По милионити пат, проблемот не е самата смртност на вирусот, иако игра голема улога.
Проблемот е оптовареноста на здравствениот систем и не можноста да се добие услуга за други здравствени проблеми кои сите вие кои можеби ги немате не сакате да прифатите. Истото важи и за останатите.
Ама здравјето се менува преку ноќ. Јас мислев дека сум здрав се додека еден ден во август не се разбудив со дупла нога и 95% тромбоза на 4 места. Сега сум автоматски ризичен случај.
Знаејќи го нашиот менталитет ретко кој од луѓето, барем со тие со кои јас комуницирам, прават редовни лекарски прегледи.