Ова е наменето за сите луѓе, особено за тие против вакцинација:
Вие сте одлучиле да живеете во општествена организација која ви дава права, но ви задава и обврски. Да ви дадам пример:
- Правото кое го добивате од општествената организација е слободно да се движите, да имате блиски интеракции со други припадници на истата организација, да се групирате, и други слични активности за кои општествената организација ви овозможила услови, како на вас, така и на сите останати припадници на организацијата.
- Обврските кои морате да ги исполните, бидејќи сите ги имаме истите права, се да бидете целосно здрави, да не бидете закана за здравјето на оние со намален имунитет или со хронични здравствени проблеми, зошто вие не сте повредни и побитни од тие луѓе чија генетика не е толку силна како вашата. Колективното здравје, особено од вакви ретардирани болести, најчесто се прави со креирање на имунитет на стадо преку имунизација од истите тие болести.
Дали имунизацијата е вакцина, дали е апче, дали е изолација од 150 дена, тоа е небитно. Доколку вие сакате да продолжите да ги користите сите бенефити кои општеството ви ги овозможило, должни сте да гледате подалеку од својот нос и да размислите дека некој друг, или пак нечиј родител, нечие дете, нечиј близок не може да ја преброди болеста на лесен начин како што можете вие.
Ако не сакате да подлегнете на колективната имунизација и да се грижите за останатите припадници на општествената организација, вие не треба да живеете во општествена организација.
Поедноставно не знам како да ви го насликам ова.
Мене сликава што ја наслика сомнително многу ми личи на фашизам.

Искрено јас сум растргнат помеѓу потребата да работите побрзо да се завршат, и желбата да ја искоментирам ваквото зголемена јавна подршка на се повеќе присутното кршење на основни човекови права (не е само ова, но да не навлегувам сега во офтопик).
Значи без да навлегувам во анализа на ситуацијава, коментирам чисто од аспект на човекови права.
Практично излегува дека со твојов став, треба да се поништи правото на слободен избор - што е гарантирано човеково право.
Понатаму, ти зборуваш генерално а ова овде и сега е специфичен случај.
За безбедноста: Една ситуација е кога би се поминале сите безбедносни протоколи, а друга работа е кога нешто се брза (без да навлегуваме во итноста и реалните потреби за брзање) и не се докажани сите нуспојави па реално и не може да се процени дали во овој случај зборуваме за добар компримис (вакцините секогаш се компромис, но идејата е да се добар - компромис).
Државите ги тераат работите како што ги тераат, затоа што императивот на државите е економијата, не здравјето на поединците... Додека промовираш таква државно-исплатлива агенда, размисли што ако некој твој близок (скраја да е) бидне статистичка ставка во пресметките за исплатливост. Дали тогаш равенката ќе биде добра, а работите „едноставни“?
На крај, зборуваме чисто теоретски. Зоки и компанија веќе не „спасија“ од дилемата.

Додека да дојдеме на ред за вакцини, тие ќе бидат поиспитани од било која друга вакцина.