде ќе застанеме во одредувањето што е небезбедно/безбедно? По кои критериуми? Според присуството на антитела од конкретниов вирус? Која е науката која тврди дека мора да имаш присуство на антитела за да докажеш постоење на имунитет за вирусот?

Ова се работи кои многу се манипулираат.


И само да разграничиме, јас лично сум вакциниран.
Но загрижен сум за личните права и слободи, кои во последно време не само што се почитуваат туку сѐ повеќе отворено се газат.




Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
https://off.net.mk/video/razno/beskrajna-vakcina
Тоа е тоа кога ќе се кажуваат бесмислици за 100% заштита, па очекувањата се високи.
Тоа не е постигнато ниту со грипот, но никогаш не ни биле високи очекувањата, ниту е водена бескомпромисна кампања за потоа да се постави прашањето.

За грипот па никогаш не е дигната толкава паника ниту за време прогласени епидемии со слични исходи на полнење инфективни одделенија, да не кажам дека преку половина си го прележувале во домашни услови.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
За ниедна болест не е крената толкава паника. Секој втор умира од инфаркт, други гадни болести колку да сакаш, ама сега ковид е популарно, па ај само за него ќе се збори. Забранет влез за невакцинирани. Гето, не е проблем, ќе помине и ова за година две, ама наци идеата што преовладува тука ќе остане.
Ај сега нека забранат дизел коли, пушење цигари, јадење мрсно :) Таман може и други болести ќе искорениме.

А во врска со видеото - прво беше не носете маски, па носете, па неносете,носете ... после беше 100% штити вакцината, па ај не 100 93%, па мора две дози, две дози и готово бог си, сега ај трета ако не, после ќе биде сојот од свирипичино, па ај четврта доза. Да се живи и здрави фајзер и банкиве, се наполнија со пари. Кога се е конфузно и имаш вакци Наци бригада што те силува, отпорот кон вакцини е уште поголем.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Грипот е уште полоша аналогија.

Грипот не е ни сличен на сарс-ков-2, по ниедна основа:
- никогаш ниеден грип не „полнел инфективни одделенија“ ни блиску како сарс-ков-2, вклучително и варијантите на птичји и свински грипови
- никогаш ниеден грип немал ваква инциденција на смртни случаи и толку болни со тешка клиничка слика
- самиот вирус на грип се менува (мутира) многу побрзо од било кој коронавирус, коронавирусите имаат заштитна обвивка која гриповите ја немаат, и која ги штити од такви брзи промени/мутации
- имунитетот на коронавируси е многу подолг од имунитетот на грип


Баби и жаби, и штетни споредби.
Сарс-ков-2 е опасен вирус, тоа не е спорно. Спорно е справувањето со него, и уште повеќе тоа што некој сака да го искористи за спроведување на интереси и за матни работи.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Се што е боен отров е опасно, така и вирусов што дошол од лиљак. Бетмен :D

А аналогијата од Микиус е не дали е сличен или не грипот и ковидот, туку дека за никоја болест не се крева паника иако секоја болест сама по себе е опасна и ризична, ама сега ова е модерно и сите се експерти и имунолози.

А би додал дека превенција како најбитна работа случајно или намерно се заборава. На почеток на јули имаше по 4 случаи претежно во Тетово. Наместо тогаш да забранат свадби и глупости овие се решија на швицарците да им го истераат ќејфот за после другите да се силовани со куќен притвор.


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Ај сега нека забранат дизел коли, пушење цигари, јадење мрсно :) Таман може и други болести ќе искорениме.

Тоа е тој секс во мозок. Цело лето, значи зборувам за пред пожариве, повремено навечер смрди корне на чадови на горени пластики - се гледа и по мерењата на https://mojvozduh.eu/web/#draw?station=Karpos&pollutant=AQI&country=mk&language=mk
Се гледа дека Карпош и Ѓорче навечер често мерењата на ппм идат над 30 и на 50, и никој ништо не се замара дури ни во предизборна година - и тоа еден месец пред избори.

Што во зима кога истото загадување рипа пута 10, пута 20, пута 30?

На големо се загадува, а ваму се прават паметни за постари возила и за воведување такси и даноци - наместо на технички преглед да се мери и да се постапува индивидуално за секое возило, без разлика колку е старо и на што гориво работи. На крај идиотите што палат пластика пак загадуваат повеќе од милион ТАМ-чиња.

Проблемот е што истите мајмуни ја водат целата држава, и одлучуваат и за здравството и за вакцините.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Воздухот не е интересен сега. Само зимно време е на агенда. Сега само за корона е дозволено да се збори, за друго ништо зошто единица ќе добиеш и неколку неоправдани :) Тогаш има и магла и смог и се, па истите имунолози тогаш ќе кажуваат па Скопје секогаш имало магла котлина било, па чадот не бил од вчера и такви приказни :) Кога ќе сме декември, врати се во темава на денешен датум и ќе видиш дека сум гледал во иднина.

Карпош неколку денови по ред од сабајле има чад и корне на пластики што да ти кажам, ама среќа маска имаме, држиме дистанца па нема да умреме од корона туку само од рак, пу пу скраја да е.




Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Хаха се е можно :) Треба нова акција, кој не сака да се вакцинира вака земање тест. Одма 99% ќе сме вакцинирани :D

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Цицки.
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Ма ајде, наместо да даваат субвенции за хибриди и електрични возила (кои можат да си ги дозволат само богаташи и не влијаат на загадувањето) ете нека даваат ваучери за сите што ќе се вакцинираат, 500 или 1000 денари стриктно за домашни производи... Веројатно некои и по повеќе пати ќе пробаат да се вакцинираат. ;)